Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.825
    Допаѓања:
    13.397
    Нека си бидат лабави, но односот им е за никаде. Имам и други ситуации, но не сакам многу да пишувам. На што личи тоа, и вртам на кумата, не крева, па и не се ни прејавува отпосле. Па и мајка да ми го прави тоа, ќе ја откачам и ќе и кажам оди во п.м. ( се извинувам). Знам дека кумот е како втор родител на детето/децата, но нека извинат, од мене само ладен однос ќе добијат, за во иднина што викаш друга песна.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    1.467
    Пол:
    Женски
    Иста песна и кај нас. Моите родители се кумо и и кумашините идат и се јавуваат од празник на празник. Си се зареков дека на нашите кумови ќе ѕвонам барем во месец еднаш да не ги изумам , а они не се јавуваат да прашаат како сме што сме нити ние нити дете. Охрид ,Струга, крушево одиме на викенд ѕвониме да одиме да ги видиме и така сме блиску дека се од Прилеп се фино лепо не откачуваат (внуци чувале , дрва ќе редеке, корона имало ) . Ај за короната можам да ги разберам во години се се чуваат, ама некои други изговори што ги кажуваат не ми се јасни
    Дете 4 години ќе прави секоја година ги каниме на роденден, еее ами минатата недела бевме Велес , трошок ни е. Ами кога веќе сте биле Велес оти не сте поминале да се видоме. Не се дојдени од крштенката на синко.
    Сега ми се јавија да ме прашаат дали и кога планираме крштенка да знаеле дали да идат на повојница или ако е брзо време крштенката тогаш да идат наеднаш.
    Одсекогаш ме нервирале вакви односи помеѓу кумови кумашини и баш таков однос имаме ама ајде нека се угоде мене дома да ми е арно
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Кај мене такви се кумашините.
    Еднаш не ни честитале празник,нова година или било што. Со детево завршив во болница не ни пишаа дали е добро.
    А тоа го забележав одкако јас не честитав прва празник годинава. И фала богу ги нема.
    Затоа со маж ми одлучувме да си бидеме на дистанца .
     
  4. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    10.369
    Пол:
    Женски
    Не треба да бидат лабави за таков убав настан, ни вашите ни нашиве. Штом е со молење работава, не е на арно ја така викам. Нема да откажеме кумство, да не правиме драми, ама и тоа како ќе се дистанцирам, не ми се мили веќе луѓето. Јас сакам некој 100% ама ако ми одмилиш, после дали и здраво ќе ти кажам. Тоа ми беше криво и мене, ние се радуваме, трчаме, купуваме, украсуваме сè да е нај нај, а некој ќе го молам и порака да ми види а не пак нешто повеќе. И јас не сакав овде да се отварам на фемина, исто кажав "подлабока" е работава со нив, грам почит да се немало. Те смета ко комшија или познаник од улица, никаква почит дека сме кумови. А капак беше тоа со подарокот, исмејавање. Изгледа помислија ни даваат подарок за вселување во стан а не за кумови. Не знам дали ми ги читаше постовите пред 3 4 страни, ние се запрепастивме. Не сака дома да те викне а пречекување може да сонуваме, а си имаат не се за жалење. И да немам, ќе барам од роднини и пријатели ако треба, и тој еден кум што го имам, да го угостам и да му подарам нешто што ќе си се радува. Не мора да е 1000 евра, нека е и 10, ама да е со идеја, креативно, а не чаршаф за маса(нас нешто слично ни дадоа). Еве сега како пишувате повеќето, сфаќам дека овие не биле единствени |( јас не можам да разберам како вакви луѓе постојат ама ќе треба изгледа.

    П.С мислам дека муабетиве што ги збориме не се офтопик, баш си се за кумство и крштевки, разменуваме искуства.
     
  5. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    10.369
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: дал да плачам дал да се смеам, не беше баш чаршаф, ама нешто смешно, за ние двајца да го користиме, ама сме се израдувале абе скокавме до таван, а по втор пат ни го носат истото, е толку се креативни и се замарале |( (facepalm)

    Ете, исти случај како нас, ние не во плик, ама сеа за крштевката за сè испаднаа 200 евра, а они со дали и 50 поминале а ова е еднаш во живот.

    Точно, бар да им било мерак за детенцето да купеле, ја на моите кумови секое одење на гости кај нив, земам нешто за малото да се израдува, не е битно колку пари, гестот е битен, а за нив обавезно кафиња, сокови, благо итн итн.
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.465
    Пол:
    Женски
    Ако не е битно колку пари, туку гестот, зошто ти смета што ти дале нешто смешно како чаршаф?
     
  7. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    10.369
    Пол:
    Женски
    Ми бришат мислења, извини не можам да ти одговорам ;)
     
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Тоа било некогаш кумот втор родител сега никој со никого не се гледА. Ние нашиот до сабајлетп не знаевме дали ќе дојде да го крсти детето се мислеше дали да дојде и од тогаш реков за 2ро дете да не ми се ни појавува пред мене друг ќе си најдеме.
     
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.825
    Допаѓања:
    13.397
    И јас сум на работ тоа да им го речам. А да кажам дека на роденден на детето не ни дојдоа, а не се ни извинија, ниту се јавија.
     
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Три родендени ќе пројдат уште се нема јавено... не ме ни чуди да не ти се јават искрено.
     
  11. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    1.467
    Пол:
    Женски
    И кај нас досега немаат дојдено на нитуеден роденден секогаш имаат некој изговор. Ама сега ќе дојдат сигурно оти крштенката на бебе ја закажавме во исти ден со роденденот на бате.:)
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.825
    Допаѓања:
    13.397
    И како да почитуваш вакви луѓе?
     
