Можеш од Мона новчаници, за кумот има и убави каиши, за кумата нешто накит , ако носи пандора алка може да земеш привезоче Јас на моите за син ми им зедов новчаници од Мона а на дечињата фустанчиња. Ептен им се допаднаа , облека не би земала, кај ќе им погодиш броеви
Мајки од источна Македонија ве молам просветлете ме што е тоа погача, што се прави и што се носи на тоа, кој се вика и сл? Thank you
Јас сум од истокот Прават погача за бебе,пред да наполни 40 дена,пример после 2/3 недели откако ќе се породиш Се викаат обично само жени,комшики и роднини Ја прават во кафана,се меси погача дома и таму на неа се ставаат подароците што ги донесуваат гостите Нормално без мајката и без бебето се прави Се носат пари,алишта,играчки,работи што ќе им бидат потребни на родителите за бебето
Не, после 40 дена се правело погача. Како што сфатив е како повојница кај нас ама сите на куп оделе...
Ретко веќе кој го практикува ова, нема смисла адетов. Секако сите идат на мекици или повојница, нема потреба од дополнителни церемонии.
И мене ми нема смисла. Ама маж е од таму па да се испоштуваат и тие роднини Кај нив немало повојница, нит па мекици, така да нема ни да ни дојдат тие луѓе... А вака кога ке прашам некој од нив сите различно ми кажуваат па тука ми е најсигурно. Кај нас знам мекици правеа моите, на повојница доаѓаат луѓе а за ваква "церемонија" немав слушнато нит па имам одено.
Кај нас има и мекици, и погача и повојница. Ама реално ретко кој прави погача. Бев еднаш пред скоро 10 години. Мислам дека адетот беше мајката да ја замеси погачата, кога е готова, три дечиња и таткото одат на најблиските им носат погача и тие даваат паричка (нешто ситно, макс 100ка). После мајката ги дарува дечињата, а парите ги делат на 4 дела, едниот за бебето, другите за децата. Други гости немаше освен ние децата.
Ве молам дајте идеја за ресторан со игротека во Скопје планираме да правиме крштевка па да има простор за децата да играат.
Devojki, treba da go krstime kumasinceto vo januar. Da pocnam da se spremam. Sto se treba dali znaete kako kumovi koi ni se obvrskite?
Денеска правевме крштевка, пешкир и свеќи за детето, 1500 ден такса за црква. Тоа е основно е сега за останатото ќе си се договорите со родителите по правило комплет за да го пресоблече во ваши алишта, од боди,чорапи, патики се. Торта и златно нешто добивме ние.