Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски

    200e?? Нашиве баш нè испочитуваа, на цел наш труд, трчање, да угодиш, ја и трудна, замисли си, едвај 50 евра дадоа(во вид на 2 подароци)..морав да чујам мислења, дали ја сум будала или што е работава..а нашиот трошок точно 200 евра..имаат, не се за жалење, не живеат во Мк, и не, не ми е до пари, ниту подароци, до почитта ми е, мислам дека вака не заслуживме. И во право си, можеа да прашаат, ниту прашаа идеја што како да би купеле. И по подарокот се гледа дека не се замарале и е купено колку да помине редот...ноуу комент...
     
  2. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    "Што си потрошил, еве ти враќаме"..убаво викаш, ама имало и вакви(читај ми ја погоре поракава) што си купуваат онака, ко да е повод за на клупа да седиме...изгледа до луѓето општо и почитта е..така јас си сфатив..
     
  3. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Сите имаме различни сваќања.Даваат и пари јас лично не би.Сега секој си е индивидуа и секој си знае колку може и сака да потроши.Така да кажав и прееска убав саат за кумот и убава ташна,сет од ланче алка или карикирам скап парфем незнам се би ми било попокладно него пари.Пак ке кажам сите сме различни а они ако се од оние што не се задоволни никогаш и 500 евра на такви луѓе да им дадеш малку ќе се,пак ке те зборат.Секакви не има
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Така е ама не за џабе ја рекле поговорката "кај богатиот нагледај се, кај сиромавиот најади се". Во мојов случај, да ти покажам што сè е купено, вложено, а тие од таа страна да имаат и да ти вратат без мерак нешто купено..не сакавме стан од нив, фала им, ама толку да не се вложи...ехее, ова твоево е одлично, ташни парфеми ау, не сакаш да знаеш овие што земаа :rofl: (facepalm) (facepalm)
     
  5. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    13.707
    Пол:
    Женски
    Ние здравје за 3 недели ќе правиме крштевка. Јас земав накит за кумата, персонализирани сребрени ланчиња за девојчињата и од оние машките ташни од мона за кумот.

    Мене ми е и ова безвезе што се китат со подароци кумовите, сепак е ден за бебето не за кумовите, а уште побезвезе ми е пари да дадам.
    Имаме разбирачка у смисла купи што сакаш да ја облечеме и само кажи колку пари ќе ти дадеме зошто сепак за вкусови се работи. Од друга страна ни јас мислам дека не претерав зошто ни 50 еур не фати се тоа што земав, ама ете адет останало да се даде нешто и синтераме сите така
     
    На tanjaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Ти го разбирам револтот, ама немој. Знаеш како викаат таа рака што дава не се суши. Здравје ќе имаш и други прилики и ќе знаеш колку да се покажеш.

    Мене ми е чест што имам кумство кое трае генерации и генерации. И никогаш не сум очекувала премногу нити па тие очекувале. Им кажав не сакам бовчи злато, битно ми е да си го одржиме кумството. За големиот им дадов фамилијарен поклон, за помалото пари. И не им се смешав во изборот на облека. Како си сакаат така. И нив им е мерак па нека го дотераат по нивно. Ич, ама ич не сакам дарување, китење...
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    За мене не е безвезе да се даруваат кумовите, од порано е останато дека кумот е како брат, нешто свето, и во црква кажуваат "духовен татко на детето" само денеска што ништо не се цени е друга приказна. Јас си почитувам такви адети, јас моите кумови за нешто нај блиско и нај мило си ги чувствувам, друг кој како сака нека си прави. И ден за детето е да, ама да не е кумот како ќе се крштева? Тој ден кумовите се побитни и од родителите. Ние облеката за бебето од нас ја купивме така да не очекуваме пари да би ни дале.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Не е толку револт колку е она, дека ќе вложиш многу за некој а тој некој ќе го купи првото што ќе го види и онака ќе си го помине редот. Фала богу ние двајца имаме што ќе си посакаме, не ни очекувавме од нив вили станови, "подлабока" е ситуацијава со нив, не би да ја разглабам на форум, чисто околу подароците ме интересираше што и како. Кум да не викаш ни на кафе..нема врска...само си рековме детето да е живо и здраво, сме дале и трчале од срце тоа е нај битно. За бовчи злато не се ни работи, далеку од тоа, ама една страна да вложува а другата да си свирка...нека се живи и здрави, такви си се и тоа е тоа.
     
