Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Браво баш вака! Јас сум кума ама уште не сум крштевала здравје како што викаш како за мое со мерак, голема е честа некој да те одбере за кум треба да се врати со иста мера и почит :inlove:
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Мојата на 5 месеци ја облекоа во фустан за 18м, а им кажавме дека си купивме и се налутија, па мораше нивното да го носи
     
    На SummerGirl и Baby warrior им се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Хаха ах ич не се секирам нека се љутат. Ќе го видам во живо фустанчето во црква ако е ореголемо и не личи на ништо си го вадам моето 8)
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Женски
    Не си замерувај за едно фустанче. Не вреди. Нека ја облече кумата во црква, па во ресторан соблечи ја. Како да се измокрила. Никој нема да се налути. ;)
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.480
    Допаѓања:
    335.036
    Пол:
    Женски
    Во црква кумата го облекува бебето во нејзини алишта.Штом ви е кума валда сте блиски, кажете си за точно бројче и готово.Така си е адетот секаде.После во ресторант ке си го преоблечето бебето.
     
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Па кумата знае кога е родено бебево мое :D ама толку и се шетало во првата продавница немало мало бројче и купила што нашла … пак ке речам малце треба да се потрудиш и мерак да имаш за вакви работи (highfive)
     
    На SummerGirl, MeowMeow, Mrs.Sofija и 2 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.480
    Допаѓања:
    335.036
    Пол:
    Женски
    пак на крај останува она да го облече.Тоа и попот ке ти каже.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи, кај нас малово (тогаш година и 4месеци) се откорна од плачење и попот рече мајка облечи си го малото. Кумата помогна нормално од мерак, иако не и дозволи да се приближи од клоци и врискање ама тоа е друга тема.

    Дефинитивно држи вода дека кумовите треба да имаат мерак и желба да се посветат на таков убав чин. Нашиве се испозамараа и за сè прашуваа за консултација. Дури кумава ги донесе работите да видиме пробаме па да ги испере и испегла пред чинот. Па ако кумовите тераат инает и не се замараат, скроз ја разбирам мајката да си земе своја облека и да им даде таа да ја облечат за фотосесијата на крај. Не би сакала да е во 3 броеви поголемо на слики и чин кој еднаш се случува.

    По адети и насоки дадени од попот што треба да донесе кумот- облека од кумовите никаде не стои. Тоа мислам си е пренесувано и измислено од народот.
     
    На MeowMeow и Baby warrior им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.480
    Допаѓања:
    335.036
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 не знам, јас секаде каде што сум била,башка и моите..секаде кумата си носи облека.

    И кај нас беше фустанчето поголемо бројче.Големо чудо.Ја облече, после 20 мин во ресторант ја преоблеков јас во нешто поудобно.

    Крај краева не земам за кум некој што не ме почитува ама ич.Нели?
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Ја да бидам на сејф сајд, фотосесијата ја закажав пред да влеземе во црква :D ние од дома ќе си ја облечеме па за излагање до ресторан ќе видиме 8) ќе обавестам како сме поминале и дали ќе има циркузи
     
    На SummerGirl, MeowMeow и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.256
    Допаѓања:
    27.036
    Пол:
    Женски
    На големиот правевме крштевка кога беше 5м, се собравме најблиските само на ручек во ресторан. Моите, на мм фамилијата, кумовите, старосватите и деверот.
    Кумовите ни се другари, па со кумата тогаш заедно бевме по продавници да купиме. Знам дека облеката целосно беше од нив, и бањарка, торта имаа земено за во ресторанот и поклон во плик му дадоа тогаш. Злато немаше, еве од вас слушам дека кумот 'мора' да купи злато. :)

    Тогаш ги дарував само кумовите, и сега исто ќе биде само наместо поклони, ќе им дадам пари па да си купат што им треба.

    Сега за малата исто, здравје кога ќе биде 5м ќе правиме крштевка, пак истите луѓе само што сега сите имаат деца, ќе има +6 дечиња и се мислам каде да закажеме, дали да биде некој ресторан со игротека да има каде да поиграат децава.
     
