И од други слушам, а црквата кај што ќе правиме бев и прашав, женичката што раб таму ми кажа дека не барале…
Пари им дадовме, јас сакав да и купам нешто што ќе им остане за успомен ама кога ги прашав рекоа дека ништо не им треба па така одлучивме
Majki, za devojce, kade moze da najdam cipkano belo fustance? Nekako imam zamisla taka da ja oblecam za krstevka.
Само кумовите се даруваат? Старосватица не? И како иде тоа дека мајката треба да пости за да се причести колку време?
Старосватови немаат никаква функција на крштевка и не се даруваат. Ептен од мерак ако сакате инаку не.
Мене ме дарувале како старосватица, и ние дарувавме. Поточно јас правев крштевка само со кум старосват баби и дедовци. Сите беа дарувани. Адет е сите да добијат нешто, макар пешкир или чорапи. Ама на форум читам многу различни адети и секој практикува и како ке разбере дека треба.
Незнам каде ова вака. Јас каде што сум била се знае кумот се дарува, останатите се гости на чинот (исто како и на свадба, со таа разлика што таму и старосвати имаат функција па се даруваат). Јас не спорам, кој како сака, но тоа што стана помодарство да се даруваат сите присутни според мене е апсурд. Не секој може да си дозволи, ниту има оврска да го прави тоа. Се наметнуваат стандарди кои се нереални. И ние правевме само со кумови, старосвсти, бави, дедовци и браќа, сестри. Дарувани беа само кумови. Кумот си донесе само пешкир и она што треба за во црква. Дури и облека за бебето сама си купив. А верувај кумот ми е многу побожен и точно знае што и како се прави.
Напротив, од старо време останало дарувањето. Која е поентата? На целата ситуација мислам. Дете ставаш во вера, ни треба во црква да има тарифа, ни кум со часовник од 100 евра. Правила вака онака а вистинската вера ја нема. Мене како атеист ништо ми нема логика.
Само кумови, не сум постела. Во истокот бевме на една крштевка и таму не даруваа со пижами , а пријатели бевме, не во улога на друго и незнаевме што да правиме Она даваше (мајката) поклон, а под рака и даваа пари ко на свадба шо збира невестата. Мизерија
И јас ги дарував сите што беа присутни, 20тина луѓе Планирав само кумовите пари и на детето плус играчка, ама вечерта пред крштевката тетки, стринки кажаа демек морало сите барем по нешто, за детето здравје да имало замисли. Сабајле еден саат пред крштевката свекрвата беше да пазарува за кој пижами, за кој крпи, парфеми, детето само здраво да ни е
Јас ги дарував сите. На кумовите и старосватовите и купивме ќебињата со перница од дормео 1500 денара, по еден пар пижами и колекција. А на моите родители и неговите крпи, колекција и пижами. За дечињата од кумовите по една играчка и комплетче.