Срам/ не срам ќе прашам. Што да му облечам на синко до црква? 3 месеци е. Комплетче дотеранско? Смее по кратки панталончиња? Не знам како оди, не ми се смејте
Мислам дека не се исти, ама можеби ќе се најди. https://www.facebook.com/share/dyLUqSpquUwvW4MC/?mibextid=qi2Omg
Нешто слично гледав на фб, страницата мислам беше Naka vezenje, така нешто. Побарај, ако веќе не поминала крштевката
Пред скоро 5 год за првото дете им купивме машина за еспресо (околу 100€) и по една кошула и на двајцата, а погача вино бомбони тоа стандард нели. Така си се договоривме. Летово пак ќе се мислиме… Не знам ни колку е “доволно” веќе
Ако има некоја во Србија да ни набави на сите bozur_platno на инстаграм за модел и со свој материјал кај некој добар кројач?
Ние сме кумови сега и се прашвам и јас од нашата кума : купив бањарка и крпа ,фустанче, чевлички, боди, хулахопчиња, чорапчиња, сапунче, шампонче, памперси, златно крвче (му го ставаш во црква на облеката)свеќи, торта, бовчичка со плус алиштенца, и големо кебенце... А кога за крштевката за моите деца ги дарував кумовите првиот пат направив бовчи за сите,а сега им дадовме пари во плик ...адет друг кога идат да те канат пола од погачата се врака назад и нешто благо... Кумот не смее да јаде и пие додека не крсти .. Го зема бебето од дома за вцрква со него и исто кога ке заврши се треба кумот да го однеси дома и да му дај паричка ова го запамтив бидејќи нашите кумови така правеа... Честито кумство
Кажете некој текст за покана заедно венчавка и крштевка? Не ми иде некако заедно да ги спојам со зборовите