  13. magnolia4

    magnolia4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Можеби темава не е најсоодветна со оглед на тоа што прашањево ми опфаќа повеќе теми но добро. Поканета сум на венчавка и свадба кај блиска другарка, а воедно и крштевка и роденден за малата. За свадбата е прилично јасно, пари во плик, но малку сум во дилема како би изгледале другиве поклони, или повеќе, кога би ги дала. Планирам исто да биде пари и за крштевката/роденденот + некоја интересна играчка, но не знам кога би ги дала тие работи, дали заедно со другиот плик во салата или како? Претпоставувам така, ама тогаш би одела в црква со празни раце, што ми изгледа малку глупаво, ама не сум била на венчавка или крштевка со години така да не знам, може е нормално и во ред.

    Друго прашање, дали како сведок во матично (нештово ќе се случува на отворено, после венчавката во црква, а пред свадбата), треба да однесам нешто плус? Скоро сите ми рекоа не треба ништо, може само некоја бонбониера, ама ни тоа не мора. Дали би било во ред така? (Станува збор за друга свадба).

    За крај уште едно кратко прашање поврзано со претходново, без разлика сведок или не, општо вака како се 'правилава' во последниве години? Се носи нешто благо покрај парите, не се носи, или нешто друго, не знам... кога има цвеќе, некако веднаш ми изгледа поубаво, поелегантно, ама свесна сум дека така речи нема смисла и веќе не се носат букети, па од тие причини се мислам што би можела да земам за да не биде работава само со плик да се појавам, иако веројатно многу му ја мислам и е најнормално да појдеш така :D

    Извинете за долгиот пост и многуте прашања :wasntme: Фала ви!
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.124
    Допаѓања:
    13.692
    Пол:
    Женски
    1. Најверојатно самите славеници си имаат организирано каде ќе одат подароците за младенците, а каде за детето за роденден/крштевка, така да кога ќе стигнеш на лице место ќе видиш. Во црква баш и нема кога да се даде подарок, тогаш само се честита зошто и реално е некако хаотично малце зошто се оди набрзинка и нема каде да ги сместат па потоа соберат подароците зошто неретко се случува да има друга венчавка или крштевка веднаш после нив :)

    2. Ако не си свекрва или мајка апсолутно ништо не ти треба за во матично. Како сведок само лична карта

    3. Во право си цвеќе и јас немам забележано, а и младиве во поново време место цвеќе грепки бараат (facepalm) мене лично тоа не ми се допаѓа па никогаш и не сум однела грепка. За благо што и да земеш на времево ќе се стопи партал ќе се направи. Ако ти е штуро само со плик земи некое мало букетче, немора да е икебана ко ма времето што се носеа.

    И 4 ама најважно МНОГУ СЕ МИСЛИШ.
    ..верувај ми дека ни самите славеници ги немаат овие дилеми како тебе. Јас целосно те разбирам зошто сум иста буквално. Ама на крај се разочарувам. Колку повеќе мислиш се да биде како што треба и да им го направиш денот посовршен толку помалку внимание самите домаќини обрнуваат на тоа и ти завршуваш разочарана, а они не се ни свесни зошто

    Се надевам помогнав малце и ти посакувам да се опуштиш и убаво да си поминеш
     
    На magnolia4, Giovanna и doubleinfinity им се допаѓа ова.
  15. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    Целосно за се, се согласувам со @V.N. само јас почнав ни цвеќе да не носам на свадби..благо секако не, сега е претопло а и тие бомбоњери на крај завршуваат кај други, а цвеќе не носам зошто најчесто сега бар на денешниве свадби има најчесто декорации со цвеќе на главна маса и на крај невестата барем во мојот крај икебаните што биле на главната маса си ги зема за дома или ги раздава на најблиските..и кај мене и кај сестра ми пример за нашите свадби толку многу цвеќе имаше, голем дел заврши по куќи каде за 2 дена се фрли и од тоа искуство престанав да носам и цвеќе...место да дадам 500 плус за букет тие 500 ги редам во плик..така и за крштевка правам...годинава имав две крштевки за најблиски внучиња, порано најблиските носеа торти, а знам дека ни сестра ми ни золва ми немаат кај да ги чуваат, и за двете ставив 1000ка плус, подобро пари, него торта да оди да стои замрзната кај комшии
     
    На cresa-jagoda, magnolia4, V.N. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. magnolia4

    magnolia4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Фала ви премногу и на двете! @V.N. во право си, ептен се мислам и непотребно оптоварувам, во природата ми е :D. Едноставно не сакам да направам нешто 'погрешно' или дадам премалку, тоа е се. Ама малку се потсмирив сега, фала ви уште еднаш :l:
     
    На cresa-jagoda и V.N. им се допаѓа ова.
  17. Sara.Be

    Sara.Be Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Ве молам да ми кажете текст за покана за крштевка. Ви благодарам
     
  18. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Дали истеравте роденден или уште не е биднат за искуство?:inlove:
    Јас утре ќе идам до таму да видам дали ќе се договорам
     
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.578
    Пол:
    Женски
    Преубаво име имам, благослов од Бога и кумот ќе примам
    Името
    во (денот од неделата), на (датум).
    Крштевање во црквата (име и локација) во (времето).
     
    На cresa-jagoda, Sara.Be, Pocahontas.93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Кумот името ќе ми го стави, а попот молитва ќе ми прави. Затоа дојдете да прославиме, за мојот голем ден да наздравиме.
     
    На cresa-jagoda, Sara.Be, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.