Не сум дома, а во тел. немам слики, ова само најдов што сум ставила во темава.. На среде имаше аранжмани во бели шишиња полни со плави топчиња, горе бело свежо цвеќе, деко со мечето и балонче со хелиум, околу и некоја свеќа имаше.
Како се организирате за крштевка? Во однос на времето, кога црква кога ручек во ресторан? Мене малава рано ми станува. И сега сакаме да правиме крштевка, би сакала наутро да закажеме во црква, околу 8/9. Многу е рано тогаш за ручек. Да си одат сите дома па вечерта да се собереме пак? Стварно незнам како да направиме. А на жешково не ми се малтретира дете покасно, пример до 12 да сме завршени. Мислевме од септември натака, ама страв ни е со ситуацијава па да направиме сега додека може.
Ние за 2 недели имаме закажано, 10 и пол крштевка, 12 ручек. Барем 1ч е крштевката. И од 9 да почните, секако жешкото ќе фати. Од понеделник до сабота можеби можеш да ја закажиш порано, накај 9-9 и пол, во недела пред 10-10 и пол тешка работа, заради Литургијата в црква што трае подолго. Сепак, прашајте си.
Не е климатизирано во црквата? Глупо ми е тоа идете, па враќајте се. Клима имаше во нашата црква, топ беше внатре, во 11ч, ручекот од кај 13ч мислам беше. Искрено жешко и не баш видовме, сесијата ни беше од 8ч, до 9ч завршивме, па го успав бебе и таман го разбудив за во црква, он фит и насмеан. Е сега сликарот ни беше на целодневна
Ние треба да правиме исто на 22 август иако на малата и е роденденот на 24 ти но 22 е недела. Сеуште немаме одбрано ни ресторан ни сликар декорација ништо .. ептен забегуваат со цениве... а за временски па како што тоа ич па не знам како да биде. Топло ке е секако
А јас шо да кажам во 15:30 баш во пеколот. Али немаше ништо порано во таа црква што сакавме, овде луѓе неможиме да најдиме ни сликари, а ни флизер за мене, е до толку е дојдена работата презафатени се сите буквално, едвај кафана најдовме
@IRBBB Мислам дека слично како вас ќе закажеме. Таман ми изгледа тоа време и за нас и за бебка. @emkaemka Вашево најмногу ми се допаѓа, најмалку малтретирање за бебе. Ама нема шанси да имаме сликар цел ден… @Bicka77 Така ќе направиме… Да помине првата дремка па после тоа ќе тераме церемонии. @kjofti4 Каде ова? Некаде во Скопје? Да не си правам џабе филмови, може и кај ние што сакаме да нема место. Сеуште ништо не сме биле да прашаме, важно си планираме ние самите со себе.
Околу топлото.. Ќерка ми ја крштеваа пред еден месец во Соборна.Одаите за крштевки доле се кочан ладни,дури радијаторите беа млаки,а надвор преку 30 степени. Иначе супер поминавме,од што е фан на вода неќеше да ја вади попот,па и му се смешкаше.Глас не пушти,и онака не е плачка но за ова ме изненади,дека разбира се,14 мес имаше тогаш. Убаво да си поминете вие кои ви претстојат крштевки. Мене ми беше сеедно некако,м.м е верник и настојуваше,но сега ми е ептен мило.Многу убава церемонија.
Мои блиски за брзо ќе прават крштевка и ќе одат семејството со кумата од сабајле во црква, па после во 18h ќе одиме сите во ресторан. Мене вака ми се свиѓа, кога би правела на вакви температури исто би го извела.
Зар на 14м исто ги ставаат во тоа кадата цели? Нели само главчето им го мијат малце со вода? Големки ми се тогаш за голи да бидат пред луѓе, зборам бидејќи јас би правела за мојот на година ипол скоро 2г.
Ние истото го направивме крштевката беше сабајле, а роденденот попладне од 18ч.беше среќа па и времето се погоди на 3 јули убаво не беше жешко многу, бебка одморена, супер беше релаксирано... За син ми па крштевка во 10:30 и од таму во 12 во ресторан, за мене океј ама за дете малтретирање големо беше се утепа од плачење цел роденден.