250 Евра, 200за кумовите со две мали деца се , и за мајката на кумот 50евра. И слики албум еден од денот им плативме.
Кршевка и роденден што правите во ист ден, дали облеката што ја носат кумовите треба и на роденденот да биде истата?
Не треба, јас си сакам да ја облечам на роденден јас како сакам, не како што замислила кумата. Јас на пример кога крштевавме и реков на кумашинката заедно да одиме да купиме да си избере што замислила она. И така и направивме.
Во право си што си го преоблекла. Јас сама ги купив алиштата, потоа кумата ми даде пари, а јас неа алиштата и ги дадов.
Крпа и сапунче оставив во црквата, така ми рекоа од таму. На кумот не дадов. Кога бевме кумови ни дадоа.
Јас во црква, кога ја облековме и попот рече може да си честитате … тука почнаа сите и моите на нас поклонче и ротелителите на маж ми поклонче за бебето / пари и злато па природно ми беше и ние тогаш на кумовите.
Кумови сме нареден месец, во друг град. Дали може да купам свеќи од мојот град, од црква за да ги украсам, или мора од истата црква кај што ќе е крштенката?
црква си е црква, сигурно нема да одиш до друг град за да купиш свеќи. купи каде тебе ти е наједноставно
Дали сте крштевале дете на 2г и како помина процесот? Се си мислам дека голем дека повеќе разбира ќе се плаши? Инаку воедно веќе ќе бидам породена со второ па сакам и тоа таман ќе има 40дена направено на еднп двете да ги крштевам. На првото би му било и роденден дента или ден подоцна па каде сте прославиле? Мн малку роднини имаме со деца едвај 5 за во игротека. Предлог?
Ние ја крштевавме големата на 2 години и одлично поминавме. Малку само поплака попот кога ја зема и толку. Тоа е веќе големо дете, разбира се и ептен лабаво си поминавме. Си јадеше се, не се замарав со доење, со сите си играше (додуша само ептен најблиски бевме). Фотосесија без стресови си имавме. За второво исто не планирам крштевка пред прв роденден. Мене повеќе би ми било за малото што ќе ти има 40 дена. Премало е , а куп луѓе, имунитет 0. Ама вие си знаете за тоа.