    На SummerGirl и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    681
    Пол:
    Женски
    Треба кумовите да го облечат детето од глава до пети, но нема да дозволам детето на крштевка да ми биде во што се вика “5 броја поголема” облека или пак нешто што не личи како за крштевка само затоа што некој не сакал да се замара. Мене ми е мерак за мое дете и еднаш го правам тој свечен чин, без разлика што подоцна можам да го пресоблечам. Ако некој не се замара за крштевката на моето дете, јас ќе го замарам да си направи како што треба.

    Во секој случај мислам дека во денешно време барем кога станува збор за млади луѓе (најчесто пријатели), а не старо кумство со некој што во живот не си го видел откако знаеш за себе, луѓево се посвесни и разбрани. Гледам најчесто или заедно купуваат со мајката, или се консултираат што да купат или во краен случај мајката ќе избере облека за детето (за одреден буџет), кумовите ќе го купат и сите среќни и задоволни, и адетот истеран. Ние кога бевме кумови пред два месеци така направивме. Така планирам и ние кога ќе правиме крштевка во октомври со нашите кумови.
     
    На SummerGirl, MeowMeow, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    2.964
    Пол:
    Женски
    Син ми јас си го соблеков и облеков, попот ми рече така. Злато не доби од кумот, ниту друг подарок. Не знаел, не можел, не е важно. Важен е чинот. Инаку, се беше од него, облека од глава до пети, бањарче. Освен памперс, тоа јас си земав.
    Кога крштевавме земав како за мое дете, бело фустанче, чорапчиња, чевлички, машна за глава, персонализирано бањарче, златни обетки, торта. Мерак ми беше ептен, бидејќи многу сакав ќерка да имам :inlove:

    Златото не е мерка за меѓусебното почитување.
     
    На pianogirl, Mumoftwo30, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    11.954
    За месец дена ќе правиме крштевка, на кумовите на свадба им земавме саати, немам ни најмала идеа што би им земале сега, по колку пари да ги даруваме ако не купам ништо? Плус и со две деца се ај нив ќе ги измислам некако облека нешто ама возрасниве :?:
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    Ваучери за спортска опрема, cosmo ваучер за парфеми козметика итн
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    681
    Пол:
    Женски
    Парфем, ташна, новчаник, накит
     
  17. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    5.573
    И ние за месец ќе правиме, исто часовници им купив за свадбата а на децата постелнини. Сега немам идеја, се мислев за кумата чанта од Мона ама па се е поскапено што значи и буџетот за купување ќе биде поголем:doh:.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    11.954
    И јас ги гледав, малку забегале со цените нема испод 12 голема/средна ташна, а тоа мислев за двајцата да е буџетот, не е свадба. Ама ми даде идеа, може ташна и паричник за кумот да побарам.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    5.945
    Пол:
    Женски
    Јас си сакав бело си купив мн убаво комплетче од зара везено цело како ромперче со џемперче со копчиња, ладно беше тогаш уште, и хулахопчина од окади. Си ја средив пола слики е во таа облека после кога рече попот да се соблече детето да се крсти, кумовите имаа купено фустанче малку поголемко ја немаа видено, и мојата не дебелка ама долга и фустанчето како со боди, хулахопчина, кондурчињата и пливаа и за најмало бројче моето беше прематурче. Ама најубава ми беше па кога и ставивме на главичката едно стегаче со ѕвездичка златна баш испадна како што сакав и они крем бело фустанче само кондурчињата златни и таа ѕвездичката. Сакам да ти кажам да не се секираш, моето и најмало да купеа пливаше во 50ка број. Битно убаво помина све, мирна беше ние после тоа убаво прославивме и така. Ќе биде најубаво уживај во моментот и не се нервирај.
     
    На Трагедијаупмм и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Јас за кумата купив накит / oxette/my time/pandora/smaragd чисто за идеја погледни има за сечиј буџет
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.