    На tanjaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    13.707
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека не се битни кумовите, секако дека се фамилија веќе и се битни. Муабетот ми е дека детето се крштева и поголем акцент треба да се стави околу самиот чин, а не што да се купи, подари и сл. Почитувам адети и традиции, ги сакам нашите македонски обичаи но сепак мислам дека некогаш се претерува со некои работи. Инаку не дека па мене ми дошло да ми дадат пари за облеката таман работа, ама ко што е адет и ние купуваме за нив адет е и облеката што ќе се облече бебето после крштевањето да биде од кумот. Тоа што сме кратки со време па неможеме да се погодиме да шетаме по продавници заедно па да купат или евентуално да купат они нешто што нема да се погоди го решаваме вака.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Јас само ова можам да кажам.Дека јас лично ако прифатам да бидам кума прво ќе прифатам ако сум финансиски моќна.Сега моќна може и звучи премногу строго еве да речам ако сум финансиски спремна.Друго јас како кума на тој чин што не е мал за нашата вера,сепак би сакала да ги испоштувам сите адети и сите работи што треба да ги купам за тоа дете.Што сакам да кажам за јас да бидам нечија кума имам избор дали да прифатам или не.Додека пак родителите немаат избор дали да бидат родители или не они мораат тој чин да го направат.Значи:дали ќе ми даде пешкир или гаќи или пак некоја ташна од 100 евра навистина не ми е гајле ниту па ќе замерам.Тоа е тоа они немаат избор а сите знаеме какви трошоци едно раѓање на дете.Колку имаат толку ќе дадат.Не ми е јасно јас одам да бидам кума или одам за да ми се даде нешто,и обратно они ме викаат од што сакаат јас да им бидам кума или ме викаат за да ме опсипуваат со поклони.Нема потреба од ништо тоа имале тоа дале крај на приказната.Нека е дете здраво живо и весело материјалното поминува.
     
    На VDT2906, PinkGirl* и V.N. им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Можеби толку биле во можност, некогаш стварно не знаеме како е на другата страна.
    Можеби не се свесни колкави се трошоците на кумовите или не очекувале вие толку да се потрошите..можеби навистина подароците им се ради реда, секакви нѐ има.

    Во право е @tanjaaa рака што дава не се суши. Ќе знаеш следен пат како ќе се отчестуваш и тоа е.
     
    На VDT2906, Tiny Love, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Чудно може изгледа од страна, као битно е дарувањето на кумовите, не е нај битно, нај битно е детето, затоа е и крштевка, ама битно е од аспект на почит. Ќе даде кој колку сака, има итн, сè е тоа јасно, еве ја не очекувам брда и долини, по 5ти пат кажувам, ама ако навлезам во темата што и како со нив, на форум, лесно може некој да ме препознае..муабетот е, меракот е голем од наша страна, се облекуваш свечено, јас и трудна најдов време и за подароци, и за праење ќејфови, трошиш 200 евра, гледаш мерак да им направиш, и зборот е, ја нема онаа радост да ти врати од мерак. Нека звучи дека се жалам од нив, ама ме чуди, на толкава почит од наша страна, да вратиш со нешто онака, да пројде ред..штознам..ние си ја купивме облеката во консултација со нив, и на памет не ни падна да бараме пари. Ама веќе во денешно време ништо не ме чуди, сакав само мислења да слушнам кој како си го тера тој адет.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Да не извртуваме муабети, читај ми ги постовите по 2 пати. Ја отидов за они нешто да ми дадат? НЕ!!! А дека нè избраа дека сме финансиски моќни, нè избраа, свесни сме, нека е така, еве даваме. Почитта другарка е битна, 5 пати истото како подарок ни го дава, како да се праам слепа? И за други поводи, истото. Имаат и они, па така сакаат да подарат, првото оди види купи го. Ги почитувам вашите мислења затоа и на форум прашав, почитувајте го и вие моето. Ако не се согласуваме, тоа е тоа, крај краева секој ќе си тера како замислил.

    @IRBBB Знаеме како е од другата страна, као блиски сме, ти текнува, си споделуваме. Се имало, не се сакало. За ништо не жалиме што дадовме, од срце е, ама да, за следни поводи здравје, полабавки ќе сме. Ќе дозволиш па на глава ќе ти се качат.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Извини јас немислев ништо за тебе ниту па те цитирав тебе.Јас кажав се само општо и воопшто не навлегувам во твојот став.Нереков јас ништо за тебе и незнам зошто ти се пронајде во мојот за да ме цитираш:hug:Кажувам тоа што мислам и не сум воопшто дволична ако мислев на тебе ќе ти се обратев.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Јас ја отворив темата па затоа и така помислив, еве нека биде дека се надоврзав на твоето :hug:
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    Извини ама на крај на денот ти го правиш сето тоа за твоето дете. Не го правиш за кумовите тука за своето дете.

    На темава искрено еве ме интересира колку е доволно за поклон?
    Да речеме ќе дадам 50е за облека (оставам сама да бира), 50е за торта, 1500ден во црква, 100е за нешто златно (иако мислам дека ќе биде повеќе но не е важно), 1000ден за крпа. Дали треба да купувам уште нешто?
    Стварно не ми е јасно колку е доволно за некој да се почувствува испочитуван.
     
    Последна измена: 9 јули 2023
    На V.N. и Cvekarka им се допаѓа ова.
  17. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Не те разбрав, кој што прави за своето дете?
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    Извини изгледа обратно те разбрав. Ти си кумата или мајката?
     
    На V.N. и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.
  19. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    13.707
    Пол:
    Женски
    Незнам како си разбрала ама ни јас НЕ барав пари! Самите тие сакаат да биде облеката за бебето од нив
     
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Кумата е таа.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.