Мислам дека е сосема доволно и нема потреба од повеќе, бидејќи се дава нешто симболично. Исто и јас размислувам на кумата да купам сребрени обечки, мислам дека е добар избор тоа
Здраво, немам број ви го оставам нивниот профил https://www.instagram.com/galaxygolden.decor?igsh=d3hhanZyaGRwdTh6
јас во последно време со сите имам проблем, за кетеринг не ми враќат, фотографи не ми враќаат, за колачиња, сите имаат многу работа и до ништо не им е дојдено
хаха фала, договорив веќе фотограф, едвај мислам дека пред некое време некој прашуваше ама не можам да го најдам мислењето, сакам дрвени такви на свеќите да го пишува името, тоа да не имаш некое место да ми препорачаш?
Здраво Дали некоја од Вас знае да ми каже последно цени кои се во во црква за венчавка и крштевка? Благодарам
Крштевка е 5000 (3000 татко 2000 кум) венчавка беше 6000 пред 3 години. (1500 свекор, 1500 дедо, 1500 кум и 1500 старосват)
Фала ти на комлиментот Уште не сум купила.Сега се мислам да не е многу шарен фустанот.Ама па многу убав материал за лето е и сум на два ума.Дали нов да барем или овој да го носам. Има време за поклони.Моментално се замарав со одмори каде што да одиме. Имаш ли замисла во што планираш да одиш или уште бараш?
За сликање ни побараа 5000 ден за во црква, а за во ресторан 1000 ден од час. Да не е малку претерано? За крштевката на ќерка ми, пред 7 год плативме една цена за црква и ресторан до крај. Колку плаќате за сликање? Кај сите е вака скапо?
Јас ги најдов на Инстаграм https://www.instagram.com/geric_photography?igsh=MXE2eXYxaTE3M2s2cg== 2500 сликање во црква и мала фотосесија после крштевката. Во ресторан не, зошто мала е крштевката ми нема поента.