Како сакаш. Јас крпата за во црква не се сеќавам дали ја исправ, ама кога бев кума таа за бебето да. Појма немам каде стоела и во неа да ставам бебенце од неколку месеци без да ја исперам ми беше шубе.
И уште едно глупо прашање. Што ги дарувавте кумовите (+1дете). Се мислиме за пари, ама не може да се одлучиме колку. Дали 200€ се многу или малку
Да, за попот да си ги измие и избриши рацете. Ние носевме како родители, го оставивме пред икона после крштевањето. Како шо ви одговара вас, така. Многу е релативна и индивидуална работа.
Ама тоа по желба, инаку на списокот што го даваат за тоа што треба да се носи за крштевка нема пишано дека треба да се носи масло.
А вие Аеродром шо сте, во која црква сте ги крштевале? И освен тоа прашањето за како се крштеваат поголеми деца, ме интересира како оди целата церемонија со две деца, дали посебно се крштеваат или може со една молитва параррлно и двете? Значи уплав имам од плачките на крштевки, еве прпа ми е за големава искрено да не почне да изводи, се надевам нема да ја бањаат
Јас планирам св Илија кај Јане Сандански поликлиниката, некако нај ми се свиѓа дека е со убав двор и голема е, таму молитва правевме
Св. Илија го крштевавме ние големиот, а верувам и малово. Убава е како што ти пишале. За поголеми дечиња незнам, ама јас се крштевав на 26 години, ме избања попот . Само со наведната глава над коритото, ама кога почна да полева, полева
Лелее не, јас па чекав да порасне за да е посвесна и без плачки ихх ако ја полеваат ќе е драма невидена оти она дома не дава косата, не попот
Спремај ја. Објасни ѝ што ќе биде. Да издржи, да биде пример за помалото. Вака моите го убедиле брат ми да не драми.
Женски да ве прашам следниот месец треба да крштевам, детето е веќе големко дека се во странство е сега освен облека што друго се зема и дали треба нешто златно да се купи појма немам што и како
Едно прашање до вас мајките што сте поминале крштевка, може ли бар отприлика да ми кажете што дававте за кумовите?
Мене некако не ми иде пари.Повеке сум за некој добар саат и некоја убава ташна отколу пари.Некако ми е смотано пари штознам може грешам
Со парите некако го сваќам како што си потрошил еве ти враќаме.Мислам јас не би сакала мене како кума да ми дадат пари
Мислам дека 200е за кумот и кумата и уште по 50е за децата. Ама ова ептен индивидуално е. Некој може со симболичен поклон да помини, некој и по 1000е поклон да дава. @Cvekarka и јас сум за подарок со намена ако можеш да погодиш убав подарок со намена. Ама меѓу подарок купен ради реда или ради мој вкус и пари, секогаш избирам пари, барем да си ги искористат како што сакаат. Тргнувам од себе, сум добивала скапи подароци шо ниеднаш во животот не сум ги искористила, само ми собираат прашина. А да сум добиела пари наместо нив, сигурно би ги искористила целно. Не знам, пак и тоа е индивидуално. @Cherry blossom89 ако не сакаш пари можеш да им купиш накит, рачни часовници, ташна со каиш и новчаник, ваучери, портрет, уметничка слика...