Во недела? Ако е во недела или на празник пожелно е. Веројатно ќе има и литургија и причест за бебето.
Може ли да споделите како ги организирате крштевките? Од гости од декорации, сликање, снимате ли? Правите ли плус фото сесија со бебето....
Ние следната сабота ќе правиме крштевка и роденден Како би било подобро, да ги дарувам само кумовите или и старосватовите? И дали тоа да го направам во црквата или кога ќе отидеме после тоа во кафана, со тоа што крштевката е во 2 а роденденот во 5,значи со пауза
Само кумовите. Старосватовите освен за венчавка, понатака немаат обврска за чинот крштевка. Е сега ако ти имаш мерак да даруваш , тоа е твој избор. Можеш во црква, можеш во ресторан. Во двата случаеви кумовите се со вас.
Дајте предлог ресторан за крштевка 20 лица. Гледав Форца, Бис и некој ново отворен Пинк. Сакаме попладе кон 5 затоа ниту еден ресторан за свадба за жал не ни одговара. Ореов Лад е зафатен.
Pomagajte Od kade da najdam sise za rakija koe vnatre na drvce ke pisuva srekjno krstevsnje….. zelba na kumot e