Нашата крштевка помина, преубаво си поминавме. Бебка малечка два ипол месеци поплака малку ама воглавно беше мирничка. После црква цел ручек го преспа во ресторан што ми дојде супер да не ја пипкаат префаќаат сите си спиеше во количка спокојно ние си мезевме иначе како хајлајт на настанов ќе го издвојам сликарот … какви јбави фотографии за спомен ни направи … буквално секоја емоција ја има фатено од денот. Прекрасно! Го препорачувам од срце оставам и негов инста https://www.instagram.com/studio_49_?igsh=MWprbWIxeng0bGYxeQ==
Здраво, Дали може да ми кажете од Ваше искуство колку одат цените за фотографирање на крштевка од 1 час? Поздрав
Ние имавме викнато за молитвата 2500 ни побараа, е сега можеби цените им се различни за свадба крштевка или некој друг настан
Zdravo zenski, bebcevo moe pravi 40 dena kraj na septemvri pa togas sakame i da ja krstime, da mi predlozite restorani ubavi za toj period? Da ima i zatvoren del deka togas vremeto stanuva nepredcidlivo
Предлог ресторан за крштевка ? 10 луѓе само најблиски и кумовите, нешто со фиксна цена по човек. И дали се даруваат кумовите и фамилијата ?
Ние правевме во форца новата во дајмонд мол, 15луѓе исто најблсиките немаат мени класично ама си имавме нарачано и договорено однапред даски месо салати и ептен беше убаво како ручек фамилијарен
Дојдов за да прашам дали ја правите ко свадба со живи музики чуда. И среќа видов дека не Единствената крштевка кај што бев после ковид беше таква Искрено премногу ми е тоа за мало бебе ,сакам да ја направиме додека е потопло. Низ глава ми се врти 21 ви септември... Да не е многу брзо ќе успеам ли да организирам ? Планот ми е само блиските и закониците. Кумови како се кани ,покана само...погача ? Јас правев една крштевка ама со ковид закони па не знам како е правилно И некој ресторан со игротека да препорачате низ Ск ?
Ја немав поима дека се канеле кумови за крштевка после ми спомна другарка. Ја се јавив кај кумовите - дечки ви одговара ли за три недели да крштевате бебе - одговара! Супер закажуваме тоа беше муабетот немавме музики чуда … како ручек убав фамилијарен си беше
Ореов лад бевме исто 10души, околу 15000 не фати слободно кој што сака. А одлична беше услугата. Јас дарував кумови, пари дадов, најпаметно мислам, па кој што сака ќе си купи. Јас што ми донесоа моите кумашини да не коментирам, немам што да правам со работите. Да си поќутам. Мислиш како да сме 1980та. Треба како за себе кога купуваш така да земеш и за некој човек поклон, ако не знаеш што тогаш пари, таму немаш грешка.