Ова дека кумот треба да е гладен кој го измислил? Носиме деца да крстиме во црква, да се стават во вера, ама со цел воз измисленици од народот. Па кумот ако патува 4-5 саати , гладен треба ли да е пола ден? Не ме разбирај лошо, не е ништо против тебе, ама не ги разбирам конекциите вера+адети ( измислици од народ).
Порано крштевањето било за време на литургија и по завршувањето се причестувале и кумот и тој што се крштевал, затоа требало да бидат гладни. Сега нема врска. Дајте ми идеи за поклони за кумовите и дечиња (5г и 2г) освен пари?
И ние сега скоро бевме кумови. Исто ни кажаа кумот гладен дека треба да биде. @IRBBB нас кумовите ни дадоа пари, а за првото дете кога го крстевме тренерки.
Тој што е 5години би се израдувал сигурно на некоја играчка можеш некој комплет со играчка. За другото детенце само облека зошто сеуште е малечко освен ако нема некој омилен лик па да му земеш нешто со тоа.
Фала ти на одговорот. Ех да ние на 13ти јули закажавме таму, ама немам чуено никакви искуства од прослави таму. Се надевам ќе е добро
Во ист ден правиме крштевка и роденден од 12ч е крштевката,потоа одиме на ручек во кафана со најблиските и кумовите,а потоа од 17ч во игротека ни е роденденот со останатите гости. Се размислувам дали треба да порачам торта за крштевка? Кумата ќе донесе торта,од таа може да пресечеме. Не знам како е правилото,дали треба да има торта. Секако свеќа не дува, или било каков ролат колку да се заблажиме? За роденденот секако дека ќе си има торта,сега на мисла сум дали и за крштевката да порачувам.
Не зошто да нарачувате, кога и треба таа од кумот да ја исечете. Нема потреба од плус торта. Еве и ние здравје во август ќе правиме исто како вас. После крштевката дома на ручек и тортата таа ќе ја сечеме. А вечерта ќе биде роденденот дома за другите гости и ќе си имам нарачано ја торта.
Ние славевме во ноември лани. Атмосферата и персоналот топ, ама храната беше оскудна. Имавме платено за 40 луѓе и кога се договаравме рекоа ако нешто недостасува ќе дополнат. Не само што не дополнија туку и тоа што беше послужено беше малку. Мали пици, мали даски и наместо топла и ладна беа топла/ладна даска. Од таа гледна точка воопшто не бев задоволна.
Me interesira iskustvo so restoran Bis za krstevka? Isto i za tortata? Sto se pravi so tortata (osven sto se jade neli )? Neli za rodenden se duvaat sveki, ama nie porano od rodendenot ke pravime krstevka i sega ne mi e jasno sto so tortata Sekako dzidzana ke bide i sakam da ja izvadam neli gostite da ja vidat i sto ke pravime so nea? Ili nekoja najobicna da si poracam pa samo da ja isecat i da se pocastime?
Ако имате слатка маса, ќе си порачаш и за лик убава торта, ако немате тогаш можеш обична па само да се сечи. Ние за првото имавме слатка маса со балони ова она, па сите се сликавме со бебе таму, си имаме и такви слики за спомен. Твое е да одлучиш како сакаш.
Nema da imame zosto samo vozrasni sme, bato samo e dete, bebe e bebe sekako. Za prv rodenden zdravje ke imame. Znaci nekoja obicna da si poracam, mada merak mi e rozeva nekoja so fondani i slicno... Za slikanje i onaka fotosesija ke ni pravi slikarot.
Па напрај си бе мајка штом е за спомен сликички да си имате. Купи едно шаренко чаршавче и на мала маса нека ви ја стават па таму ќе се сликнете, земи 10тина балончиња намести ги нека висат на масата или околу доле и таман
Ke vidam, moze ke napravam nesto. Zosto za dekoracija na restoranot veke mi e dogovoreno se.. samo menjam nesto vo posledna minuta.
Идеа за поклон за кумови? На децата ќе им купам алишта и играчки. Што да земам за нив? Нема никаква идеја.... Им земав персонализиран подарок од 1000 денари и сакам плус нешто. Што да биде? Или по 100е на двајцата е ок?