Ние им дадовме пари во плико, сметам дека беше најсоодветно место јас да им зимам. Инаку можеш накит, рачна изработка, саат… едит: јас имам добиено како во кошничка чаша со натпис старосватица, мало шишенце алкохол, благо и накит (алка);
Плаќањето зависи од црквата. За поголемиот цената беше 3000, а за помалиот 4000. Во иста црква се крстени. Плаќаат и родителите.
еве ме мене пак се спремаме полека за во сабота за во црква купив бањарка свеќи, алишта ( си купила кумашинката) поклон од нас белегзија златна , големо мече и играчка и мафини во ресторан каде што ќе има прослава што мислите дали е доволно? друга работа колку трае отприлика крштевката таму ли ќе треба белегзија да се стави што и како е процедура малку сум возбудена? и колку плаќаат кумовите знам секој град посебно е ?и дали работите што треба да се носат во црква треба да се украсат некако? цвеќе за мајката
Крштевка трае околу 40тина минути. Доволно си земала, нема потреба за ништо друго. Алката најубаво да ја дадес спакувана или со се кутивчето и облеката да ти ги спакуваат вп цвеќара украсно, и ќе ја дадеш потоа кутијата на родителите. Или како ќе се договориш со нив. Свекрва ми се истрча да му стави златник на син ми, да ја имало на слика, поише беше за да ја видат сите дека златник купила иако бевме договорени дека ќе го даде спакувано, пак си истера свое. Јас лично такви работи не сакам, ако вие се договорите да му ја ставиш алката, договорете се дали кога ќе го облечеш детето или вп ресторан. Во СК кумовите плаќаат 2000, освен ако не покачиле пак. Убаво да си поминете
Феминики поминав јас денес од редот за крштевање во црква другарка ми ја држеше малата јас двете свеќи бевме само блиските а останатите дојдоа на прославата за роденденот,цвеќарката ми ги ставила тоа за во црква во една убава бела кутија а др. мече со балони убаво испадна... крштевањето траеше околу 40-45 мин во велешко иста е цената 2000 ден а за родители мислам 2500 или 3000, прочитав дека другите градови го дарувале кумот, кај нас денеска немаше такво нешто без разлика ова е во секој случај убав настан
Другарка моја ја крстеше внуката од нејзин роден брат. Кумот на брат и им откажа за второто дете, беше во странство и она си ја крстеше во црква место кумот. Сега е ем тета ем кума на малата.
Другар, пријател, старосват било кој може, немора да е баш некој ептен од блиското семејство ама прашајте сепак во црква што ќе ви речат, или пак некој од семејството на кумот што ви е во америка брат сестра ако има или родителите...
Крвно сродство не може. И јас имам случаеви каде први братучеди , едниот му е кум на другиот, ама ние прашувавме баш за ова во повеќе цркви, ни рекоа не може.
Што ќе ми препорачате за поклон за бебето што ќе го крштеваме? Прво мислевме златна алка ама не знаеме дали тоа или нешто попрактично.. 3 месеци има
Мој совет земете му злато. Се останато или ќе добијат или ќе сакаат да си купат. Златото ќе му остане