Ние правевме крај на октомври за првото ама внатре во црква беше топло. Пред да дојдете пуштаат клима ја загреваат просторијата убаво па после го крштеваат.
Ние сега викендот ке правиме, во црква просторијата ја загреваат. После тоа во ресторан, многу поубаво додека се помали според мене. Бебо веќе има 5 месеци, и порано би направиле ама се некој не беше тука па пост, па некрстени денови ама дојде денот
Женски, имам едно прашање Дали ние како родители треба со нешто да го даруваме кумот? Доколку одговорот е ДА, што најчесто се дарува? Прво дете ми е и навистина не би знаела како оди тоа
Здраво на сите, покани за крштевка сакам сама да си ги правам, знаете ли некоја апликација или веб страница за тоа?
Мајки со мм имаме желба крштевката да ја направиме во Охрид дали има некоја пречка за да не смее таму или во црква се прашува договара само? Бебе си е родено во Скопје и ние сме од Скопје ама многу сакавме венчавката да ја направиме таму но ковидот фати па би сакале сега со бебко барем дали некоја мајка знае кои се правилата ?
Со што да се дарува кумот? Не е женет сеуште, а обавезно идат и мајка му и татко му, и нив треба да ги дарувам? Ќе правиме и крштевка и прв роденден роденден Другите заковни треба да се даруваат или не на крштевка? Помош
Ние сега крштевка правевме. Заковните сите ги дарувавме, им ставив пари на кумовите, на старата кума еден џемпер да ја испочитуваме 90год има жената. Старосватите новчаници и по еден парфем. Деверот оти ни е тинејџер доби 50€ што и да му земев немаше да му погодам.
Имам едно прашање дали за крштевање дете мора и двајцата родители да се крстени во црква? И дали може кум католик да го крсти детето?
Извини што на твоево мислење се надоврзувам, ова вака дарување на другите заковни за време на крштевка само во западниов дел на Македонија го имам видено, поточно Тетово, Скопје досега што имам видено само кумот и неговото семејство. Ако си Скопје доволно е само кумот ама ако си од западот, ќесето изгоре .
Погоди. Добро и со ова што поминавме, јас задоволна сум. Пошо имаше онака одоколу сакам речам не знам кажам предлози за постелини, бањарки итн, итн. Си добија одговор што не им одговара и не се спомна повеќе.
Каде сакате може да крштевате, јавете се во црквата каде што сакате, ќе ви кажат како е редот таму. Нема врска каде живеете. Може и во манастир да крстите дете. Во црква бараат само извод на детето и крштеница на кумот. Знали кумот треба да е православен. По правило, некрстен човек не треба да влезе во црква, ама никој нема да ве врати ако не сте крстени.
Како ќе се дог така. Ние не ги дарувавме кумовите, ама сами се плативме во црква. Така се договоривме, и за свадба и сега. Тие земаа свеќи и нова облека за бебе. Битно ни беше да го крстат, а не сакавме дополнителни трошоци да им правиме Инаку ние кадешто сме кумови не даруваа со постелнина, ама плативме се како што е поделено во црква, плус злато. Така што, како ќе се договорите така
А како не го враќаат бебето на голема молитва? Ама утредента прво прашање е дали е крстено и буквално бркаат од црква. На сред венчавкае ми ја избркаа кумата бидејки малата уште не беше крстена, а што имаше и уште неколку возрасни некрстени тоа небитно.
Па голема молитва затоа прават во ходник, не влагаш во црква. Во две различни цркви бев за двете деца на голема молитва, во ходник седевме. Инаку, да. Срамота е да бркаат деца. Или било кој, ама за деца само прашуваат. Кај мене од возрасните пола фамилија не се крстени, па никој ништо не им кажа ни на свадба, ни на крштевка