Прескапо е. Нема што да очекуваат никаква обврска немаат на крштевката. Старосват се дарува на свадба. По старо останало дека на крштевка се даруваат сите, за мене лично тоа е луксуз што не можев да си го дозволам. Моите старосвати не ни дојдоа на крштевка, не можеле.
Абе и моиве беа нешто во тој фазон не знаеме дали ќе дојдеме, ама јас и покрај тоа пак ги мислам. Дури и си реков ако не дојдат на крштевката кога ќе се видиме ќе им ги дадам поклоните. Изгледа премногу се замарам непотребно.
Ќерка ми покрај нели облеката и крпа за во црква, свеќи, сето што следува за таму доби плус златна белезица. И торта за во ресторанот.
Јас сега крштевав - облека, бањарка, златен крст и плус играчка подаривме дека прв роденден и крштевка беше. Торта се договоривме да не носиме ние. Лани исто бевме кумови, само крштевка правеа, подаривме облека, златен крст и торта.
Инаку и моите старосвати откажаа Имале други трошоци во моментов - тоа беше одговорот. Јас искрено ништо не ни барам ниту очекувам да донесат, само сакав да дојдат, и пак поклон имав испланирано да им купам без разлика дали ќе се појават со подарок од 100 или од 10 евра. Среќа што не купив во меѓувреме.
Јас би рекла да земиш. И да не ги облечете во црква, ќе им останат. Инаку и кај нас имаше од кумата купени.
Јас ептен се разочарав. Сфатив дека сум згрешила во изборот на старосвати. На моиве изговорот беше дека не можат да се ослободат од работни обврски. Кој сака да дојде и кој те почитува ќе најде начин како. Тоа е. Они губат
Да да, можеби има луѓе што канат заради поклони и гледаат кој што купил, ама мене најсериозно апсолутно не ми е важна вредноста на поклонот, многу повеќе ми значи честа да дојдат, бидејќи штом сум ги одбрала за старосватови значи ги почитувам. Ама како што кажа, они губат, особено во нашите очи.
Во контекст на ова баш со свадбата и после крштевката на детето сфатив на кој воопшто им сме битни и може да сметаме. А и за едниот и за другиот настан имавме изговори од типот - далеку ни е да патуваме таму, бевме минатиот викенд - едни роднини - си имам организирано дружба од претходно - друг роднина - немам финансии - трет роднина итн До буквално и такви што небо и земја што се вика преместија за да дојдат на настаните. Во различни години двата настани меѓу другото. Е овие се тие што ја имаат мојата почит доживотно и за кои и на сред ноќ би станала да им направам услуга. Реално нека е и крштевка скоро па никој не закажува преку ноќ и да кани од денес за утре. Во најмала рака недели, па и месеци унапред за знаат датумите.
Скроз си во право. Ние уште не сме славеле роденден ова ни е поголем настан откако е роден, ама сфатив дека дел од луѓето што сум ги почитувала не ја заслужувале таа почит и исто така сум била позитивно изненадена од луѓе од кои не сум очекувала да ми направат чест. Како и да е, и двата типа ти ги отвараат очите. Не ми е целта да оговарам, не сум лута-разочарана сум. Крштевката беше најавена повеќе од еден месец однапред. А “имаме трошоци” (а во позадина тераме скапи одмори) не е валиден изговор освен ако за трошок не го рачунаш времето кое ќе го потрошиш на крштевката кое е неколку часа за викенд. Јас уште барам совети тука што поклон да купам. Имав тргнато во Ист Гејт по ваучери од по 5000 ден и буквално пред да ги купам реков да ги прашам за секој случај пред да купам (не очекував дека ќе ми кажат не) ама ете…
Нашите сите знаеа кога ќе правиме крштевка уште пред да се роди ради името, мерак ми беше на празникот да ја крстиме. Значи знаеле најмалку 6 месеци претходно и можеле да се спремат. Јас сум лута затоа што јас да направев како они мене ќе слушав предавања, па како можам, па како јас не ги почитувам, а јас ништо не реков и нема ни да речам. Ме боли што не можеа работа да откажат за 2 саати чест, а можеа после некој ден да откажат работа за да одат на одмор две недели.
Не мора да сте венчани. Треба да сте крстени. Јас и сопругот не сме венчани во црква, а децата се крстени
Дајте некоја идеја за подарок за крштевка? Одамна не сум била, блиски пријатели ни се и мислам имаат сè реално... и пари да се, не знам сума од прилика која е прикладна.