Некој посебен празник треба да е? Не ни спомна ништо такво..а за причест треба ние нешто посебно да правиме или само ја носиме неа?
Не мора да е посебен ,нас ни рекоа првиот после крштевката може слободно или било кој. Не правевме ништо посебно освен што отидов гладна ама за да земам нафора ,јас лично така сакав не дека морало.
Секој ден е празник, не се чека посебен за да се причести дете. Може да се причести секогаш кога има Литургија. Колку почесто, толку поубаво за детето.
Дајте предлог ресторан на отворено со пристапни цени за крштевка. Ако знаете некој што не е со мени по човек туку на пример со даски по наш избор или слично.
Свеќите од крштевка и тие од венчавка дали знаете по колку време се палат во црква? Фактички, детето се причестува тој ден кога се палат тие од крштевката.
Мислам се различни обичаи. Нас во сб.Богородица Калишта Струга ни рекоа одма да ги оставиме надвор да догорат и не кажаа за причестување на детето отпосле. Ама попот после церемонијата го однесе бебе позади во црквата во друга просторија така што може тоа го прават во ист ден тажу не знам.
Кога сакаш се носат, свеќите немаат врска со причеста. Можеш да го причестуваш секоја недела или секој празник кога има литургија.
Што дававте поклон на кумовите (плус деца нивни) за крштевка (и венчавка 2во1)? Напишете предлози, или барем што би очекувале вие (ако сте кумови) да добиете?
Јас на кумовите дадов часовник, парфем и трета работа не ми текнува што беше. На кумата ташна, парфем и алка.
Јас бев кума пред една година, добив накит од oxette преубав, обетки и алка. Маж ми кравата и каиш од мона. Немавме деца тогаш
Колку пари да дадам за свадба + крштевка? Црковен брак поконкретно, во ист ден со крштевка. Со особава бевме порано поблиски, значи не ми е у најблизок круг денес.