Ние закажавме порција 1300 Со 4 вида салати, сирење, поховани даски и ручекот стек и свинско. За децата ќе има пици и салати, нивните порции се 550 или 600 не знам точно како беа. Знам прво рекоа 800 и маж ми изреагира дека скапо, па се поправија демек грешка. Ова за Битола
Горе-доле значи секаде се тие цени. И за деца прееска коа ми кажаа полна цена порција се шокирав. Само некаде кажаа пола цена за детска порција.
Не знам како им е со детските порции. Најверојатно поради тоа што е со мени карта (неограничено пиење) и тие се вметнати во цената и им следуваат цели порции и не можеш да порачаш одделно за нив само пици пример. Ако немаш многу "пијачи" има опција и што ќе се изеди/испие да се плати. Така можеш да искомбинираш пици за децата и однапред да договориш што и колку да спремат. Инаку горе-долу е приближно иста сума и така и така
И јас истава тема ја сакам, многу ми е убава. Имав негде видено картички во форма на мече. Ако правам ваква тема, такви картички ќе си направам.
Ние на 2 и пол месеци правевме крштевка и искрено супер поминавме. В црква ич не плачеше, во ресторанот речиси цело време спиеше. @Pocahontas.93 да си декорираш тематски ако сакаш, нема правило. Гледам има многу со ангелчиња, облачиња, крвчиња декорираат ама и да е нешто сосема друго, зошто да не ако ти така си сакаш.
значи, кога одиме да каниме кумови за крштевка, носиме вино, погача и плик ( вајда на подарок се мисли) и после тоа не им даваме друг подарок? Така сфатив
Во наш крај дарувањето на кумовите (плик, подарок) се прави на денот на канењето, а не на денот на крштевката. Вие правете како што ви одговара вас.
Нас во неделата ни помина јас имав неколку идеи ги прашав и се договоривме , на кумата и земав пандора привезок , на кумот кожна ташничка како што си носи , на децата им земав гардероба
Јас сама ја правев декорацијата и слатката маса , некако ми беше мерак , е малку бев кнап со време ама не беше лошо
Сигурно ќе биде убаво јас прв пат украсував сама , а не сум нешто многу креативна да бидам искрена отидов на бит пазар има едно хари компани тоа е само за балони си бираш какви сакаш , и се останато што ти треба од трака за балони , пумпа , лепенки... и во сук импекс тоа е кај џамијата исто имаш чаршавчиња , салфети, чашки.. после тоа видов и во џамбо дека има голем избор , имаш на youtube објаснето што како , полесно не може да биде
Искрено, сепак сум за да им купам нешто и се мислев тренерки да им купам. За свадбата им земав пак убави работи. На кумот му земав саат што не беше баш ефтин, новчаник и каиш, а на кумата пандора алка новчаник и каиш. Затоа мислев сега тренерки да им земам
Па во ред е и тоа. Минимум 10.000 поклон би ме фатило за кумовите со се децата нивни па може е боље да им ги дадам парите... Што знам, ваљда нема да се навредат, ваљда не е малку
Баш убаво, вечно да и е името како поминавте црква и од одисеја дали сте задоволни.. ние само нешто поместуваме изгледа јуни ќе не фати
Фала , живи и здрави да сте Супер поминавме , во црква го измочавме кумот за бериќет како што е редот инаку супер беше се , и од одисеја сум задоволна ,услуга, храна...