Женски јас до сега не сум одела на прослава за крштевка. Нареден месец сме поканети во кафана на прв роденден и крштевка истовремено. На мм другар, не сме многу блиски. Што да купам за бебето?
Zdravo sakam da prasam dali so soprugot treba da bideme vencani vo crkva za da mozeme da go krstime deteto. Znaci detoto sakame da go krstime sega no seuste ne sme vencani nie bidejki planirame svadba narednata godina i sakame togas da se vencame. Fala vi odnapred
Дали кумовите ви покажуваат што купија на детето што ќе го крстат ? пример да прашат дали ќе е таман согласно возраста ??
Моите не, иако сме преблиски другари. Ама сепак преубаво беше, погодено и модел и бројка. Јас би прашала, дури и би оставила мајката да си одбере ако има желба.
Не. Ниту мене ме прашаа и ми покажаа моите кумови, ниту јас кога крштевав. Прашав само за бројче за едно од кумашинците дека се двоумев што број. Некако читајќи по темава ептен се замараат со ситници мајките, ај и да не ти се свиѓа купеното ќе го носи два три саати само после крштевањето, ти секако од дома имаш можност да го дотераш по твој вкус и да се изнасликате.
Да. Кумата дури инсистираше да одиме и заедно да купиме, т.е. јас да си одберам како сакам да е облечено бебе на крштевката. А секако жената има предобар вкус за облека (сличен на мојот) така што и сама да купеше знаев дека ќе ми се допадне, ама ете, желба и беше заедно да купиме и и' ја испочитував таа желба. Блиски сме ептен инаку.
Мене ништо не ме прашаа..само какви пелени користи, кумата инсистираше таа и пелени да му зема...па купила комплетче па ќерките ја натерале да се врати да земе поголемо и убаво што ја вратиле зошто првичното ќе му беше малечно, ама и мене да ме прашаше ќе и кажев погрешна бројка зошто јас само по ваикики се водам, а очигледно различни бутици работат со различни бројки..искрено ни замерив ни очекував да ме праша што да купи и дали ми се свиѓа, малово го носеше цели два саати, го покака и после и онака го преслековме во тоа ние што му го купивме
Заедно купувавме со кумата. Не дека ја многу одлучував де. Му зема сѐ, бањарка, чорапи, бодиња две, комплет, патики, освен памперс јас шо си носев. И секако, ги испра пред крштевката.
Нашите не се консултираа со нас за облеката,па за првото беше тотална утка,за второто преубаво беше и големина и модел. И исто и кажав да ги испери,ама секако кумата беше свесна за тоа. Подобро напомени им,нема срамота, мало бебе или дете во неиспрани алишта,тогаш купени не би облекла...
Не, ама кумовите ни се другари и синко беше како кукла. Плус и генерација се. Памперс си дадов јас. И ние кога бевме кумови не покажував, ама девојката беше преслатка.
Како бре непријатно? Се подразбира дека облека за бебе МОРА да е перена. Јас на мене неиспрана облека не облекувам не па на бебе. Јас на мојата кума и се јавив и дури и кажав и со каков прашак да ги испере пошо мојава има атопичен и специфична е. За безбедноста на бебето нема непријатно! Ќе си кажеш слободно.
Ако ти е непријатно директно, речи индиректно. Во смисла каков детергент користиш, оти *** има осетлива кожа. Понуди ако треба од твојот.
Не. И затоа кога дојде ред да ја облечам во црква се беше мало за неа. Убав фустан одбрале ама џабе. Среќа јас си носев фустан и кондурчиња во кола иначе ќе немаше што да и облечеме. Срам невиден. А број им беше кажано.