Primer: Znam kaj edni lujge direktno od crkva site zaminaa vo restoran. Na masite stavija mesana skara, zeleni salati i sirenje i gomlezec., ruska salata. Posle za site po edna torta i super ispadna. A ako ne odete site vo isto vreme podobro e da ima i suvomesnato kako predjadenje za sekoho posebno.
Ние вака се договоривме Масите ќе ни бидат 6ки и 8ци На секоја маса ќе има Зелена мешана салата Посебно домати, краставици и сирење Таратор и шампињони на скара. Похована даска. Овал со месо ( некој ролати од свинско и пилешко, ражничи растурени, кубаски и едни како ќофтенца ( наместо плескавици). Фурнаринки. Валда доволно ќе е Ме замисли дали да кажам да уметнат и нешто сувомеснато
Најверојатно нема да имаме сувомеснато, така ме предомислува мм. Секако ќе има похованици. На почеток и јас мислев да има овали со скара, ама се попишманив сама.кој се срами да си земе, кој без осет па ќе земе од се колку за двајца И порција ќе биде.
Пижами, постелнини, бувчињата од Дормео со ќебе што се, тренарки дали Waikiki или Адидас што ти одговара ценовно, лего коцки, убави сликовници има просветно дело и литература ги има бајки од Македонија, куфери детски ако ти се троши повеќе, ранчиња исто има интересни во просветно и во офис плус, исто топлинки, саати, чадорчиња и слични тракатанци со цртаните ликови може да искомбинираш нешто. Исто имаш на Клементони некои сетови како научни од стилот diy експерименти, некои слични имаше гледав и во storybox.
За возрасните да, пари, ама за децата ќе им земам нешто, ќе се израдуваат. @Jana87 фала ти, ми даде убави идеи.
Јас пари дадов на сите и деца има пребирливи и родители исто така да според мене најубаво пари па што сакаат нека им купат родителите
Во постите кршетаваат, а не венчаваат, така ми рече попот. Во врска со храна рече пожелно е да биде посно. Инаку качено е да, ние и за првото дете и за венчавката си ја плативме цела сума. Сега ни е закажано во исти ден молитвата и крштевката.. 500 денари молитвата, 2500 таткото, 2000 кумот, 350 такса за црквата и свеќи големи од таму.. ако сме ги купеле од друго место пак ќе ни ги наплателе.
Така ми рече попот, ако сакате да си ги украсите дојдете купете ги и однесете ги за украсување.. оти и да ги купите од друго место овде пак ќе платите за нив..
Девојки, за скоро правиме Крштевка. Па ке интересира, како одат адетите, односно ме интересира повеќе идеа што да им се купи/дарува на кумовите?
Да, и ние бевме кумови пред 4 год. Купивме свеќи, ги украси ме, ама не ни ги прифатија па ги вративме, а од црквата си купивме други. Требало да се од црква купени.
А од кај ќе знаат они дали се купени од таму или не? Какви се тие такси? Кај нас право на попот му даваш 4 000 ден, па после раздужувајте се вие со кумот како си сакате.
Еве и ние на велико спремаме крштевка/роденден, на 13.05 закажавме (само јас правам петок 13ти ), иако на цуци и е роденден на 14.05 немаше место и ајде петокот. Заедно ќе правиме со венчавка во црква, после три ковид одложувања и тоа па кад је бал.... Локациски ќе ни биде во Дениција, ако некоја има некој совет за таму, слободно нека сподели Инаку и нарачав некој вид на слатка маса од bajka_cookies од Прилеп мислам се, ги најдов на инста па прилепчанки слободно и за ова кажувајте дали се добри Балони нарачав од чичко Али и се надевам ќе стигнат до тогаш а најдов и една на фб да ми ги надува и уште некоја декорација да ми доправи. Во однос на подароци им купив на сите часовник (кумови и старосвати), тоа си одбраа, тоа си добија. Бев во My:Time и завршив работа, одличен избор имаат. Малку ме фаќа нервоза, сакам се да ми биде покриено, поим немам во што да ја облечам а и кај нас каде има продавници со таков посвечен избор на фустанчиња, ја гледав Маја Кикириткова на инста и Dasha kids хелп и за ова
Не лути се, можеби грешам, ама мислам дека крштевки пред 40 дена најмногу се прават по наговарање на постарите. Јас сметам дека како мајка треба да бидам присутна на крштевката, и ако веќе е црковно правило мајката да не оди в црква дури крвари, не би го крстила во тој период бебето.
За ова еднаш пишав. Роднина кога правеа крштевка малото беше 5-6 месеци. Се погоди тогаш да има мајката добиено и свекрва и кажа да седиш дома. И кога завршил чинот во црква попот ја побарал мајката и свекрвица се истрчала да му каже дека она крвари бла бла правила и попот пред сите и се развилал кои ви се тие адети, јас треба сега детето на мајката да го предадам а не на бабата. Е сега секој поп и различно ќе каже. Јас ова како една ситуација ви го кажувам. Сепак секој си знае за себе и си одлучува како сака и милува.
Кај нас па попот му го дава детето на кумот и тој го носи до дома, дома го предава на мајката, каде што таа му дава сапунче, крпа и го полива со вода пред вратата. А дали ќе дојде мајката во црква или не, нејзино право
Затоа кажав секој поп различно кажува во сегашно време. Еве другарка од црква директ во ресторан. Малата заспала и во кола со неа до таму.