Ако одиш од кај полицијата му доаѓа позади Атлантик, ако одиш од кај Зегин, тргнуваш по онаа уличката што е после Зегин, стално што е гунгула и пред сам крај од лево ти доаѓа продавничкава, цвеќе има надвор, вештачко. Во тој цел дел има такви продавнички.
Споменар, топла препорака. Трудничка, крштевка здравје и за роденден ми се договорени. Презадоволна сум од пристапот, сликите па и со цената сосема коректни се.
Ние правевме крштевка минатата сабота. Во неделата го однесовме бебето на причест после неделната литургија и тогаш ги запаливме свеќите да догорат.
Јас кога бев кума пред 3 год ни дадоа убави саати мене и на дечко ми тогаш, а на децата негови бањарки големи.
На кумот му дадовме пари, на кумата и купив свиленки кратки пижами, долен веш и парфем и на малата нешто облека.
Јас сакам да им купам, не знам пари колку е доволно, вие што сте добиле споделете искуство ако сакате не памтам ич за првото дете што им дадов, само ја памтам облеката на синко што му ја дадоа, а мислам пари или нешто златно не му дадоа
Како им се цените ако може да споделиш? Ме интересира и за трудничката фотосесија, ако не ти е проблем да пишеш
Ќе правиме венчавка и крштевка со 70-тина гости. Ми треба идеја колкава да биде и како да изгледа тортата/тортите.