1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    2.179
    Стружанка или ситник имаш убави пешкири. Можеш да ги каниш и старосватите и деверот зошто да не ако ти е кејф и нив ќе им се направи кејф, а и чест ќе им направиш.

    Инаку исто планирам моите сестрами, чичко ми и вујкоми од мм неговите тетка му. Е сега јас би ги викнала чичко ми вујко ми пошто не знам дали ќе правиме роденден. Некако ми нема смисла толку голем роденден, а дете ништо не знае ниту ќе памти. Јас наместо роденден би одела негде на патување ние тројца сами. А дома баби дедовци тетки би ги почестила. Па заради тоа сега би направила поголема крштевка.

    За послужување исто, летно време плус обично рано е ручекот накај 12 часот па подобро мезе, даски похованици, салати и лесно месо.
     
    На tina2018, Ladybug98, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.104
    Допаѓања:
    44.761
    Пол:
    Женски
    За поголемата правевме помала крштевка со најблиските и кумот, а поголем роденден. За второво правевме поголема крштевка,а помал роденден. Така ни беа околностите. Ама за двете кога славевме во ресторан дававме порции.
    Имаше многу негодувања околу даските,коментари во смисла нема доволно за гостите, пошто некој зел 3 меса, некој не стигнал да земе, па оговарања......и тоа сум слушнала,затоа се одлучивме за порции,секој пред себе.

    Нашиот кум не е женет, па доаѓа со мајка му и само нив двајца си ги даруваме, двата пати пари им дадовме, не сме толку блиски па немав идеја за подарок.

    Золва ми па кај што е кума редовно добива подарок ваучер од Нептун. Еве може ќе ви се најде како идеја за подарок :D
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Мене отприлика ми се врти сума по 100 евра за кум или малку е
     
  4. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.104
    Допаѓања:
    44.761
    Пол:
    Женски
    Па зависно од џебот :D
    Ние одлучивме за 150 евра да им дадеме двата пати, многу или малку ич не знам.
    Еве пак ќе ја спомнам золва ми(изгледа многу ја сакам:P) нејзините ваучери беа од 200-250 евра. Затоа секој со можностите. Не е срамота ни помалку да се даде
     
    На nevermet18 и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  5. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    По човек 150 ка?
    А за децата мислам нешто гардероба.
     
  6. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.104
    Допаѓања:
    44.761
    Пол:
    Женски
    Да, по човек. Да рачунаш и кумот отприлика толку го фати. Тој сакаше да плати во црква, даде поклон облека и нешто златно,торта..... сакавме отприлика тука-така да е, да не се осети и тој многу потрошен.
    Е сега кажав, не сме ама воопшто блиски ние со кумот, затоа гледавме така, да сме 50:50. Ми беше неубо човек што , ај да не речам прв пат го гледам,туку ептен ретко, да ми плати се, да ме дарува а јас да си свиркам.

    За децата можеш некое парче облека да им земеш, по едно или по три, ако добро се сеќавам мене така ми кажаа,непарен број да се, појма немам колку е точно ова :D
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    8.781
    Пол:
    Женски
    Ние на денот на крштевката не им дадовме ништо. Кумот му е ептен другар на мм, како браќа се, и заедно растени. Не е старо кумство. Си купија стан со девојка му и сакавме да им земеме нешто за таму ама сами да си одберат. Они не си одбраа ништо пошо станот им беше во фаза на реновирање и ни кажаа ќе си одбереле покасно. Пари ми беше глупо да им давам, сакав нешто што ќе им остане да знаат дека е за крштевката. Блиски ни се и не се потресував толку. Инаку тие донесоа торта, свеќи, алишта за бебе за во црква и 100 евра мислам дека ни дадоа и роденден и крштевка во едно правевме. Крштевката ја плати свекор ми, тој така сакаше.
    Мајка му на кумот ја викнавме на крштевка зошто е сама жената, инаку не е кума. Ништо не ѝ земавме и сега после толку месеци ми е криво и мислам дека многу згрешивме…За свадбата ја имавме поканато и ја дарувавме и неа а за крштевкава ништо..заборавивме скроз(facepalm)
    После 3-4 месеци од крштевката си се вселија кумот и кумата во новиот стан, им земавме еден вреден украс (околу 5000 денари беше и сами си го одбраа и им кажавме дека тоа им е за крштевката) и плус им купивме за новиот стан убаво саксиско цвеќе и рачен блендер.
    Уште ме јаде совест што не ја дарувавме и мајка му.
     
    На nevermet18 и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Е да ти кажам ова со ќеркиве што утре не знаеш дали ќе го продолжст кумството или не ми е многу безвезе. Може таму каде што е мажена веќе се кумови па нема да го прифатат и вашето кумство во иднина.
    Јас имав ваков пример кај другарка но таа ќерката беше свршена и си ја даруваа нормално како да живее со мсјка и и татко и.
    Е сега јас имав кум и кума и нив ги дарував по 5 дарови. Бабата т.е. старата кума 3 дарови и децата по 3 дарови. За сите имав блузи, пешкири и пижами. За кумот и кумата додадов маица и кошула.

