види, се е до нас возрасните. Веројатно од таму потекнува и твоето гледиште. Како што мене не ми е вкусно голи деца на плажа, тебе исто ти се чини за црква. Битно е вам да ви е погодено во целата церемонија
@Milkiway на 14 мес секако ги бањаат голи.Е сега,во нашиов случај бевме само ние домашните и кумовите.Родителите седеа оддалечени 15тина метри,а беба ја соблеков јас и кумата,ни фотограф нит па кумот се доближи.Дур ја бањаа секако ја сликнаа,но не знам што се гледа,и не сметам дека е страшно. Сум против голотија,јас ни новороденче не би давала да се бања пред публика ко шо е пракса кај нас,но сега не осетив таков “загрозувачки” момент. За мене крштевката е интимен чин,и без пандемија не би сакала гужви во црква. @fana свеќи бели за крштрвање+сума одредена за кумови од самата црква. Се друго е ствар на договор и измислено од народот.Имам еднаш пишано на темава,многу ми е безвеза тоа наметнување на “Мора”,па бовчи па тракатанци,па ова она..Договори се со мајката,честа е во чинот,останатото треба да е од второстепено значење.
Дечки вие што крштевавте дете, го носевте после бебушот на прва причест? И дали вие мајки постевте пред причест?
Детенцето можеш слободно да го причестиш после крштевката. Секоја недела има литургија. Ако сакаш и ти да се причестиш тогаш мораш да постиш. Децата до 7 годишна возраст не треба да постат. Можат слободно да се причестуваат без пост.
Јас го причестив и тоа во сред пандемија лани али ептен гужва имаше внатре и се дава лажиче вино за причест. И прво децата се причестуваат.
Кажете ми од каде купувате облека за крштевка за бебето? Машко бебенце 40 дена, да биде нешто бело по можност. За девојчиња да не можеш да се одлучиш, за машко скоро и да нема.
Ја знам по правило на 40 дена крштевки се прават на 1г за на еден трошок со роденден крштеваат. А тоа вие што го крштевате на 6м, кога ќе полни на зима 1г може ќе букне пандемијава па одлучуваат порано ...
Не знам, јас уште се мислам дали да одам. Ептен ми се блиски ама многу луѓе се поканети. Такви се, си ги почитуваат сите адети и седење дома до 40дена, молитви, идење на три места на гости на 40дена... До сушење алишта внатре, во темница не смее искачање итн. За мене незамисливо ама ете, различни луѓе сме. Фала ти за препораката.
Да. Пример има и такви будалаштини. На 21 ден да се крсти детето и гес ват мајката треба дома да седи јер нечиста е Таткото со свекрвата ќе го крстеле