Ke pravime krstevka za bebuski. Planiram samo kumovite da gi daruvam. Nemam vreme da odam da biram podaroci, zatoa odluciv pari, pa sami da si kupat i naznacat deka im e od nas. Se soglasija, no sega ne znam koja e normalna suma za da stavam vo plik. Me interesira vase mislenje i iskustvo?!
Вкупно 100. Јас би ти рекла на кумовите по 50 евра, а на децата по 1000ка, 1500, или па и еве макс 2 000, оти сепак не се деца до толку. Јас давав поклони ама се ориентирав по тој буџет, до 2000 ден макс поклон за секого.
Другарка вчера не покани на крштевка и роденден на девојчето, којашто ќе се одржува утре. Имам блок во мозок, дајте идеи за подарок, само не пари. Некако со трендов на поскапување немам осет колку е сега океј да дадеш.
Некој што правел или бил на крштевка во Маргер да ми каже дали е доволно храната, парчињата месо што се нуди во менито ?
Ние правевме регистрација, не верувам дека има разлика во пригодата. Од се имаше доволно, бевме со Шведска маса, дури и остана, си понесовме за дома. Ама за мој вкус, прескапо.Крштевска во Градина правевме и многу подобро беше.
Ние правевме таму, 15 луѓе бевме и само ние бевме во цела кафана (дека недела во сред август) Бар ни пуштаа музика каква сакаме. Иначе јадење и пиење не фати околу 16.000 и нешто и беше повеќе од доволно според мене. Околу 3-4ч бевме таму. Претходно се договоривме за салати, поховани и месни даски и тоа е тоа.
Јас мислам на овие менијата што им се за прослави, односно порции со мешана скара, за истото ли зборуваме ?
Ние правевме во февруари. Презадоволни бевме, нема шанси да бркаш келнери, цело време се околу маса, храна одлична. Начекавме мени 1000ка од човек со предјадење, салати, главно и неограничен пијалок, што за мене е ок. А можеш да се договориш и на средина се да има, се им е обилно од храна.
Kако е со музика во градина? Кога се јавивме ни кажаа дека имале од ресторан не дека сакаме ептен да биде бучно ама па да не биде штама
Акустични се, чалгии или како да е, мислам ме разбираш. Си одат од маса на маса, фини се. Не е нападно, таман.
Дечки, се спремаме за крштевка за синко но се мислам за кумот и кумата што да ги даровам? Малку се покрупни и не знам облека дали ке најдам како за нив, а пари некако не сакам оти така за ќерка ми му дадовме и потоа и тие ја дароваа со пари.