Оф мори мајко, си имала работа со луди луѓе. Јас не би дозволила да сум на твое место. Речи и подобро дека сжразмисли и сакаш со кеф да купиш за кумашинчето бар да бидеш таму кога ке купува. Ваљда ке ја фати страм и нема да те одбие
Ааа малку ми е мене. Од кејфови за свадба се да и е на место од боја до се сега да погодам за крштевка малку ми е вака што ми прави. За памет ми е. Шо купи купи, што не сама ќе докупам и готово. Неможам глава да ме боли Инаку торта носи кумата ? Ако да холема некоја или онака симболично ?
Кај нас во бт носи, не е главна торта, ама носи убава, декорирана. Кај блиски од ск во скоро бевме на крштевка, единствена торта им беше од кумата. Прашај си за секој случај. @Peperutka-bt сваќе тоа е, не знам шо да речам и дали вреди нешто да се вели. На крај краева ко шо рече, ќе го преслечам и чао пријатно.
Ја не бев во можност да понудам заедно да одиме па и реков, сакаш одбери ти па ќе ти дадам пари, сакаш ќе одберам јас. Ми рече ич не се замарај, одбери што сакаш, секако знам дека нема како кловн да биде облечен. И за бројка секако се консултирав. На крај испадна тоа што она го купила за до црква и јас за в црква исти, различна боја само, се пресмејавме.
Ива може да ми кажеш дали мора неделата после крштевка или може било која недела? И дали знаете во недела кое време е литургија? Или во секоја црква е различно? Фала
Nas ni kazaa odma na prvata liturgija posle krstevkata da ja odneseme, toa pocnuva od 8, no popot ni kaza dojdete vo 9 za da ne cekate saat vreme posto peat popovite i ima mnogu narod
Луѓе колку ви бараат за сликање за крштевка? Само 1 сликар за 2 и пол саати ми рече 4000 ден, е сеганекој пакет имало ама многу ми изгледа некако...
Ние имавме еден сликар (Беко фотографи од Битола) 3000ден, сликите не се баш нешто, брзинско кај нас беше 11.30 неше црквата, 12.00 рестотан и се на трчање.
Нека си купи сама и нека си плати. И после зошто сум против да се биде кума на некој што не ми одговара или се прави којзнае што. Не знам што е тешко да одите заедно да изберете па тоа ќе го носи неколку часа и сама да избере кумата не е проблем.
7000 плативме. Фотосесија за бебе (30 минути, од кои 15 со плачки ), снимање и сликање во црква и експрес слики во ресторанот. Битола, концепт продакшн. Во пакетот имаме 50 слики ми се чини и бејби стори, некое глуповче. Инаку женски преубаво поминавме. Јас бев многу исплашена како ќе поминеме, бидејќи беше прежешко + бебе во скок + нема ни 3 месеци. Никогаш помирен не бил. Глас не пушти в црква, освен кога го облекуваше кумата, обавезно протестира кога го облекуваме. Во ресторанот речиси и да спиеше цело време (додуша бевме на отворено, без музики). Здравје, ако имаме и други дечиња, и нив ќе ги крштеваме малечки.
Нека ви е наздравје кршевката,и ние правевме крштенка на месец ипол во Јован Бигорско,пашата глас не пушти само малку додека го пресоблекуваше кумата закенка и толку.Баш како што пиша здравје ако имаме други бебенце исто така вака ќе му правам крштенка.Преубаво поминавме и ние
Zdravo na site, mozete li da mi preporacate Elitni restorani, vinarii, itn., Za krstevka za bebule vo okolinata na Skopje. Vi blagodaram mnogu!!
Носи. Јас утре сум кума. Ќе носам обична правоаголна торта на која само ќе пишува среќна крштевка ..... Нема декорации. Декорирана торта ќе си носи мајката. Тортата на кумата е башка. И да, пола торта (што ќе ја однесеш како кума) треба да ти ја вратат назад Битола.
Тортата од кумовите беше декорирана исто/слично на главната торта за крштевката на син ми. Исто бт. А за торта се враќа колку сакаш, можи пола, можи цела.