Ќе си дадеш да цица. Јас каде и да одам наоѓам место маж ми е до мене и и давам да цица. Немаш потреба од чајче. Имаш цице на тебе хахах. Спремна си.
Да ќе пробам со тетра некако на страна не сум доела надвор од дома ниеднаш до сега или во кола меѓу црква и ресторан некако така изгледа
Ќе и дадеш да цица. Може ќе биде и растревожена од самата крштевка, има деца што плачат и чајче во тој момент нема да ја смири ќе си бара цице. Во ресторанот ќе седнеш на некоја столица на страна и завршена работа. И јас гледам што и да одберам да биде прикладно за цицање да не треба да се соблекувам цела, јас па секаде дојам каде заплаче таму
Пробај од претходно некаде надвор, за да си видиш поза и сл. како ќе ти е најзгодно и плус дали беба ќе сака со тетра. Мојот прв обид помина ептен неславно зошто сакав да ја покријам со таква марама за доење, вриштење до макс. остана гладна 3 и кусур саати ама не сакаше. Затоа од тогаш цела цицка надвор а рачунај имам ф корпа гради, се е надвор е сеа носам пошироки маици па со маицата ја покривам градата. Ако бебка не сака целосно да ја покриеш со тетра, а рачунај жешко ќе е, можеш само градата што "се гледа" за ти да се осеќаш пријатно
Ќе мора да пробам деновиве тука низ паркчињава у маало сум видела доста мајки дојат надвор сабајле кога се шетаме
Исто заборавив да допишам да планираш тоа што ќе го носиш да ти е згодно за доење, јас првиот пат не ја испланирав убаво па на сето нејзино вриштење и цицката не можеш асално да си ја извадам
@Baby warrior леле не си ја мачи душичката, да си доиш кога бебе ќе посака и не се замарај дали е во кола, на клупа или кафана. На кој не му чини глетката нека сврти глава. Тој што го сексуализира самиот чин е малку мрднат со главата. Ако тебе ти е незгодно покриј се малку со тетра, иако ти сигурно нема да бидеш со цицката на мегдан, туку само извадена колку да може бебе да фати. Последно во кафич ја доев и само малку се подзавртев со грб накај другите маси. И искрено баш ми е гајле кој што мисли. Не се замарај, не носи чај, само гледај да е френдли за доење облеката што ќе ја носиш единствено за на тебе да ти биде полесно.
Да супер совети ми дадовте, ќе мислам нешто нс копченца да е горе или прерамчето да коже да се симнува лесно. Повеќе ми беше временски кога како да искоординирам пошто некско си мислсм дека 20мин сликање пред црква+40мин церемонијата+10мин додека излеземе до коли всму таму поминале саат ипол и пола саат пред да стигнеме да ја надојам ете ги два саати / што е период за доење во главчето на моја ќерче на два саати /максимум 2ипол рикнува за млекце поише тешко издржува ова дебелко газенце мое така да пред да стигнеме во ресторан ќе мора да се организирам или па одма штом стигнеме
Иначе он топик …. За кумата и кумот пошто ни се другари ќе купувам поклончиња викендов и си ги купив свеќите од црква однапред за да си ги икрасам пошто кумата ништо не ми спомна а незгодно ми е да и кажувам некако… ми рече облека за бебка сакала да купи ќе ми сликала и толки беше муабетот и јас и имам спремено фустанче за до црква мое, па она вероватно ок е да ја облече во нејзиното кога ќе ја изнесе од црква?! Друго што треба да знам за адетиве ич не сум по тоа … попот ни е другар и ми вика ништо не треба да знаеш ќе ја пробањам ќе поплаче и ќе си одите да јадете
Кумата носи бањарка и ја ставаат во раце кај неа на таа бањарка после треба да ја облече во нејзини алишта и по адет да преспиела во тоа. Тоа е од адети. Ќе и сецне попот и од косичката тоа го чуваме.
Знаете ли кој може да ми изработи вакви дрвени елементи за декорација на свеќите, не ми треба слонче ама сакам името да го има?
Зависи за кога ти е ,на тeму да видиш или овие што гравираат на дрво ,, идеја мк " ,,уникатни подароци " на фб
Мајки што мислите, кога е најдобар момент за крштевка? Додека е бебето уште помало или накај годинка?