Dali gi kanevte kumovite kaj niv doma za krstevka i sto im kupivte, dali se daruvaat samo na denot na krstevka
Да, за канење шише алкохол и бомбоњера, на детенцето некоја играчка, мало внимание. Потоа на крштевкста им се дава повеќе, за канење - толку.
Дали некој сменил кумови ?Кумовите што не венчаваа со мм не би сакала да го крштеваат бебуш поради битни причини.Не знам како би им кажала сеуште ама одлучна сум други да ми го крштеваат
Јас сум така кума. Јас ги крштевав децата, а друг им беше кум на регистрација. Немаше никаков проблем.
Закажавме крштевка и ни дадоа ливче со потребни ствари … вика две бели и една жолта свеќа. Знам по крштевки што сме оделе еден куп свеќите се украсени … ваљда може однспред да си ги купиме и средиме белите, оваа жолтата свеќа за што е знае некој?
Ние правевме крштевка сега брзо и може пред време да се украсат свеќите. Кумовите дојдоа со веќе украсени свеќи. И нас ни дадоа ливче ама не пишуваше боја на свеќите. Сите ни беа бели. Не знам што би значело
За бебето е тоа, тоа купуваат кумовите не вие. Ти треба пешкир, сапунче и зејтин да однесеш. Нас сите три бели ни ги дадоа. Таа третата е помала и се пали на еден свеќник.
Дали некој правел крштевка на поголемо дете,ке правиме сега здравје на 3тиот роденден.Имаме кума,ја прашавме телефонски дали и одговара датумот и ни потврди,треба ли плус да одиме да ја каниме.за првото синче не одевме да ја каниме специјално сега читам тука се канело.Што да спремам,што да купам подароци,имам кума со 2 големи деца.За првото и купив постелнина од тач а на децата оние кебенца со перниче од дормео ама сега се големи момци.Некако пари ми е непристојно, дали да земам накит ики некој ваучер?Детето незнам како ке успеат да го крстат,ке му избега на попот,и дали ги соблакаат голи толку големи деца,како ке го избања?
Може за децата тренерки како подарок, за кумата пример може ташна, парфем, новчаник или накит. Поголемите деца не ги соблекуваат голи. Облечени се, од водата се става на главата од детето.
Дали бараат во црква крштеница од таткото или мајката или од двајцата мора? Да се приложи како документ, И крштеница од кумот? Прашав и Поп еден ми рече морало крштеница од кумот, и од таткото и не смее кум да биде роднина на пример сестра ми. Не знам дали во сите цркви е вака???
Предлог аутфит за мајка за во црква и после во ресторан да се носи? За првото бев во кошула со кратки и панталони, сега ич не се свиѓам како сум била Сега сакам фустан некој, ама не можам модел да си најдам, да бидат покриени рамениците за во црква. Не знам ни кај да барам, онлајн што разгледав ништо не ми фати око, еден земав ама бојата не ми се свиѓа, сакам нешто крем, розе, лила нежно. Плис хелп
Јас си купив од H&M 1300 ден, маслинеста боја фустанче до под колена, по кратки ракави со мала кравата, со копчиња од горе до доле, со некој убав пад ништо не се познава кај стомакот, јас правев крштевка кога беше скоро 2 месеци малата, и доле носев бели кондурчиња од белмондо. И лесно ми беше многу. Да видиш поминал месец ипол од тогаш имаше и шарени модели и еднобојни.
Можеш за во црква да ги покриеш рамениците со марама, а после тоа да ја тргнеш, ако најдеш фустан со тенки рамки. Исто можеш комбинација елек со сукња, вака нешто Или сет Туку и нешто друго јас да прашам, кажете ми предлог подарок за старата кума (кумата на свекор и свеки), за првото и однесов бањарка, жената има преку 85 години.
И ние правевме почеток на јули, земав фустан од Dona најгоре во ГТЦ. Има многу избор. И мене ми беше со прерамки носев кратко палто само во црква.
И ние закажавме крштевка на средина на август, топло ќе биде јас ќе барам фустсм на прерамки, супер ви е идејава за марама за во црква после за ручек да не ми стане жешко. Сакав да прашам како правите околу хранењето тој ден уште од сега пробувам да смислам во 9ипол треба да сме во црква од 10 е церемонијата. После 11 ќе одиме на ручек со најблиските. Доењето како го организиравте и дали може да земам и чајче колку може да стои ако го направам сабајлето?