Здраво, девојки дали може да ми дадете предлог за ресторан/ гостилница за крштевка до 50 гости и ако сте прашале цени отприлика како се движат?
Во мај ќе правиме крштевка и за нас венчавка во црква, периодов размислуваме за фотограф. Мислите се меѓу Лазарески и Панајоти. Кој би го одбрале вие?
Лазарески ни сликаше на крштевка, а после и на роденден. Презадоволни бевме. Панајоти од тоа што имам гледано слики до сега воопшто не ми се допаѓа. Се е шаблон кај него, исти пози исто се.
Пред 5 години беше, не ми текнува ич. За крштевка зошто беше само во црква мислам 1500... Ама да не те излажам
Мајки замисла ми е декорацијата за крштевка да ми биде тема “Ангел”. Ако имате идеи или веќе имате правено такво нешто праќајте ми И дали личи ангелски крилја на машко бебе? Некако по за женско ми е тоа не знам
сега ни рече 3000 за сликање на крштевката со фотосесија 1 ч ( пред или после тоа) за сликање крштевка и венчавка 5000ден. Сликање во ресторан 1000ден од час. Или вкупно рече 9000ден, ако сакаме снимање дупло. панајоти 350€ со снимање, сликање, монтажа и плус 200слики извадени и 5 големи слики 20*30цм. Сеуште не сум се одлучила искрено, незнам ни дали сакаме да се снима, бидејќи свадба не сме правеле, а ова ќе ни е како единствена прослава со најблискиот круг на пријатели.
Кажете ми како се движат сега со цени за декорацииве вака обрач со балони за крштевка по колку ви кажуваат основна варијанта над 2 илјади се? Имам приметено дека за родендени ко поише ги наплаќаат а кажеш декс се мекици нз крштевка обрачов со балониве ко поефтини