Како ги крштеваат поголемите деца, бебето мое не е крстено уште, ке видиме можда на 2 роденден да го крстиме? Колку е темпераментно ке му избега на попот, нема шанси да го избања.
Предлог за подарок за кум ,кума и девојченце? За девојчето мислам ваучер од офис или просветно дело ако имаат,крштевката ќе биде во јули а од септември она ќе биде прваче. За поголемото дете ги дарувавме со машинка за бричење и пегла,а за свадба часовници им купивме. Дали нешто спортска облека на кумот,а на кумата што...? Или по една бањарка за облекување и постелнина за спална?
Да се надоврзам и јас за подароциве. И мене истото ме интересира со тоа што ние венчавка и крштевка ќе правиме заедно. Нешто повеќе треба? И кога се случува дарувањето - во црквата?
Ако и кумата носи спортски работи и на нејзе исто комплети. Јас се мислев по 50 евра да им дадам да си купат што сакаат за да не биде точни па не точни па ајде да се сменат. Или ваучер од дм или сити мол можеш да им купиш па нека си купат што сакаат.
Dali nekoja od vas znae kolku lugje moze da vlezat vo prostorijata za krstevanje vo crkvata Sv.Dimitrija na plostad ?
Кумот купува подарок за детето и облека за пресоблекување во црква. А вие подарок за него. Зависи како ќе се договорите.
Колку само се пренапнува значи со поклоните и давачките, што чинот на крштевка е на втор план. А таков убав обичај е. Еден од ретките што ми се допаѓа.
Mamickii help... Samo sto dobiv a krstevka pravime za nekoj den, pa dali nekoja bila vo slicna situacija? Smeam li da prisustvuvam na krstevkata? Sto smeam, a sto ne? Site razlicno mi velat..
Смееш да присуствуваш. Не слушај други. Тоа се глупости. И на мене свекрвата ми збореше за такви работи. Прави како што на тебе ти одговара. Не треба други да ти се мешаат.
Ние со кумовите се договоривме да не се даруваме. И за свадба и за крштевка сами се плативме во црква. Од кумовите беа свеќите и облека за дете дека им беше мерак, без торти, злато, други подароци. Ние кадешто сме кумови па, ги тераат сите обичаи и купивме се. @macalavica на 2 ипол го крстивме големиот. Супер помина. Многу му беше интересно и се слушаше.
Кај нас кумата купи подарок за децава и плус облека. А требаше само подарок. Она така сакаше. И било незгодно да купи само подарок, па затоа купила и облека. Така да нашата облека си остана за понатака. По неколку дена јас им дадов колекции. За детето облека. А знам за случаи каде што ги тераат сите адети. Искрено... Некои премногу се замараат.
Ние сме кумови кај многу блиски другари, и децата ги сакам премногу. Сеедно ми е дали ќе ми дадат поклон или не, ама и мене ми се too much сите тие адети. Па ајде и во кафана кумот каде е, музика го бара, радост е све, ама многу е искомерцијализирано и реално е голем трошок. Затоа на нашите кумови кои исто така ни се блиски им рековме битно е само вие да сте во црква и да донесете свеќи и радост за крштeвањето.
Кој како сака нека прави, ама мислам дека некои така прават за да не ги збори народот. А јас со тоа не се замарам. Кажав... Битно да дојдете. Другото е наша работа. Донесоа точачиња и за двајцата. Од оние пластичните. И одма коментар од свекрвата - Срамота било. Требало поскап подарок.
Од каде купувате декорирани свеќи за крштевка? Сакам да бидат убави. Или ги носите во некоја цвеќара.
Katjaflor-flowershop на инста, купува од црква и декорира јас од кај неа и за свадби крштевки нарачувам