Во пантер мис има еден куп избор на кутии, би си купила и со самолеплива хартија би си залепила текст што сакам, чисто како идеја. Јас од тему нарачав дрвени кутичиња за папоче и прва косичка и тестот планирам нешто така да и направам за спомен да си го имам
Женскии ќе правиме крштевка во Јуни. Дајте ми предлог за некоја интересна кутија со порака за канење на кумовите.
Кога се канат може да се кани со благо или пијалок. А се даруваат на денот на крштевката колку што знам јас. Ако грешам поправете ме )
Ние правевме крштевка заедно со прв роденден и многу плачеше зошто се разбира. Многу поубаво е да се крстат децата дури се помали.
Ние бар дента во ресторанот ги дарувавме, откако правевме крштевка во црква(зошто правевме и крштевка и роденден во едно). Ако правиш само крштевка, дарувај си ги во црквата ако немате дента ресторан.
Што се дава како дар на кумовите за крштевката? Дајте ми некој предлог? Другари ни се, имаат и детенце од 6 години.
И нас кумовите ни се другари. Јас ќе им дадам ваучери од Ист Гејт или Сити мол, па да си купат они што им треба.
Јас на кумата и купив ташна која ми ја имаше пратено уште од поодамна дека ја сака случајно уз муабет и ми текна, а кумот го опремивме со кошула џемперче и парфем
Кај нас има обичај за време на крштевката кумот да бил гладен. Е сега, постариве нешто ми викаат дека и детето треба да е гладно. Имате ли нешто слушнато околу ова?
Тој обичај е останат од порано кога крштевките се правеле одма после литургија, а сега нема потреба да е гладен. Ова ми е кажано од свештеник.
Малава ми е крстена уште зимата, ни кажа тогаш попот да ја донесеме кога ќе затопли, ама не го разбрав баш зошто. Нешто и за свеќите спомна. Ај кажете ми што и како треба да направам?
Некој посебен празник треба да е? Не ни спомна ништо такво..а за причест треба ние нешто посебно да правиме или само ја носиме неа?