Што поскоро се крсти, поубаво е, станува дел од Црквата. Доколку имате можност крстете го додека е мало.
Додека е помало дефинитивно, помина све бебе ми беше 2 месеци нецели, не плачеше, спиење цело време црква, ресторан јас мислам роденден си е роденден, крштевка е крштевка. 10 души бевме со све кумот и кумата, само родители и браќа сестри.
Од наше искуство додека е помало. Ние правевме роденден и крштевка заедно, абе се помале од плачење. Не можеше кумот да го додржи од што вриштеше и се тегнеше, ќе му паднеше од раце. Кумот пребледе од паника што го фати, па татко му го држеше до крај на церемонија. Попот едвај го избања, кумата не можеше да го облече. Од црква излезе помодрен од плачење. Со овој памет, бебе точно на 40 дена би крстила.
Исто и ние ќе правиме. Два месеци и некој ден ќе биде, со 14луѓе најтесно семејство и кумови … бевте на ручек после церемонијата? Уште немам одлучено кај да резервирам а да е климстизирано пошто на средина на август верувам ќе фати пак пекол
Бевме Ореовлад и искрено уште беше ладничко тогаш, јас некако смрзнав со фустанчето, надвор бевме во тие летниковците, храна и пиење кој како сака, малку бевме и супер беше храна така да добро поминавме, крштевка во Св Петар и Павле правевме во Ѓорче. Незнам дали сте биле Дворец, сум слушала убаво е на кеј е тука на тетовска трошарина пак ви е блиску, исто летниковци има незнам дали има некои вентилатории...
Можеби секаде е различно,случка од пред некој ден прво се венчаа,а потоа го крстија детето во исти ден.
Тоа што се венчале па крштевале дете нема никаква поврзаност со правото било кој без разлика на вероисповед да се крсти по своја слободна волја, без притоа да има венчани родители.
Мене на ливчето од црква за припрема што ми го дадоа пишува кумот да е задолжително крстен мајта и таткото не се спомнуваат
Тоа поповите си измислуваат како што им одговара. Единствен услов е кумот да биде крстен. Двајца родители будисти, муслимани или било која вера, ако сакаат можат да си крстат дете во православна црква.
Знам повеќе примери каде не сакаа да и го крстат детето бидејќи не се венчани,може сегде различно,но овде барат венчани родители.
Имам на пријателки мали што ги крштевале и се утепале од плачење... нема правило. Мене првото и второто ми се на 1г крштевани (на роденден). Видеа слики имам, весели, насмеани, муабет со попот си правеа Си се бањаа, шлапкаа, без а да речат Третово па на 1ипол год здравје ќе ја крштеваме. Кумовите не беа во можност да дојдат сега за роденден да направиме и крштевка...
Тоа ќе пишев, сега крштевавме кај што сме кумови, 1 година бебето се изнаужива, глас не пушти. Дефинитивно до бебето е.
Секако дека нема правило. Јас пишав ние како поминавме. Врз основа на тоа, ако некогаш имам второ дете крштевка ќе правам додека е помало. Многу полесно е да држиш бебе што плаче и можеш да го смириш со цуцла или тропалка, отколку дете од 13+ кила што мава со раце, нозе, па и глава
Кај нас ќе биде смешки, кумовиве прв пат ќе ја видат на ден на крштевка… не сакале порано малечка била два месеци ќе биде, обично кога гледа нешто ново е ептен мирна се надевам нема да се развришти цуцето ќе и го закачам на фустанчето ама којзнае дали ќе издржи, попот ми рече цела церемонија трае отприлика 40мин