Леле нас што ни се случи за голема молитва. Неколку пати прашавме дали треба да се закаже рекоа не,нема потреба. И тој ден во еуфорија брзо се спремаме,купуваме доручек по пат,одиме во црква,кога на паркинг невеста и младоженец. И ништо тие си имаат термин за венчавка,праша мм еден поп (од вкупно 5) рече после венчавката вие. Се вратив до кола (без мобилен) да земам влажни,си рековме ај ќе доручкуваме во дворот додека завршат со венчавка. Кога се враќам,го нема мм со децата,искача од црква ми мафта вика ајде брзо тука ќе ни испее. Јас цела во прашалници,невестата со сватовите пред олтар (уште не беа почнати),ние во ќоше пред една икона со еден од поповите ,2-3мин пропеа,ајде да платиш,ај со здравје Значи можело и во црква,иако знам не смее. Со првото дете во ходникот од крштилницата имавме голема молитва.
И ја сум од Тетово, ама досега кај што сум била кума, а и како гостин на крштевка само кумовите се даруваа затоа што тие го крштеваат. Другите заковни не се даруваа, затоа што немаат никаква улога. Нас како кумови последно не даруваа пари во плик.
Може да се влезе но има почеток средина и крајот е сега на почетокот кога ќе влезеш внатре од лево или десно застануваш и тука чекаш и ти пее попот, на средина и на крајот не смееш со некрстено бебе,дете. Јас и со 2те деца исто поминав за голема молитва.
Здраво Прашањето ми е кога ги крстивте вашите малечки, после 40 дена треба? Дали мајката присуствува на самиот чин? Претпоставувам дека во секој град е исто...од Кочани сум, прашувам бидејќи знаете кога почнат повеќе луѓе да се мешаат, вака било порано, така требало бла бла... Фала
Кога сакате со маж ти тогаш. Секако дека ќе си присутна на крштевката. Порано какви работи измислувале таму нека си останат, во минатото. Ќе си правите вие како сакате
Ќе си крстиш дете кога сакаш и нормално дека и ти ќе присуствуваш.Мајка си, нема дома да седиш по глупи и ретардирани адети и размислувања.
Фалаа, се согласувам со вашите мислења, прво дете и не можам да ги поднесам тие муабети за адети и слично, постојано дискусии а секако дека ке правам ккако шо јас мислам.. А претпоставувате и сами колку е нервозно кога сите "знаат" повеќе од вас
Јас лани крштевав бебеце во Кочани.Родителите сакаа да биде крстено пред 40 дена.Кога се договараа во црквата попот им кажа ако се крсти пред 40 дена,мајката не може да присуствува,не и'дадоа. На самиот чин на крштрвање таа беше во дворот.
По муабетот на свекрва ми на 40 дена ги крштевале и мајките не оделе ,дури на голема молитва исто така не оделе. Првенствено накако натаму го носеше муабетот за и ние така да правиме ама не прифатив јас. На 40 дена голема молитва секако со мене а околу 7 месеци крштевка и нормално и таму со мене. Баш ме прашуваше што правевме на голема молитва. А пак мене ми беше чудно тоа што не била кога цело време за време на молитвата се спомнуваше мајката...
Голема молитва е за мајката според тоа што го пее наводно дека ја чисти од сите гревови. Што мајка бара некој друг да присуствува на голема молитва. Јас 2 во едно правев голема молитва па крштевка нормално и јас присуствував. Само после голема молитва се оди во 1 или 3 куќи.
Не знам стварно и мене не ми е јасно свекрва ми како што кажа свекрва и и маж и со кумовите биле и у исто време фактички и молитва и крштевка ако добро ја разбрав . Свеки како лута да беше шо не сме ја земале ама па од ќерка и има три шо не отишла со неа...
Нас голема молитва ни отпеа внатре во црквата и јас се зачудив дека имав читано надвор дека се пее ама внатре беше.
Јас го прашав баш попот за тоа одење во 1 или 3 куќи и ми рече тоа не е црковно тоа останало обичај од самите луѓе. Значи можеш а и не мораш.
За голема молитва бев јас со бебе, сопругот и во последен момент свекрва се појави. Уште на врата попот и кажа дека молитвата е за мајката и само мајката (јас) и бебето да влезат внатре и толку. Си остана таа во двор во црква. Секако не ни ја планиравме да иди. За крштевката исто си бев јас со бебе цело време. Со кумата заедно ги вршевме сите активности. Јас во главно околу делот да и соблечам алишта и за облекување после. Останато кумовите. Ни некој праша, ни побара свекрва да е тука.
Можеби мене попот ми рече сега одете по гости али не шетајте многу ради вирусиве по можност нигде да не одите. А за во 1 или 3 куќи памтам свекрва ми ми кажа. Јас со првото само бевме јас маж ми и кумот никој друг напрчија нос зошто не се викнати. Прво корона беше, втора работа тебе да те викнам, а моите каде се? Зошто живеат во странство. Друга работа си имаат обичај ее зошто братучетките и братучедите не си ги викнал и затоа одма црвен картон никој да не доаѓа.