Можете ваучери. Пр. ваучер од 3000-4000 ден (или повеќе, зависи колку може да си дозволите) од некоја продавница (H&M, Koton, dm, некоја за накит....).
Во март како кумови ќе крстиме дете. Што се треба да купиме ние? Во мај моето ќе го крстам кажете ми конкретни идеи за подарок за кумовите и две мали деца. И дали треба и некој друг да дарувам или само нив?
Вие како кумови купувате три свеќи од црква (и 2 од нив украсувате по желба), бањарче за детенцето, целосно треба да го облечете, до боди чорапчиња, фустанче/комплетче, јакничка, обувки (се што ќе носи), подарок за детето по ваша желба (често се купува нешто златно), плаќате дел од сумата во црква и не сум сигурна дали требаше нешто друго за во црква (вино, масло), тоа може во црквата да си прашате. Се носи и нешто благо, ние носевме торта кога крштевавме дете. За нашата крштевка, ги дарувавме само кумовите кои немаат деца, им купивме парфеми, но зависно од буџетот може новчаници, за кумата накит- едно парче или сет, ташна, часовник..
Што давате за крштевка на кумот? Пари или поклон? Не сме ич блиски и немаме контакти со нив.Само кога е крштевање и еднаш кога одиме за Македонија заради поштовање одиме кај нив. Да сме поблиски би ги праша што би сакале. Се мислам на кумата ташна,а на кумот саат,фротирени крпи на двајцата и уште некоја ситница кожен каиш и нешто накит.Ама тогаш не сум да дадам пари(дека поклоните планирам да се некоја марка и се поскапи ) само на малиот кум би му дала пари и играчка. Мислам дека ако дадам пари,ќе се потрошат и некако нема да им остане во сеќавање. И треба ли да го дарувам и старејкото или како е ред?
Старејко не се дарува кај нас, за кум и мене ми треба идеи. Околу колку пари планираш за нив подароците.
Искрено мене ова ми е премногу Фери ама ти си знаеш. Ние нели во мај планираме и само да речам ташна и саат ни се мота. За девојчето малата кума ќе видам што. Или нешто марка некој накит сет за кумата. Парфем не оти ќе се потроши брзо. Нешто да остане. Ќе видиме што.
Па мислев по одприлика 100еу од човек за поклоните,за детето пари и играчка,дека за деца не се исплаќаат скапи поклони плус ситните работи,ама како што вика @Jolene можеби е и многу. Уште збирам идеи. Не знам ова крштевката како беше адет.Требаше комплет да даруваме како за свадба или онака се даваа симболични поклони. Да не ја грешам работата. Паралелно барам и облека да сме сите исто облечени.Ќе биде светло плаво со крем памталони мажите. Јас и синко има сме речи кажи спремни.Девојката и фали уште фустанче и на маж нова кошула. Спојлер: Фустан
Има ли правила како треба да се облече дете после крштевањето нели бел фустан или може и во боја? И дали знаете каде можам да најдам исти фустани за мене и бебулка?
Ние сме блиски. Прашав и ми рекоа тоа е желба на родителите што ќе нѐ даруваат. Јас пари дарував, и нив и на нивното 4 годишно детенце. Нема никакви правила, облечи си дете како сакаш така.
Барам мислења за фотограф за крштевка и роденден па наидов на ова, дали препорачаниов фотограф ги праќа сите фотографии или како повеќето што прават само да одбереш неколку и тие ти ги праќаат?
Барам мислења за фотограф за крштевка и роденден па наидов на ова, дали препорачаниов фотограф ги праќа сите фотографии или како повеќето што прават само да одбереш неколку и тие ти ги праќаат?
Дали може да се крштева дете додека се оспорува таткоство на суд? Додека се оспорува во извод ќе биде друг татко поради бракоразводна постапка.