Мене не ми покажаа ниту ме прашаа за број, ама јас и се јавив на кумата и кажав за бројка дека покрупен синко да не купува за возраста туку поголеми. Ем тие да не се посрамотат да се мали ем синко нели да е облечен во ново. Така да мама да не ти е непријатно јави им се и кажи им што број или ако си кума прашај ги што бројка да купиш и дали сама да одбереш или сакаат да си одберат сами.
Здраво мајки, за кратко време треба да крштеваме кумови сме и сега барам бутик за да го дотерам бебето. Може предлог или слики да прикачите да видам идеја? За машко се работи. Фала многу
Најубаво е да ја прашаш мајката доколку сте блиски, јас за третото детенце одбрав другари за кумови и сега знам дека ја донесовме правилната одлука со мм. Заедно со кумата биравме се од торта, облека па до поклонот за нив.
Реков дека ке и сликам на вибер она не е во Мк за да одиме заедно и ние сме блиски..затоа сакам некој предлог за облека или продавница
Можеш во локални бутици да побараш, сѐ ќе најдеш. На лето ќе е или на есен крштевката? Ако е на лето ќе си бараш комплетче на кратки, ако е на есен можеш кошулка и фармерчиња. Моето носеше кремава кошула со руска јака и фармерки со трегери. Од доле бело боди на долги, ама тоа беше ноември месец.
Ние правевме крштевка пред 1 недела, иако беше топло си облеков крем комплет сако и панталони со бела маичка по прерамки одоздола и крем салонки. Преубаво си се чувствував, ми беше комотно и да си ја земам, да си ја пресоблечам. Инаку можеш некој фустан со коректна должина и да нема некое деколте, примерен за во црква
Супер идеја, ќе си ги износам после Од каде зема комплет сако и панталони? Да знам да одам директ, немам многу време за шетање
Имав нарачано од Зара уште зимоска за смешни пари, комплет 1200 ден. Можеш да провериш и сега, а сум гледала преубави во Окитекс и уште една продавница со Мк произдство не знам како се викаше, во Лептокарија до Енрико имаат продавница, исто во Капиштец до Шатци и Аптека Виола .. Ако се сетам ќе го пишам името.
Женски, дајте предлог кај да се седне после крштевка? 20тина луѓе ќе сме, недела паѓа. Има ли негде со музика така убаво место да има повеќе атмосфера? Се мислев маргер, де гама, белви, златно буре?
На инстаграм ми излегува дека некои денови имаат некој што пее/свири. Најубаво јави се на бројчето и прашај. Исто и Старо буре Кучково викенд после 14h имаат музика со сигурност. И они имаат детски дел и ми се допаѓа мене лично за вакви прослави што можеш цел како летниковец да си бидете само вие, баш до детскиот дел е. Е сега што е подалеку малце…
Предлог за подарок за крштевка за 5 месеци бебе? Сите ме прашуваат, јас немам идеја што би ни било потребно натаму Хранилка имаме, за дубак читам по ново не се користело, па не знам што