Воглавном поголем број фукнкционираат така. Стартна цена за 2-3 саати и секој нареден се доплаќа. Ние така имавме за свадбата, дека беше мала па не ми се исплатеше 300 евра за фото студио да давам.
Ова е некоја новина во последниве години? 300 евра е навистина премногу. Сепак, преку слики ќе земат добра сума на пари.
Ние правевме свадба во 2018та кај Баба плативме 600еур ми текнува за свадбата и тоа беше некој просечен пакет имаше и поскапи имам мн убави фотографии и love story од нив супер беа. Сега цените после мн години верувам се триплирани
Јас им дадов кога стигнавме во кафана за ручекот. Мала крштевка имавме. Родителите и кумовите само. Им дадов и си седнавме да ручаме.
И ние во ресторан кога стигнавме, мало заблагодарување за денот и честа и им ги дадовме. И нашата крштевка беше со 14луѓе малечка и преубава
Здраво на сите, Ако му треба фотограф за крштенка цена 2500 со мини форосесија девојчево е супер https://www.instagram.com/ikkaphotography?igsh=MWY5bndqcnhoajkyYg==
Едно глупаво прашање, пешкирот за попот за во црква така ли со етикета неперен се дава? Претпоставувам да ама сепак да си прашам
Јас така го дадов. Ни на крај памет дека треба да се пере. Крпа, вино, масло и сапун се дар за црквата, а не за попот.