Кој ти рече така? Ај најдобро да си прашате во црквата кај што сакате да го крстите и не слушајте баби одоколу. Таму најдобро ќе ви кажат
Јас и напомнав дека само Нила ечен прашак за бебе користам до сега и дека не сакам да менуваме баш на денот на крштевката да е со друг да не има реакција, па рече ок и купи и таа сакаше да ги испери алиштата и крпата иако јас и понудив да ги средам сама и да и ги вратам, не рече тоа е моја обврска. Ме викна заедно да избереме фустанче и големина. Ако ви се ближи датата за крштевка сама побарај ја и зборни си за алиштата величина и перење, јас така си направив па ок испадна не се навреди.
Еве ја ситуацијата со мојава роднина , пишав еднаш. Свекрва и и рекла дека не смее да иде о црква, и кога попот прашал каде е мајката она изрипала епа дома, несмее она. Попот кога и се пуштил, како тоа несмее од каде ви се тие глупости.Јас сега треба на мајката д го предадам бебето а мајката дома седи ради тие ваши замисли и адети. Така што да си идеш на крштевка на сопствено дете, ти си мајка, твое дете еднаш крштеваш и никој да не слушаш.
Јас понудив да и ги пратам алиштата ако сака таа да ги испере или да ми каже што користи за јас да исперам. Се договоривме јас да ја завршам таа работа. Купив тоа што користат они, исправ се освен патичињата и после све испеглав ем ради стерилизација ем нели да не биде гужвано. Постапив баш онака како што би сакала со мене да постапат. Ако се сомневаш, не си сигурна речи и, еј абе ја цело време заборавам да ти дадам од прашокот што го користам за малиов...
Внука ми е крстена пред 40 дена затоа што кумот не живее во Мк па мораше да се убрза.Сестра ми си беше на крштевка дури и ја држеше малата на бањање дека на попот му беше страв.
Јаоо дојди да се гушнеме Скроз иста мака. Кажавме датум се слушнавме и за 2 дена ми пишува дека биле спремни Ни број, ни што ни како. Перењето е тоа стварно незнам како да се изведе а да не е навредливо Кога дојдоа да ја видат 2 мес беше малата и ми вика: Аа супер точно ќе и е се сигурно што сме купиле. Мојата тогаш шо се вика 3 кг немаше. Отварам подароците од 09-12 Шок Збори ми сега како да не се секирам околу броевите
Не знам од кој крај си али за во Скопје искрено јас правев на 40дена крштевка и голема молитва тогаш правев. Бевме само јас мм и кумот(кума немаме). Ради олемата молитва мајката не треба да се врати дома се оди во 1 или 3 куќи (на гости). А тоа дека мајката не смее да оди врска нема можат другите да не одат, а ти да одиш нашто личи крштевање без мајката, кумот да не го родил детето? Во црква ти треба облека, сапун, бањарка и бела крпа.И пари нормално.Ситуацијава господ знае кога ќе стивне ако сакаш носи го сега дури е топло крсти го и готово. На кумовите ако џнаеш што носат купи им ако не пари дај им и готово. Колку имаш толку ќе дадеш сигурно нема кредит да земаш за да им купиш нешто. Гости не е даруваат можеш само благо да дадеш.
Jas go nosev, kratevkata bese u sreda a bebe go odnesov na pricest vo nedela, i dadoa vince dali lizna ili ne od toa pojma neam tatko i ja drzese a nafora i dadov jas doma edna troska, toa bese na 3m
Во ред, фала ти. Слично е и кај нас изгледа, само кумата/кумот ги купува работите за бебето (облеката и бањарката). А може и да е под договор, со нашите кумови така правиме со децении. Чудно ми е ова за гостите, двапати бев на крштевка во последните 5 години, и тоа со повеќе гости, мајката сите ги даруваше.
Кога им кажавме беа превозбудени. Очекував (како што јас би правела кога би била кума) да ме праша за сѐ. Недела дена пред крштевката ме праша дали може од кај нејзини блиски да порача торта и да не е иста на вкус како мојата. Не ми смета вкусот, ама би ми значело да е слично декорирана, ради тематиката, сакам убаво да ми е скоцкано. Баш сношти се видовме на кратко, ми побара пелена за да не купува цело паковање, ми кажа дека се спремни и толку. Баш во 2 дена ко шо викаш. А многу ме чуди, најмногу бидејќи сме блиски, ново кумство, плус пред пола година тие правеа крштевка за нивното детенце. Се сеќавам тогаш со кумата беше излезена за таа да си одбери алишта за бебе. Ќе видам за 3 дена што ќе испадни од сето ова.
Тоа ти е само трошок, ако е така само кумот во црква, а после тоа на гости нека дојдат. И тука исто кумот ги купува работите. Мене ми ги даде кумот и јас си ги исправ и испеглав работите за бебуш. И јас си го облакав во црква, попот на мене ми го даде.
Што се срамиш ако сте блиски. Ќе си прашаш, а и резева спреми си. Бебе секогаш може да ја исфлека ако не те бендисува. Јас би спомнала од околу ако ми е незгодно - дечки да не земате прашак кога сте дома да ви донесам. И ајт чао.
Nema sto da se sramis duso, jas sama si gi pobarav alistata da si gi isperam, i i kazav koga ke odi da kupuva da mi slika od butik pa da si izberam jas, mi slikase nekolku kompleti i si odbrav…. Inaku da napomenam ne sme bliski
Фала ви женски, веќе разговарав. Исперени ѝ биле со детергент за бебиња, се понуди да ги испери уште еднаш со мојот. Дури и малку мене незгодно ми падна.
Хаха и ние слична мака имаме, крштевка ке правиме на 7 август наредна недела,на кумата и реков дека на малата и одговараат точно броеви како што се waikiki и zara и дека за другите не знам. Ми пиша на вибер нареден ден дека купила се и дека фали само нешто како џемперче и тоа 6-9 медеци, а нс крштевката ке има 3 Ако и се големи алиштата, ке ја оставам да се излигави или поврати и ке си ја преслечам, ако немс друго со финта
Топло ќе биде де, во кола ќе врие ќе се испотат Јас како кума и реков на мајката да одиме да си купи, да одбере,да испере се ама она така малку ме откачи сама да си купувала сакала. Ако реков нема проблем како сакаш така. После едно време па криво ми падна јас дека се со мерак да и удостојам па си реков може требаше јас како мојата кума да направам. Ни така ни така не не бива, се нешто ќе фали
Е како сама? Сама и ке плака или ке треба ти да и дадеш пари за се што ке купи? Ај бог да чува, не се салам луѓево
Е така ќе си купела а јас пари ќе сум и дала. Да не спомнам дека за буџет не ме ни праша, ваљда нема да претера