Оф бе обратно ја разбрав. Искрено да не беше форумов немаше ни да знам дека мајката треба да ги дарува кумовите. Па на сета и кумата да не биде задоволна од тоа. Искрено се претерува со поклоните и од двете страни. И на крај се се сведува на тоа кој колку дал и колку добил.
Лудо време. Кум за свадба требало мин 500 евра во плик. Се почна да се сведува на тоа кој колку дал, се изгуби човечноста и спонтаноста кај луѓето. Лани другар не кани на роденден кај малата. Јас не бев во можност малото беше премногу малечко и отидоа маж ми со поголемиот со поклон како за роденден нели. Леле тие да ти правеле и венчавка и крштевка и се. Не кажал за да не ги става другарите во трошок, а сакал сите да дојдат. Е овие луѓе се ретки денес
Лелее пак истото...кумата не е задоволна...ај сеа груб одговор, имаш пари, го знаат тоа, и поради тоа те бираат за кум/кума, а дома не сака да те викне на кафе, нема "као" идеи за подарок, прво гледа купува и чао. Ај важи, ние ќе се вложуваме 100% во приказнава а некој будала ќе нè праи. Пред да се рчкате, прочитајте ја цела приказна. И моето прво прашање беше што се даруваат кумовите.
Ау како си можела, сеа лом ќе те напраат скромниве на форумов, еве ја вила барав од нив, не добив и сеа плачам(сарказам). Нас ни за свадба нè не прашаа ни за идеја што да земат, бар отприлика, на ти пари и чао, а сеа па ич, дај било што и си завршија работа. За почит зборев ама еве одма превртувања ја сум била не задоволна пази молим те.
Јас мислам дека сосем доволно е подарокот за кумовите да е до кај 100-150 евра(со се подарок за децата на кумовите). Јас кокретно им земав парфеми на двајцата. Исто така не гледам причина ни зашто торта посебно да носат... зашто да се ставаат кумовите во трошок, како и да е родителите си нарачуваат она што сакаат и нема потреба само од трупање работи торти ради адет, зашто знаеме сеа торта од 30 парчиња дека е 50 евра. Јас и за свадбата им кажав дека сама ќе си купам торта, да не се ставаат во додатни трошоци. Кумот ќе си купи алишта за после крштевање, и тука се согласувам да е во договор со мајката, ќе си купи пешкир, свеќи и тоа е тоа... Ако чисто на некој му е кејф за некој реквизит за детето во ред, но тоа е опционално и не би се налутила ако не донесат. За злато не ни коментирам, адет си бил, но сега мислам дека е голем трошок во кој што не би сакала да се најдат кумовите.
Пола плати во црквата, облека на бебето, крпа и тортата ја плативме пола (јас си ја порачав а скапа ми беше кумот да ја плати ама тој се заинати дека сака и делевме). Подарок кумот ако сака може да купи, ама не мора. Нашиот купи златна нараквица
Почитта не се гледа од подарокот кој сте го добиле, туку во другите ситуации како кафето што го спомна. Затоа те нападнаа. Као кажуваш нешто ама не се докажуваш, па погрешно си сфатена. Јас те рабирам и сфаќам дека твојот муабет има позадина, ама кога не се доискажуваш треба да си свесна дека секој ќе си создаде различна слика за твојата ситуација. Веќе ти кажа една членка, до тебе е. Ако подолго време немате почит од кумовите зошто трчате? Јас не би. Да, голема и убава е улогата кум, ама уште поголема треба да биде близината помеѓу кум и кумашин. Ако го нема тоа, целата енергија се губи, па ти ако сакаш и пред порагај трчај за нив џабе ќе е
Хм имаш право, може и така изгледа. Колку и не е почит преку подарокот, толку и е. Ако јас за подарок секој пат ти давам 300 500 200 а ти мене 20 евра, 50..исто е!? Не е..ко исмејавање изгледа..а те знае имаш пари, ќе вложиш. Ох, да е само кафето непочитта..има многу ама ај..па после настанов, си ја чукнавме главата, дозволивме некој будали да нè праи, ама лекција за следен пат, скромно подароче и така сме на исто ниво, квит. Знаеш коа си наивен, и мислиш сите ко тебе сакаат да угодат, па се радуваш, вложуваш, од душа праиш сè!? И гледаш тој од таа страна те гледа ко пролазник на улица..лекцијата научена, не вложуваме во некој што не те ни вреднува дека си кум.
