И јас мислам исто како тебе. Ама по дифолт, за многумина чим е ново е чисто. Јас на крајот од месецот треба да бидам кума и баш ова ми падна на памет, да ја прашам мајката дали да ги исперам алиштата. Јас на своево бебе не би му ставила ништо неперено, а за таму ќе ја испочитувам желбата на мајката.
Мене не ми е јасно, како секој може да појде мајката не. Е ако некој најмногу треба да присуствува на крштевањето тоа според мене е мајката. Така да ако е веќе некое црковно правило тоа мајката да не биди на крштевањето до 40 дена, тогаш јас не би го крштевала во тој период своето дете.
А после тие 40 дена ако е крштевката ( на 4-5 месеци на бебето) и мајката има добиено несмее да иде ? Ете може да и дојде порано , подоцна...
Јас како што знам, во врква жена со циклус не треба да влезе. Баш ме интересира некој со сигурност да ми каже како е. Јас знам дека е вака ама не можам да гарантирам.
И мене кога ќе кажат нешто вака или онака треба секогаш барам објаснување зашто МОРА нешто да биде така или онака. Баш пишав еднаш , кога свекрвица на роднива и рече седи дома не си чиста и во црква попот кога и спискал како тоа мајката да не е овде, незнам како си кажувате вие закони, јас дете на мајка треба да дадам не на баба. Сега попот во таа црква така кажал.
Јас имав и кога се венчавав и за крштевката на бебето. Никој не ме ни праша ни јас гледав потреба да ги прашувам. Ако знаеше свекрва ми ( многу е суеверна ) ќе ме вратеше. Не си клавајте такви мисли, убави моменти се тоа. Крштевка е нешто што се организира месеци унапред, неможиш да погодиш дали ќе ти дојди баш тогаш или не. Според мене мајката е најобавезна на крштевката на своето дете, само таа може да го смири и плус бебето е многу посигурно покрај мама. Јас не би се согласила да не присуствувам. Сепак прашајте свештено лице, ама сепак мислам дека овие мисли се повеќе од суеверни баби и свекрви, никој друг.
Смее да влезе, смее да целива икони, смее сѐ, освен да се причестува. Порано, кога немало хигиенски влошки/тампони и кога била голема веројатноста да истече дел од менструацијата во црквата, тогаш жените не смееле да влегуваат за да не ја осквернат црквата.
Уствари гледаш, се е од времето пред 60-70 години и порано ,донесени правила од луѓето што немале и незнаеле и закони и правила кои некои до ден ден чесно си ги почитуваат.
Па дааа. Адети кои немаат логика. Ама така требало. Мене и самата вера ми е со многу прашалници, зборам за длабоко чувство, а не пак адет некоја баба што некогаш го смислила.
А на пример ако кумот, кумата, свекрвата или некој друг што присуствува на крштевката имале секс претходниот ден? Тие се "почисти" од мајката која крвари затоа што родила дете?
Дали е во ред да си кума, родителите да те поканат по телефон со веќе закажан термин за крштевка за 12 дена од поканата, а при тоа знаат дека имаш бебе од месец дена и сопруг кој оди на терен и кој баш тие денови ќе биди отсутен? Си велам ако ништо друго требаше да прашаат дали ќе бидиме тука тој ден или барем порано да не известеа за датумот.
А за венчавката лани кога беше барем неколку пати прашав во колку треба да бидиме таму затоа што им беше закажана во 17.30 и одговорот беше во 17-17.10 бидете в црква. Прашував намерно за да знам како да ги организирам другите работи дента. И во 14 часот и нешто ѕвонат бидете во 16 кај нас дома. Искрено размислувам да им откажам или барем да побарам да го одложат датумот на крштевката.