Кога одите на крштевка/прв роденден дали има жива музика? Не сум била на крштевка, а планираме да му правиме на малиот за месец дена, па сме во недоумица дали да побараме некоја група. Немам претстава како изгледаат крштевките. Освен тоа, дали треба да му купам нешто на кумот?
Не, ја кај шо сум била никогаш не е имало жива музика, ни на роденден ни на крштевка. За кумот се купува поклон по желба или по договор. Кај нас се купува + крпа и сапунче и на врата го поливаш да си ги измие рацете откако ќе ти го подаде бебето.
Еднаш сум била на крштевка каде во ресторанот имаше жива музика, најчесто нема. Тоа си е ваш избор. За кумот може дар по договор.
Здраво сакам мала помош на крштевка сум, кума сум ќе го крстам малото освен што треба да купам да го облечам и свеќи што друго треба? Што поклон мала помош не сум била на крштевка во скоро време?
Колкаво е? Покрај облеката треба да си купиш и бањарка, и да ѝ кажеш на мајката да ти даде памперс за пресоблачање за таму (ако е бебе). Друго ништо. Поклонот зависи од возраста и од полот. Ако е малечко бепче, можеш хранилка ако немаат тоа. Или за малце поголемко бебе точак на буткање. Или лулашка за во двор.
Во секоја црква изгледа е различно. Подобро нека си праша членката таму кај што планираат да го крстат. Кај нас јас носев само мала крпа и сапун, и изводот од родени. Кумата само две бели свеќи. @VDT2906
Знам дека различни цркви имаат различни правила за тоа дали родителите треба да се венчани или не за да ги крстат децата. Ме интересира конкретно за црквата Св. Илија во Аеродром дали го бараат тоа како предуслов за крштевка.
Блиски ќе прават крштевка за малата таму сега за 1 месец, не им побарале ништо. Не бараат , туку како што ми има кажано другарка кога прашувала и рекле во црква ќе се води како вонбрачно. Ова ми го кажале, сега колку е точно ….
Мислам дека секаде по црквите важи истото, кумот да е крстен и да е над 18год. За родителите нема врска дали се венчани.
Не треба никој да бара да се венчани родителите. Ако е така, шо е со луѓето шо од друга вера сакаат да ја примат православната? Или ако имаат починати невенчани родители? Единствено за да се венчаш мора да си крстен, обратно не.
Има полно самохрани родители, тие немаат право да ги крстат децата? И според не треба да се бара да се венчани родителите.
Исто и разведени родители или вонбрачни деца. Не можи да е услов за крштевање, родителите да се венчани. Пак ќе речам ако ние сме од друга вера и детето некогаш сака да го прими христијанството, нема да го крстат дека ние не сме венчани? Нема смисла.