Значи неможам да те сватам навистина.Што сакаш ти воопшто да кажеш знаеш има па ќе даде.Па ти ако навистина имаш така како што кажуваш тогаш ти си самата крива за тоа што ти даваш 200 а они 20 евра.Сега ќе ти кажам зошто.Зошто ти сакаш да се чаталиш со тоа што имаш и напротив ти нив ги понижува со тоа што ставаш 200 евра а знаеш дека луѓето немаат како тебе и мораат со нешто да ти вратат па ти ставаат 50.Навистина не си ми јасна што ти е главата ни ја потече од прееска како не си мислела така како не си знаела.Ако имаш имај си и за другиот пат и ти ке ставиш 50 а не 200 поради тоа што добро знаеш дека они немаат 200.Ќе ставиш толку колку што знаеш дека би можеле да ти вратат со иста мера.Ти цело време ги напаѓаш луѓево а уствари самата кажуваш дека ти си таа што понижува зошто,зошто имаш нели.Па јас не би те ни викнала за кума срамота
Хахаххаха, што збориш душичке? Во странство се, како може да немаат? Демек сме блиски, знаеме како живеат, ни раскажуваат. Сигурно тебе не ти раскажуваат. Кој се чатали жити се? Не туку ми се сили по постови, оди легни си. Ние дадовме сè што треба да дадат едни кумови + подарок. Кој те потекол госпожа? Па што ме читаш? Враќам реплики на тие што ми реплицираат. Што проблем имаш, твоја да не е фемина? Па уште сум ја отекла госпожата..па што читаш овде? Изгледа ти ко оваа си, па си се пронајде пустата. Ништо не ми треба од нив драга, ама некој да ме праи будала е нема. Имаат они, ама видоа некој ќе си користат па користи си. За тебе ако е нормално да не почитуваш кумови, не за подароци и пари, општо, да не се гледаш со нив, да не ги викнеш дома итн итн, терај си. 100 пати кажав не очекував ја стан од нив, и ти мене муабети ќе ми вртиш тука. Не стаив ја 200 во плик, вкупно трошоците излегоа толку. Биди поздравена и научи се да реплицираш па уште ми се сили по постови. Ајт
Кумството е духовна обврска и поврзаност. Не треба да се гледа материјално. Секој дава според своите можности.
Аман бе девојче, и во темава ли најде да реплицираш? Не извртувајте муабети ама ич не сте интересни, си барате караници очигледно. Имале немале не сакале. Кој па нешто бара што ви е на вас? Ако некој се труди околу тебе, а имаш, гледај да вратиш со убаво. И кажав, не замарајте со барање, не зборев само за подарок и пари, општо зборам дека погрешивме што почитувавме луѓе кои не те ценат, не ми се збори овде, а не за пари. Седат на фемина досадно им е и ќе се расправаат а 20 постови пишав дека они имаат, туку и со пари и со ништо др не ме почитуваат мене и сопругот.
Не враќам веќе на реплики, гледајте си за себе, а ја за мене си решив, нема тука да се објаснувам што и како ќе правам во реален живот. Човек да не пише нешто..
Што е со агресијава во твоите постови? Јас не те ни цитирав. Да сакав да се контрам, ќе те цитирав. И на двете ви ги читав мислењата. При кумство, и двете страни не треба да гледаат од материјален аспект. А, за твојот случај, не. Не можеш да знаеш кој колку има ако не живееш со него 24/7. Некои луѓе имаат долгови или други трошоци за кои не зборуваат пред други. И на луѓе во странство им се случуваат. Плус, животот секаде е поскапен. И од мене толку со офтопик.
Па ќе имам агресија ми вртите муабети. Колку пати кажав, не им е прв пат ова, ваква не почит и не е само за пари. Упорно ми скокате пари та пари. Знам де, ни кажаа и за трошоците, блиски сме. А ние неаме трошоци? Од кај знаеш што праам ја во моментот, ама за нив имаше, за сè да помине во нај добар ред? Одма, кумата не задоволна, барала кола и стан од нив. Добро, еве барам и пари и кола и стан и да ми даваат месечно по 100 евра. Абе они во комуникација немаат почит кон нас а не нешто повеќе. И не заборавајте, го почнав муабетот со ШТО СЕ ДАРУВААТ КУМОВИТЕ? Кажав што имав, на таа што и се расправа, нека почне да чита од почеток што сакав да кажам.