    Не е малку но сепак имај си и некој динар на страна.
    Сестра ми им купи облека на сите во вредност од 150 евра. Кум, кума и дете. Тие кога дојдоја му дадоја на бебето 100 евра, алишта по околу 100 евра, златна белезица,торта и толку. За во црква кај нас си плаќаме сами не го трошиме кумот.
    Во тој случај сестра ми кога виде дека луѓево се потрошија повеќе отколку нејзиниот дар им даде освен алиштата и пликови за сите уште по 50 евра кои ги имаше подготвено однапред.
    Поучена од нејзиниот пример и јас го имав ова во предвид.
     
    На mira.mira и tina2018 им се допаѓа ова.
  9. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    А инаку сега стрина ми кај што е кума да ви кажам:
    Дошле мајката и таткото од младоженецов со бомбоњера и и рекле на стрина ми дали ќе ни дадеш благослов за да си фатиме нов кум. Синот си има некој другар.... Стрина ми им рекла слободно од мене до сега убаво се почитувавме....и ја викаа на свадба како обична гостинка и така усно се договориле дека и дале поклон симболичен за последен пат на свадбата а таа пак пари во плик околу 2000 денари колку чест да се направи.
    И стрина ми ми вели јас од кога сум го крстила детето не сум го видела и мене вели ми олесна вака.
     
  10. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Да, мама ама пак, нема во момент да гледам шо ми дале па да додавам пари плус, шо знам
     
  11. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Не треба толку да му ја мислите од типот јас колку а они мене колку. Правевме крштевка пред 2,2.5 месеци. Се договоривме и тоа јас ја започнав темата сакате пари или нешто да ви купам? Кога ќе ги прашате ако они не ве прашале пред тоа ќе следи повратно прашање. Не е срамота не е греота така секој ќе си планира финансии и нема да добие дупли подарок. Среќа што се консултиравме иначе ќе имав сега 3 хранилки. Не е толку битна сумата што ќе ја потрошите/потрошат туку тоа што ќе се купи да се искористи,а не да се складира. Ние кај што сме кумови изразија желба злато за бебето па ја викнав мајката да си одбере.
     
    На nevermet18, cresa-jagoda, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    2.179
     
    На lilo и tina2018 им се допаѓа ова.
  13. Elena.

    Elena. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2022
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.148
    Пол:
    Женски
    Мајки хелп. Спремаме крштевка и се мислиме околу дарувањето. Кумот не е женет а има 2 сестри од кои едната е мажена и со дечиња. Ќе бидат поканети сите фамилијарно. Е сега зборот ми е ако ги дарувам и неговите родители и едната сестра, малку безвезе ми е другата да ја подминам, а неа со се сопруг и деца ќе треба да дарувам,и се мислам дали само од нив кумот да си го дарувам а другите не. И плус уште нешто старосватови се даруваат ли ?
     
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    8.781
    Пол:
    Женски
    Ние кај што бевме кумови (старо кумство) нѐ даруваа и мене и мм, и свекор ми и свекрва ми и девер ми и јатрва ми, значи сите :D Облека ни дадоа на сите а на мм плус рачен часовник. А јас и мм бевме кумови на крштевката, односно мм пошо тогаш не бевме во брак, јас бев само пратња :rofl: Можеш да им купиш некој апарат за дома, пример кафемат или некоја убава слика да не биде на секој посебно да даваш. Така направија девер ми и јатрва ми каде што се кумови (и они тогаш не беа во брак), исто старо кумство, наместо на сите да им дадат посебно, им купија мислам дека беше соковник.
     
    На tina2018 и Elena. им се допаѓа ова.
  15. Elena.

    Elena. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2022
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.148
    Пол:
    Женски
    Нашето е ново кумство, другар на маж ми. Сите ги дарував на венчавката сега некако ептен ми е безвезе, ама ај имам уште време ќе мислам :D
     
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Па можеш само на кумот часовник да му купиш на пример, а за другите нешто симболично. ( играчка за децата, парфем за жените). Или може нешто за дома што знаеш дека му е потребно.
     
    На Elena. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитивно ќе земам пешкир голем и мал за сите (баби, дедовци, браќа, сестри. А за кумовите плус пари, само се мислам да не се малку по 100 евра ?!:|
    А за децата може кебенца/постелнина и пешкирче, така некако.

    А за старосватите шо ни беа, за нив исто пешкири . Или пак нешто поголемо, а?
     
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Не се малку сто евра. Дури и сето ова како многу ми се чини, али ако си имаш поголем буџет зошто да не.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    2.179
    Сосема доволно е по 100 евра според мене. А за старосватите исто можеш пешкири не мора да ги делиш од останатите. Плус ќе избегнеш коментари дека некому повеќе си дала.
     
    На nevermet18 и brm_brm им се допаѓа ова.
  20. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Не бе мама. Немам идеја колку затоа прашувам.
    Ич не сум за расфрлање кога ги немам.
     
    На Kasiopaja221 и nevermet18 им се допаѓа ова.