Јас им купив по еден саат,прво ги прашав да не имаат некоја желба ,ми рекоа не..ги земав по убави,по скапи мислам океј е..јас само кумови Изводот на детето го задржуваат во црква?Треба ли крштениче од кум и родителите?
Епа и јас се мислам нешто така или пари затоа што со бебе немам време баш. Па мислам не, ние кога бевме кумови не ни бараа, само не прашаа дали сме крстени.
Извод носев бидејќи пишуваше на списокот со се што е потребно, ама не ми го побараа. Крштеници не побараа ниту од нас, ниту од кум.
Ете не ми го побараа. А крштеницата ми ја дадоа, си беше спремна. Ама претходно кога закажуваше мм потполнил во барањето, па од таму им се податоците. Попот кога ни ја даде само рече проверете дали е точно напишано.
Ќе бидам кума на детенце чии родители се традиционални. Како е редот некој да ме упати, купувам бела бањарка, боди,облека,чорапчиња, чевлички за во црква. Што друго треба да носам, торта? Тоа во ресторанот после крштевката претпоставувам... Може некој да ми даде насока?
Подарок за бебето ако сакаш, покрај облеката нели за во црква. Ќерка доби злато од кумовите. Свеќи за во црква. Зависи во кој град си, кај нас предвремено се купуваат свеќите и се украсуваат.
Златото се дава во црквата? А торта за во ресторанот носам, сигурно не во црква? И претходно бев кума, ама си бевме договорени они си носеа облека, јас дадов пари во плик, знам купивме свеќи,плативме ние нешто во црквата и толку. Многу опуштено. Сега со адетиве ништо не знам. А пелени си носи мајката, белким не треба и тоа да купам?
За крштевката на ќерка, јас и дадов на кумата памперси од нашите 2-3 да спакува да не купува. Исто и самата ме праша со каков прашок ги перам алиштата за да ги испери, да бидат чисти. Златна белегзија доби ќерка. И ја ставија во црквата додека ја облекувавме во алиштата од кумовите. Ако не е злато, ако е друг подарок, може и во ресторан. Тортата во ресторан директно. Не ја носиш во црква. Едит: во мојов град ептен каде што се традиционални, кумовите одат дома по детето, да го земат и тие да го однесат во црква. Ова не знам дали е баш правило, кај неколку фамилии го имам сретнато.
Златната белегзија јас ја дадов во ресторантот кадешто славеа , и наместо торта имав некои мафини или нз што точно мајката си ги одбра. Во врска со облекувањето мајката си имаше одбрано што и како ќе носи ми ги даде да се завиткаат убаво во кутија заедно со бањарката претходно она си ги имаше испрано дома.За украсување на свеќите ми кажа само колку треба дадов пари.Прашај ги отворено нема тука лутење или па излезете заедно и купете се што треба.
Се купува алишта за да се облече бебенцето - боди, чорапчиња, некое комплетче/фустанче, чевли, лигарка, мекоја машна за глава ако е девојче. И плус бањарка. Јас во ташна носев памперс, влажни, крема. Кумата ги купи алиштата, јас ги исперав. Па ги зеде таа после и го однесе на декорација. Торта по договор, не е задолжително дека мора кумата. Кај мене имаше три торти на кршенката на ќерка ми, трите од мајка ми беа. Се договоривме кумата да не носи и тоа. Инаку поклон исто од кумата имавме златни обетки. А и кумата плаќа дел во црквата. Исто, купува две свеќи големи бели. И евентуално украс/машна некоја да земеш што ќе ги заврзиш на свеќите.
После крштевката попот ни рече од прилика по една недела да отидеме во црква,свеќата да си ја запалиме и причеста ли како се вика да сме земеле за бебе. Битно ли е кој ден се прави тоа?Што треба да носам?Што се прави на бебе?
Да го причестите на литургија. Не треба ништо да носиш, прочитај на интернет те молам што е тоа. Најбитно нешто за христијаните, гуглај света причест.
Ние бевме наредниот ден. Така ни кажа попот. После литургија прво на деца се дава причест и баш убав момент ми беше. Мојава почна да мљацка уште да и дадат хахахах Ништо не прават на бебе. И свеќите ќе си ги запалиш и толку.