Еднаш еден поп на тв кажа дека крварење е природно, само да не се бацувале иконите. Луѓе чии кумови се во странство и се со определени слободни денови неможат и да темпираат датум мајката кога ќе нема добиено. Плус и ќе касни, ќе дојде порано. Па и за венчавка може ќе ми подрани или ќе ми касни па 5 до 12 нема да откажувам свадбата. Од адети и адети ехеее ќе збудали човек . Терај си како ти одговара и да не ти чуе за ништо и никој.
За крштевка на мое дете дедовци, баби, тетки, вујни, стрини да бидат в црква, а јас дома? Нема шанси.
Нема ништо за лутење,секој си одлучува и си прави според околностите. Кумовите ни се во странство и тој период одговараше да ја крстиме. Јас бев во дворот на црквата,пред врата и се гледав само што не бев внатре. Адетот кај нас е попот и го подава бебето на кумата а кумата на мајката и мајката ја дарува кумата со крпа и сето тоа го направивме таму,дома не ни бевме веднаш сите отидовме на ручек во ресторант и баш добро испадна супер си поминавме.
Трагично е што млада личност ми го кажа ова,и се зачуди како не сум знаела точно и јас многу што знам во разни бои си ги облекувале после тоа
Обично секогаш се најдува некој што ќе напни дека некој обичај треба да се направи, а кога ќе прашаш зошто треба така не знае да објасни кое е значењето на обичајот.
Мајки ај еден совет Имаме роденден на 15ти јуни ама дека среда и сакавме да правиме крштевка на 11ти ама задушница Го прашавме попот, рече може ама мајка ми ме предомислува нешто, вели поарно покасно или порано од тоа
Јас не би правела крштевка на Задушница искрено, додека вие во црква правите крштевка луѓе ќе влегуваат и излегуваат во црквата постојано затоа што таков е денот, не можеш да им забраниш, никаква приватност нема да имате само вие да бидете во црква.. А и лично мене тој ден ми е некако тмурен, секој оди по гробишта, не би сакала некој да оди на гробишта па да ми дојде на крштевка, или да дојде ама да се брза затоа што после тоа ќе оди на гробишта, или пак да не оди на гробишта поради мене.. Совет од мене, најди некој убав датум, датум за паметење, ете саботата после роденденот или неделата, да не биде Задушница ден..
Кога нешто ќе ви кажат старите, логиката барајте ја самите. Самата религија си е создадена од човекот за да си објасни некои нешта што не може да си ги објасни. Затоа се менуваат и адетите така како што светот се менува. Во помалите средини уште останале адетите и едино вие ако сакате може да ги почитувате, за се друго барајте логика... Знаеме сите за постпородилна депресија е нашите баби не чуле за таков поим. Па жени порано се самоубивале, исчезнувале итн... затоа луѓето почнале да смислуваат мајката 40 дена да не излегува, бабата да го бања детето, да не ја види ноќта, да не оди поред вода млекото ќе и го снемало демек... уствари да не се удави. Тоа со крштевање после 40дена беше поврзано со некој поклон што Исус го добил на 40тиот ден од кога е роден Зборот ми е да не ве убедуваат во нешто дека е така. Прајте вас како ви одговара. Бебе од 40 дена само да оставам без мајка во црква да плаче е греота стварно. Така им праеле нив свекрвите и сега они пошто си испуштиле за своите деца нашиве џокер им доаѓаат. После каење е џабе... и крштевајте ако сакате ВИЕ.
Крштевката како Света тајна нели секогаш е на страна, во црквата ама во посебни простории, Вие нема да видите луѓе, ако е тоа проблемот. Ние сме венчани на Задушница па што...се е до Вашата желба.
Здраво мајки ќе правиме крштевка на девојчето па сакам да прашам од каде може да ср купат ствари за декорација
Карши женски пазар во продавничката што има цвеќе надвор. Внатре е царство за тракаташки, и цените се поевтини од сегде.
Каде точно е ова, и јас викендoв сакам да купувам тракатанции? @Lea.Messi Правете неделата на 12ти, јас така планирам. Прво мислев и јас саботата, ама некој ми спомна недела демек подобро за крштевки, и затоа. Башка празников што викаш, и јас не би правела П.С предлог за децата од кумовите што да земам, 8 и 12 год се машки?