Вака ќе ти кажам. Кога бев на крштевка кај на моите кумови детето, сите возрасни гости (само најблиските беа поканети) беа дарувани со крпа за раце, а децата добија пари, по 500 ден. Јас сега пак да крстам дете, на децата би им купила по еден пар пижами, за возрасните крпа, а за главните кумови зависи шо си сакаат. Само кум/а е или пар се? И на двајцата мислиш по 100е?
Маж и жена се. Не знам мама како и по колку. Дома ќе правиме есап, сакав ваши мислења. Ама благе везе немам како да правам. Инаку ќе сме ужи круг, мама/тато, браќа/сестри мои и на мм, кумови, старосвати и девер.
Ако се помлади можеш за жената пандора, за мажот часовник, или и за двајцата часовници. Или ваучер во некој салон за убавина за неа, а за него алатки некои (ако го интересираат такви работи), или па може и авионски карти за викенд некаде (по договор со нив). Едит: ако си блиска со мајка ти, свекрва ти, консултирај се и со нив, ќе ти кажат искуства.
И ние закажавме крштевка на 17.04. Кумот е другар на мм, ама неговиот син ( 30 год има син му) ќе го крсти нашето бебе. Врска немам што да им земам Пари ми е "безвеза" , а идеја никаква немам. Ај на момчето би можела да земам некој поарен часовник и парфем, ама на кумот и кумата абер си немам што. Нема да ги дарувам на самата прослава, туку планирам утредента да седниме пак на еден ручек и тогаш да се среди тоа дарување. Да не е глупо така? Не знам ќе имам ли време да дарувам на прославата? Ќе имаме гости од многу градови, дур ги пречекам сите, дур се оправам со музичарите, па треба да водам сметка кој на која маса ќе седне...уште дарувањето ќе ми фали тој ден. Туку кажете ми кој знае Колку време одприлика би траела дневна прослава по повод крштевка? Ние ги пазаривме Коки и тајфата ама ме прашуваат колку време сакам да ни свират. А јас поима немам колку да им кажам. 4 часа доволно е? 70 тина гости ќе имаме
За дарувањето конкретно јас знам дека тоа се прави уште во црква се даваат подароците, од кога ќе заврши церемонијата. И за музиката исто доволно е 4 часа, не е свадба за повеќе да трае, после стави уште плус саат додека станат сите, и тоа е тоа.
Пречекај си ги гостите, дарувај ги кумовите дај им значење на самата прослава и музиката може да почне Кумашините наши така имаа испланирано околу 3-4 саати ама се расположивме и останавме до 2 сабајле и младо и старо
Mozesh site da gi daruvas koga ke odite da gi kanite ili nema kak vas takov adet Primer nedela dena pred krstenkata kaj nas se odi da se pokani kumot i togas se daruva
Незнам за таков адет. Ама па ние често си се дружиме, така да мислам не е проблем ако ги дарувам ден пред или по самата крштевка. Ич не ми се прави тоа во ресторанот пред сите гости или па во црквата Уште едно прашање. За крштевка не треба старејко, т.е староават, нели?! Пошто ние немаме такво нешто. Само кум и кума имаме
Мајки како се кани за крштевка за во црква? Само кумот и родителите на бебето или гужва се прави со сите старосват баба дедо чичо стрина Или тие само за на ручек се викаат? Немам кој да прашам, мене кога ме крштевале бил татко ми и кумовите ама сега од ова се прави фешта па да знам како да правам
Кај нас само кумовите, бебуш и јас си бевме во црква, а и на други места што сум била во крштевка само родителите и кумот одеа во црква, другите гости право во ресторан.
Дарови еве јас давав во црква откако заврши крштевањето. За тоа што треба да се носи секаде е различно. Отидете да закажете кај планирате да крштевате од таму ќе ти дадат список што треба да се носи. Кај нас беше свеќа,масло,погача,крпа,сапунче и извод од детето
Ние дома дававме ручек, така што дома ги дарував. А за во црква ми побараа крпа и сапун за попот и извод од детето. Свеќите беа од кумата, исто и облеката и бањарката за во црква. Дома кога си дојдовме пред врата ми го подаде бебето и ѝ подадов сапунче и крпа и ја поливав со вода да си ги измие рацете, таков бил адетот кај нас.
Ние на поканата имавме напишано од колку час почнува крштевката в црква, од колку ручекот во ресторан. Кој кај сака да дојди. Речиси сите дојдоа и в црква.
Сакаме роденден и крштевка заедно, прославата би била од 18 часот, ваљда во 16 часот може да се крштева. За големото правевме посебно крштевка и прет пладне беше.
Моментално вечерните почнуваат околу 16-16:30ч. Можеби после Велигден како расте денот да почнуваат покасно, а и терминот се разликува од црква до црква. Затоа е најдобро да прашате таму каде што планирате.