Според законот морало да поминат 300 дена од правосилен развод за да може биолошки татко да си призне дете . Јас тој закон не го знаев , и додека не се оспори бившиот на суд како татко , тој е заведен во извод на родени. Иако уште не сум го добила
да точно, тоа е еден од нашите поглупи закони, како правна претпоставка се смета дека татко на детето е бившиот маж, ако се роди 300 дена по разводот, но за крштевањето не знам зошто би имале проблем, црквата тоа не би требало да ја интересира, освен што знам дека бараат извод за детето и ваљда родителите ги препишуваат од таму кога даваат крштеница, ама може да им кажете каква и ситуацијата, мислам дека не е ништо страшно, сепак е црква.
Поглуп закон не можеле да стават. Се разведувавме од 2023 година. Од Ноември 2025 сум по тие шалтери и уште извод немам за детето. Прашувам бидејќи не верувам дека до Септември ќе го оспориме како татко .
па тешко, бидејќи си се разведувала знаеш колку време се чека за рочиште, па пресуда па да се спроведе тоа
нормално пошо треба судијата да го потпише предметот, па службеникот е на одмор, па на боледување итн.
Да и JR Photography ги испраќаат сите фотографии, преубави беа, ние добивме премногу не можев да изберам
Здраво мајки наскоро ќе правиме крштевка па ме интересира што треба да купам јас, околу дарувањето дали сите гости се даруваат или само кумот Кумот не ни е мажен ни девојка нема па ме интересира за неговите родители ако веќе само кумот се дарува дали и нив треба. Ново кумство маж ми и тој се другари. Доколку сите треба да се даруваат што би купиле поклони на другите гости?
Мајки, што мислите дали е доволно подарок од ококу 50 евра за кум, 50 за кума и по 50 за две деца? Значи вкупно би дошло 200 евра? Пр. Обетки од Пандора дали би било доволно? Искрено, немам идеја што би им купила.. Имате некој друг предлог?
По толку мислев и јас да дадам. Ама ние и ќе се венчаваме плус. Лелле а ја ни фустани за нас двете, ни фризер, ни маж одело ништо немаме ни смислено ни купено. Ама ти каква што си убава, мислам дека нема нешто што не ќе намислиш, а да не ти стои убаво . Купивте ли веќе поклони?
Обетките во пандора се прескапи сега за мајка ми купував за 8ми март, ѕирни и во my time има мн убав накит често купувам од кај нив. На кумата и купив огрлица од таму преубава
Здраво, како испланиравте во колку ви била крштевката, во колку ресторанот? На некои 20 мин е одалечено. Мислев 12:00 крштевка, 14:00 ресторан дали е ок
Има околу 3300, евентуално до најмногу 6000 ден би одела за кумата. Ги гледав на страната, не сум била во продавница. Во my time сребрен е накитот?
Зависи колку луѓе ќе ви дојдат во цркава, на сликање би се задржале. Инаку, мислам дека е ОК. Дури и да задоцните во ресторанот, нема да е проблем штом имате резервација.