Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Женски
    Мајки за крштевката таму кога ќе стигнеме купив кошулка кратка и кратки панталони за овој викенд. Сега времево се расипува, се мислам дали ќе му студи. И друго, дали е проблем дека во кратки доле ќе биде за во црква?
     
  2. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    1.265
    Земи си џемперче некое плус за од горе на копченца за секој случај, можда и панталонки да видиш на долги па да процениш дента. Нас требаше дента да ни врне викендот после Велигден па само утрото врнеше после беше баш пријатно. Ќе менува прогнозата додека дојде денот нема да знаеш дали ќе е топло баш или посвежо ама чисто да не трчаш во последен момент најдобро земи си па секако ќе ги искористите. Инаку не е проблем ако е по кратки во црква бебенце си е тоа :inlove:
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    @Sommer23 , немам слична ситуација и не сум била. Во врска со новиот партнер, дали бившиот маж и твоите знаат за него? Во смисла да не му дојде изненадување и чудно, да не речам непријатно на сите. Да не биде запознавањето тогаш.

    За подалечни роднини, нема што да му ја мислиш.
     
  4. Sommer23

    Sommer23 Нов член

    Се зачлени на:
    4 мај 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Знаат сите за него, но не се запознале лично. Мислам дека си во право не размислив од таа гледна точка. Можеби најдобро да зборам со моите прво, а и со него да видам како се чувствува на таа тема. Мене ми беше повеќе да не е непријатно знаејќи дека сме заедно и работите одат кон посериозни нешта а пак да не го викнам...
     
  5. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Женски
    Да, па претпоставував дека за бебе нема проблем. Да, мора да имам резерва облека, непредвидливо е времето. Фала :inlove:
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    10.425
    Пол:
    Женски
    Дали на крштевката ги дарувате само кумовите или сите присутни?
    Имам слушнато дека треба на сите да се даде по некое дарче или некоја измислица е тоа?
     
  7. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
    Јас и на старите кумови им дадов по нешто, кој како сака кај нас е помал град и така е останато во традиција
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.581
    Пол:
    Женски
    Само кумови
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    @Kasia92 не знам дали најде нешто, топла препорака од мене за Why Not. (y)
    Се наоѓаат до Кафе Morning во Аеродром, цвеќарница е ама девојката е профи и работи со буквално секако тип декорации (роденден, крштевка, девојачко и сл.)

    https://www.instagram.com/why.not.mk/
     
    На Kasia92 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. autumn_s

    autumn_s Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. Сакаме да закажеме крштевка во јуни и ручек во некој ресторан со убава летна бавча, но да не е многу надвор од градот (Скопје). Дали имате предлог ресторан?