Гарант во библијата пишува крштевање на 21 ден Јован кога ги крстел на Јордан се бебиња биле. На кој му текнуваат вакви работи
хаххаха блиска роднина прави крштевка на бебето ( 4-5 месеци имаше) и нели свекрвица све зна, и вика ти дома седи имаш добиено( она си остана дома мн нормално). Идат во црква , завршува крштевањето и попот вика каде е мајката, и свекрвица горделиво и гласно како и секогаш: Епа она е дома нечиста е. Попот кога и се пушти, какви се тие работи, јас сега детето треба на мајка да го предадам, каде ви текнуваат вакви работи. Во црква молк, свекрвица ќути, а и маж и фала богу од што не се замара за ништо освен за себе и он си ќути, мајкава седи дома... И за моето крштевање и рекле исто на мајка ми дека требало да седи дома, и мајка ми им рекла дали сте нормални, јас детево го чекав со години и на крштевка да неможам да отидам. И отишла а бабе си седела дома.
Предлог поклон за кум…околу 50 години е ама никако поклон да смислиме…за свадбата не смисливме и му дадовме пари…сега ај рековме да видиме нешто да му купуме
Ние на старите му купивме ваучер од нептун па што сака нека си земат, а на младите пари најлесно ми беше
Зависи од буџет и човекот каков е дали носи златни нараквици, ланче, саат да бидат со посвета. Ако сакате поефтино нешто кошула(летна) ако е отмен тип, ако е спортски разгледај низ спортските продавници некој комплет.
новчаник каиш кошула некоја чанта за негова возраст ,спортско ако носи бањарка може и чевли нешто што би му прилегало ,брат ми за кум доби новчаник и комплет спортска облека јас крштевав дете
Дојде ред и јас да чкртнам на темава. Ќе правиме крштевка 8ми август, нешто пред да не фати есенскиов бран, благо речено да си поменеме на редот. Отприлика се ми е смислено во главава како сакам да биде,нема да ангажирам ни цвеќара за балоните ни кетеринг за дома,се сама ќе си направам. Ова за дома да не ве чуди, кај нас после крштевка кумот доаѓа дома со фамилијата и си поседува, кафенце, торта, ќе касне нешто и така Старо кумство ни е нас, наши сме што се вика, и нема потреба од китење и пуфки продавање. За во кафана каде што ќе има повеќе луѓе ќе има се од јадење,прво салати со ракија кој сака, па поховано, ручек на порција за секој, така решив бидејќи сакам сите да бидат почестени и убаво најадени, даваат пари луѓето за поклони, дарување барем најадени и задоволни да си заминат. За дарување на младите кумови ќе им дадеме пари а на старите убава постелнина со сатен е. На 2те нивни дечиња по еден ваучер од 1500 од просветно дело,мислам таман е. Торта порачав таа што ќе ја земеме јас и сопругот ќе биде со слончиња. Мајка ми ме праша со која тема и и кажав па и таа слична порача,на свекрва ми ќе и кажам со која тема ќе е ама без обврска дали таква или по нејзина желба,каква сака нека донесе.Јатрва ми сака да донесе од оние како лижалчиња превртени наопаку и внатре чоколадни.Баш убаво ќе стојат на масата. Ќе одиме 1 ден претходно во кафаната и сами ќе си наредиме балони и украсиИмам и испечатено пред секој од гостите како за добредојде по едно ливче на дебела хартија на кое пишува добредојдовте на мојата крштевка, и сликче од малотоЕптен сакав такво нешто да има.Ќе сликам ќе пуштам овде слика отпосле церемонија.
За Скопје, од кое место може да се нарачаат пораки за добредојде на мојата крштевка да стои пред секој гостин? @firequeenn ќе те тагнам тебе баш имаш пишано .
@CareTee сама ќе си ги правам во word. Eве идеја за тие што сами ќе си правите. На пинтерест апликацијата е најлесно. Има опција да пишеш на пр.invitation card (*animals, baloons) - blanc и излегуваат различни дизајни, внатре би вметнале наш текст кој сакаме да стои во пораката. Ја симнуваш сликата од пинтерест и ја вметнуваш во ворд документ, заедно со сликче од малото и си пишуваш текст на неа.
Кажете ми, по дифолт кумата ќе ги испере алиштата за беба или треба да и напоменам? Ептен ми е глупаво да и речам, не сакам да ја навредам, ама од друга страна не сакам бебето да носи неисперени алишта или да се брише од неисперена крпа што има тон прашина.
Мора крштевањето да биде на 40 дена? Мали уште не е ни роден, ама веќе му скроија капата дека на 40 дена требало да се крсти. Ми спомнаа нешто како демек воедно се правело молитва на 40 дена, ама ич не сум запознаена со тие адети. Мене искрено не ми се ризикува со оглед на ситуацијата со короната, би сакала да почекам додека не се среди. А, и кај нас не се прави крштевање и крштевка на ист датум. Крштевањето во црква е прво, тогаш само кумовите иделе на мала прослава, а после кога сакаш си правиш крштевка со гости. Скроз ми е незамисливо и нелогично. Друго, со што се даруваат кумовите? Пак споредбава, за во црква само сапунче и крпа, а после на големата прослава се дарувале со дарови (какви)? Другите гости се даруваат ли?
На 40 дена се прави голема молитва и тоа е уствари молитва за мајката, а не за бебето. Бебето може да се крсти кога сакаш и пред 40 дена и на 40 дена и покасно кога сакаш. Делот околу крштевање и крштевка не го разбирам. Демек, в црква може да се крсти да речеме на 40 дена, а прослава за тоа да правиш на пример на роденденот? За во црква сапунче и крпа се носи за свештеникот, да се измие и избриши раце пред да го земи бебето, тоа нема врска со кумот. Кумот се дарува со тоа што сакаш/можеш. Другите гости кај нас не се даруваат, ама во некои градови има таков обичај (не знам во кои, низ форумов имам сретнато).
Ако мислиш дека кумата може да направи пропуст кажи и дека ти е алергично на прашоци и дај и од твојот да испере со таков затоа што е за сензитивна кожа. Крштевка се прави на 3 недели, по некое правило ама не знам да објаснам зошто. На 40 дена се носи бебе на молитва ако сакаш. Ама можеш било кога да го крстиш, на 3 5 20 месеци. Крштевка ние правевме со родителите кум и старосват.
Не знам. Искрено очекував дека ќе се консултира со мене околу целото спремање, во најмала рака да ме праша за величина за алишта, со оглед на тоа дека сме блиски и често се слушаме/гледаме, ама не. Фала ти за идејата, веројатно така и ќе направам.
Мене кумата сама ме праша дали да ги испере алиштата и што величина носи малиот, така да моја препорака е да и спомнеш.
И ја ништо не разбирам. Мене ми рекоа и за попот и за кумот дека се давало. И на мајката не ѝ било дозволено да иде во црква. Изгледа секаде има различни обичаи.