Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    2.369
    Пол:
    Женски
    Мене најлесен подарок за кај блиски ми е сребро. Може да нарачате ланче со името на детето или да купите ако ви треба за побрзо ланче со буквата од името, плус обетки и алка. Среброто е далеку поевтино од златото, а сепак е убав подарок.
     
    На Anaroz1 и Lor им се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    7.613
    јас мислев само нас ова ни се десило, исто и ние правевме крштевка на именденот, знаеа 6 месеци унапред, се паѓаше работен ден, мислам ние не каневме никој само родителите на маж ми, кумовите и моите пошо се починати тетка ми, сепак они не успеа на искочат од работа порано 2 саати:drunk: а исто после си земаа денови да си спојат викенд во грчка, одма после крштевката :D
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. xo.xo.gossip.girl

    xo.xo.gossip.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    18
    За 1 месец ќе правиме роденден и крштевка дали треба да нарачам една или две торти.
    Планот е таа за роденденот да биде на 2 ката, да не биде премногу ако се две?
     
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    7.613

    нема правило, кој како сака си прави, обично кумовите купуваат торта за крштевка, барем кај нас така беше
     
  5. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.687
    Допаѓања:
    8.640
    Ми помина крштевката,ама ме чисто интересира кој беше присутен на крштевката кај вас во црквата?

    Кај мене една могу блиска пријателка остана навредена оти не сум ја поканила во црква,а не знаев дека може да се викаат повеќе луѓе.Јас мислев доаѓа само фамилијата.
     
  6. BookLover33

    BookLover33 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2026
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Koj saka moze da dojde vo crkva ne treba posebna pokana,bar kaj nas e taka.
     
    На fairy88 и Yannnaaa им се допаѓа ова.
  7. Yannnaaa

    Yannnaaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2025
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Точно, нема ограничување на бројот на присутни во црква.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.667
    Допаѓања:
    5.155
    Пол:
    Женски
    Кај нас на крштевката, и во црква и во ресторан, беа поканети само најблиските. Пријатели, другари, другарки викнавме само на мекиците.
    Си сакала интимна крштевка со најблиски, така си направила. Ете, и не си знаела дека може и други да дојдат. Кој сака да се лути, нека се лути. Твое право е како ќе ја организираш прославата.
     
    На MeowMeow и fairy88 им се допаѓа ова.
  9. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.687
    Допаѓања:
    8.640
    Па не сум знаела и за првото не ја викав најдобрата другарка ни маж ми најдобриот другар.За второто направивме мала крштенка,и ги викнавме ептен блиските,ама мм го викнал другар му во црква,јас другарката не.Оти претходно се договоривме домашните во црква другите ќе дојдат во ресторант.
    Демек не сме се разбрале и го поканил.И како ќе се извинам моја грешка,ама што е за право другарката се лути на мене,демек зошто и другарите да не дошле што ќе сметале.А,јас не знам за крштенките дека и други смеат освен кумови и фамилија.
    Испаѓа он си го цени другарот, јас не.
    Оти само домашни со кумови бевме преку 15 луѓе
     
  10. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Јас не разбирам пријатели блиски што се лутат за вакви работи. Да, може е глупо што искочило така да дојде другарот на сопругот, а твојата најблиска другарка не. Ама општо за тоа кого јас ќе поканам на крштевка дали само најблиски роднини или и пријатели, е моја работа и нема кој што да кажува дали ќе сметал, да се става сам, да се објаснува зошто треба да дојде или да се лути.
    А зависно од црквата, не знам каде сте правеле ама некои се баш мали простории како пример Св. Јован во Капиштец каде што сум присуствувала и не е баш за викање повеќе луѓе.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.748
    Допаѓања:
    16.069
    Пол:
    Женски
    Дали може да крштева и венчава кум кој е разведен?
     
  12. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.787
    Допаѓања:
    8.372
    Moze za krstevka e bitno kumot da w krsten samo
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Предлог место за прв роденден и крштевка, да не е со изгор цени?
     
  14. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ние правевме Дион делот каде што има внатре мала игротека.Цените се ок .
     
  15. xo.xo.gossip.girl

    xo.xo.gossip.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    18
    Што се треба да се понесе за крштевка? Дали треба и извод од родени на бебето или нешто слично? Ако може да ми кажете се што сте понеле со вас
     
  16. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    2.369
    Пол:
    Женски
    Извод од бебето, пешкир, сапун и зејтин носат родителите. На денот на крштевката кога ќе стигнете во црква попот ќе ги повика таткото и кумот да платат и ќе го земе изводот. Кога ќе идете да закажете ќе ви дадат лист со листа што се треба родителите и кумот да носат.
     
  17. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    2.369
    Пол:
    Женски
    Сите ресторани имаат мени за крштевка отприлика се од 1150 па нагоре зависи што сакате од јадење и пиење. Ние правевме во муровска меана плативме 1250 по лице, имаат надвор игротека, храната е солидна и количините беа солидни, се служи на овали не по лице ама така е секаде за крштевка. Имаше жива музика, има простор за да ставиш балони или нешто слично за декорација.
     
  18. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Не е така секаде, Ореов Лад и сл имаат и мени по порции.. тоа не пишав дека сакаме порцијашки. Најдовме 3-4 ресторани до сеа што не ограничуваат бројки
     
  19. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    2.369
    Пол:
    Женски
    Може. Не знам. Ние кога баравме вакво мени ни нудеа. Можеби дека така е поевтино. Да пробаш да прашаш во она на Аликас love се викаше сега мислам дека е сменето тоа е за помалку гости.
     
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.967
    Допаѓања:
    20.266
    Ореов лад бев на една крштевка ужас од услуга. Гладни останавме, накај 13ч почна, они пошто не може да постигнат веројатно ручекот накај 17ч го донесоа. Веќе спремни да си одиме и ај што не беше ни убаво на вкус... од таму во сити мол бевме да јадеме.. луѓево толку пари дадоа за џабе