Изгледа секаде е различно. Нас ништо не ни бараа во црквата освен крпа за раце и сапунче што носев за попот, а кумата носеше бањарка за бебето и облека, ама таа така си сакаше, можев и јас да го купам тоа. Свеќите ги купи кумата во црква. А како документ само извод од бебето ми бараа, ништо друго.
Моите родители не се венчани во црква. И не ми правеа никаков проблем кога се крштевав. Битно е кумот да е крстен.
Можи каснам ама еве ќе ти кажам. За кумот алка daniel cllain , за кумата персонализорано ланче со имиња на децата сребрено. За дечињата (две ) пар тренерчиња и постелнина зошто тука адет било нешто како за покривање или постелнина да се земе. Ме фати негде 5-6 000 се.
Женски здрави. Ми треба мислење/помош од вас. Летово сакаме да правиме крштевка за синко. Е сега думата ми се кумовите. Сопругот одлучи старите кумови да ги бара, и со нив освен за празници не се слушаме и тоа јас ако кренам телефон. Повозрасни се од нас имаат и ќерка, а и старата кума е жива. Нели треба да се даруваат кумовите па сега не знам за кого се треба да купувам. Ќерка им во меѓувреме се омажи и има детенце. Ќе ги каниме сите тоа неспорно ама со поклониве не знам дали треба за сите да купувам или само за кумот и кумата!? За свадбата на сите им купивме со тоа што ќерка им тогаш беше сама не беше мажена. И идеи дајте за поклони сакам со повреме да почнам со купување да не ми дојде наеднаш трошок голем.
Јас ќе си кажам за мене, безвезе ми беше само на младите кај нас тие крштеваат, дадов на сите. На кумот и кумата "главните поклони", на старите симболични, на детето играчка.
И јас така мислам ама јас имам 4 генерации бабата (старата кума од свекор и свеки) кумовите наши (маж и жена) и ќерката од кумовите што има бебе и сопруг хахаха. Е сега сопругот од ќерката на кумовите него не го ни познавам прв пат ќе го видам на крштевкава. Дали пример нив еден заеднички поклон би можело плус нешто за бебето. Стварно не знам...
Јас да сум на твое место би и купила симболичен подарок на бабата, убав поклон на кумовите и на бебето. За ќерка им и зетот мислам нема потреба оти она веќе си е посебно, само обврска ќе и дадеш и нејзе да и е срам утре да дојде со помал поклон. Убав гест ќе и направиш со поклонот за бебето. Е сега не знам како се даруваат, ако е на сред маса пред сите очекувај коментари од типот: еве ги прескокна нив
А кога уствари се дарува... кога се иде на ручек? Пример за кумовите баш подарок, а за останатите мајка татко золва.... симболично бањарка нешто такво?
Јас под ситница подразбирам баш ситница, ќе си кажам за мене, дадов пример марама на старата кума и шал на мажот, колку да не ги одминам(Дуки Дасо има ефтини ја и попуст начекав) На моите кога јас крштевав им дадоа мали крпи спакувани во кутија на секој посебно... Нешто во таа насока можеш и ти... Или пак дарувај ги само тие што крштеваат и за бебушот некоја играчка. Вториот пат кога крштевав на истото место ама веќе мажена бев ме даруваа само мене, мажот ми и детето, друг никој, моите беа и тогаш поканети. Поентата ми е како ти е ќеф и колку сте блиски така прави. @brm_brm во ресторанот е дарувањето, нас на почетокот не даруваа штом се сместивме, ова таму кај што крштевав...Мојот крај имаме процедура со погача, па штом заврши адетот мајката ги дарува сите присутни Инаку изворното дарување од кое потекнуваат овие "проблематики" е кога кумот и го предава крстеното дете на мајката
На ручек се даруваат мислам, кај нас во нашиот крај се даруваат сите мислам ама искрено не сум ни прашала оти само кумовите ќе ги дарувам. Непотребен трошок ми е да купувам подароци на сите оти браќа, сестри, родители со се деца многу народ сме
За дарувањето не знам точно како е адетот и редот, јас за свадбата поклоните им ги дадов кога заминуваа од свадбата, така и сега ќе направам кога ќе заврши ручекот кога ќе се попраќаме тогаш ќе им ги дадам. За поклоните и јас сум во дилема ама ваљда нешто покрупно за кумот и кумата, а за останатите по нешто ситно. Е баш убава идеа ти е бањарка или како што пишала @Jana87 крпа/пешкир.
Јас за свадбата така правев убав голем пешкир и еден мал плус пари убаво спакувано. Сите до ден денес си ги користат. Баш од битпазар тогаш пазарував. Сега незнам кај да гледам пешкири големи!? И ние кога бевме кумови така беше голем и мал пешкир и плус 100 или 150 евра имаше не ми текнува. А и на другите даваа кесенца ама претпоставувам само пешкири дека беа. Е сега имам дилема дали да ги поканам и старосватите и деверот шо ни беше?!
Поубаво е на почеток. Само што седнавме во ресторанот одма дојде кумашинката и ни даде подароци на сите.
Јас си направив сама покани со апликација на телефон. Мораше така, зашто не сум мк и кнап ми беше времето и никој не ми замери што ги поканив на вибер . Секако дека можев да пуштам некој да купи, да напише и да испрати , ама се одлучив за вака и не ме кошташе ништо. Можеби е почесно со вистинска покана, не со фиктивна ама ете, секој со замислата.
Јас мислам да ги поканиш. Јас ги повикав и моите кумови што ме крстиле и старосвати од почит, мислам и си живееме ама се израдуваа кога им кажав дека ги планирам и нив.
Планирам само моите,на мм, брат, сестра и кумови. А од друга страна пак и старосватите и деверот сакам да ги испочитувам. Некако крштевката ми има повеќе значење од роденденот. А баш обратно сите прават фешти за роденденот. Класичен ручек се дава или не? Јас некако имам замислено да има даски со ладно мезе и похованици и салати и плус скара.
Да, супер би било вака. Јас искрено сум била само на големи крштевки, така се погоди сите блиски да направат баш забава. Имаше слатка маса кај што се сликавме на почеток, на масите салати, даски и после ручек за секого порција. Баш како роденден/свадба во ресторан. И да ги поканиш и старосватовите и деверот тогаш, баш убаво штом сте блиски.
И ние сакавме даски, мезе ама ни се собраа околу 40 луѓе и од ресторантот ни предложија да биде на порции оти така испаѓа поефтино, плус најадени ќе бидат сите. Види како ти иде поефтино, така прај.