Ако си од Скопје... Хотел Белви, Ривер Гарден Сарај или Кучково Има со летниковец и за дечиња игралиште. Кога бараш ресторан ако имаш доста дечиња барај да бидат со љуљашки, клацкалки, лизгалки иначе дете да седи амо на маса во ресторан, а да нема кај да трчка нема смисла.
Може прашањево не е за тука али не знаев каде да го поставам, предлог за кетеринг за крштевка за во Скопје
Немој белви, местото е ок, ние правевме у јуни крштевка таму, пекол беше, персоналот крш, договор беше скарата да е централно стаена, келнерката почна цели тањири со месишта по човек да дава…… башка цените им се покачени, макијато 100 ден, нес 150 мислам ало! Ужас!!!
Ние па на свадба бевме и супер пројдовме најверојатно како им е кејф. Реално сегде се покачени цените во Сарај ресторанот 900 денари мени искрено кој има пари нека дава. Али ако имате двор направете прослава во двор со пластични чаши и тањири шведска маса ниту да миеш ниту ништо ем поефтино. За мене не вреди да се даваат толку пари во ресторан пред се нема се да се изеде, а за пиење дополнително си плаќаш испод 15 000 не те крпат. А луѓе како луѓе пак ќе зборат и нешто ќе им фали.
Катастрофа е бре. Не дај боже онака да отидеш да поседиш а уште по не дај боже гладен да си. Гладен и ќе си седиш и ќе си отидеш . Голема 0 за прослави таму
Девојки предлог страна за да порачам нешто од типот : Добредојдовте на мојата крштевка и сл. Вие имавте ли нешто украсено или не ? Ако да некоја идеја да ми нафрлите ?
Кај нас вака беше, само локација утната… Белви…. И торта имавме среќна крштевка Ања, колачиве беа у тањирот пред гостинот
Кај нас се дава бонбонера после крштевањето. Обично свекрвата ( а и не мора она) ги послужува сите гости и тоа што ќе остане го остава кај поповите.
Само овие ги знам.. https://www.facebook.com/vkusnokreativnozabavno/ Имаш опција и од "било каде" што знаеш дека служи вкусна храна да си порачаш. Јас од ресторан за свадби си порачав (го затворија), со нивно сервирање, сервиси, прибори и келнер. Бомбоњера е момент као да почастиш за крштевањето. Може и бомбончиња, кај на топлово чоколадни Јас имав кенди маса, балони, аранжмани по маса, картички во тањир.. Се со ред испочитував Што ти е мерак и колку мислиш тоа, страна не знам, сама спремав.
Ние сега за роденден и крштевка имавме земено кетеринг од Ренде (малце е смешно името) во Карпош 4 се наоѓаат... Храната беше врв до сега еден од најдобрите кетеринзи што сум ги пробала.
Да потврдам за Белви ужас храна и услуга. Неизметено, маси неизбришани, чаршафите со денови на масите неистресени, ова за надвор зборам. Не сум била на прослава ама бевме пред 2 години со друштво на ручек, келнер не можеш да најдеш. Плус тоа изметот од животните не се чисти, па на топлото имаше смрдеа невидена. А местото е убаво и има потенцијал, штета.