1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    што е потребно кум да носи во црквата за крштевка,адети и колку се плаќа?
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Носиш свеќи кои мора да се купени од црква, а потоа ако сакаш можеш и во цвеќара да ги однесеш да ги украсат. Носиш бањарче и облека за детето, треба да го облечеш од глава до пети (боди или маичка со гаќички зависи колку е големо детето, холахопчиња или чорапчиња-зависи од времето т.е. месецот кога се прави крштевката колку е ладно, некое комплетчи, чевлички и ако сакаш и имаш пари обично се купува и јакничка).
    Адети...па кумот го држи бебето/детето цело време додека трае крштевката, Попот нели си пее молитва и цело време ќе Ви кажува што и како да правите....да се вртите околу кадичката, да се поклоните три пати, да повторувате дел од молитвата по него и тоа...нема некои адети.
    Што се однесува до плаќањето во црква и тоа е различно, ако не се лажам нема точно утврдена тарифа, се сеќавам само дека плаќа таткото и кумот, а колку беше не знам точно, ама сигурно 1000 ден., а може и 1500. Не ме фаќај за збор.
    Ако има уште нешто за тоа ќе Ве известат родителите, Попот нив се` ќе им каже кога ќе се договараат.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    уште едно прашање, можно е да дечко ми да е втор сведок (зависи од едно негово патување,дали ќе е тука или не), он како втор сведок нема никакви обврски, или има?
    -јас колку што знам нема...но ете да си прашам
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Како втор сведок? Втор кум?
    Извини ама не те разбирам, за нашата крштевка (на ќерка ми) имавме кум и кума и толку, а за втор сведок навистина не знам....сепак мислам дека ако се работи за заменски кум/сведок тогаш нема никакви обврски. Првиот кум (иако за ова првпат слушам) се` си сноси, сите трошкови и сите адети.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    другарка ми ми кажа, кај нив адетот бил наместо старосватица втор сведок во матично е партнерот на кумата(или кумот)
    е сега утре здравје(до година), јас ќе го крштевам детето,па ме интересираше дали и дечко ми би имал некои обврски? :)
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Штом ти го крштеваш детето тогаш ти си кумата и ти си имаш обврски, ти си плаќаш во црква, ти купуваш свеќи, ти си го облекуваш бебчето итн., а дечко ти како твој партнер и придружник нема никакви обврски. Во случајов ти си главна.

    А во матично немате никакви обврски освен тоа што се потпишувате како сведоци во Мат. книга на венчани, знаеш треба да си носите лични карти.
     
    На crazylady и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    добро а тоа злато, торти се носат за крштевка или...... ?? морално е или не ајде кој крштевал нека каже што носел или што добивал
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Се` се носи ако сакаш т.е. ако имаш, колку ти е чергата толку и ногата ќе си ја пружиш. ;)

    Ние добивме од кумовите и торта и злато (обетчиња).
    Значи нас во помало бовчиче кумата ни имаше ставено бањарче за во црква и алишта за малата (да го облече детето од глава до пети после бањањето).
    Е сега во друга бовчичка можеш да ставиш и др. работи ако имаш пари нормално-пр. постелнина, ќебенце, некое комплетче, колекција за детето, играчка итн. итн.... значи ако имаш средства, а ако не доволно е и тоа што ќе го однесеш само за после бањањето. Би требало и јакничка и чевлички, ама пак ќе пишам-кој колку има, нема тука срам -не срам.

    Кај нас е обичај и кумашинот да ги дарува кумовите....на некој начин како при свадба, нели невестата ги дарува кумовите, а кумот купува поклон за свадбата или дава пари...е па и при крштевка пак имавме на ти го-дај ми го, што според мене е малку глупаво затоа што јас спремав 4 бовчи кои многу повеќе ме коштаа отколку што нив (кумовите) целата крштевка, ама тоа е.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Еве сега зборев и со мајка ми, они кога биле кумови, биле дарувани од родителите на бебето.
    Инаку знам дека лани снаата на дечко ми исто така ги даруваше кумовите и старосватицата на крштевката на малото.

    Инаку, тоа за торта јас колку што знам си ја купуваат родителите, а тоа дека треба подарок е ако можеш-ако сакаш, може,злато,сребро,точаче...било каков подарок-тоа не е задолжително.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Точно така, и јас сите ги дарував.
    А торта имав и јас затоа што во ист ден правевме и 1 род., па така се погоди да имаме две торти.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Ние кај што сме кумови, годинава крстевме 3то дете.
    Како што кажа Лолита, за во црква спремаме помало бовчиче, детето да се облече од глава до пети (боди, хулахопчиња, блуза, фармерки, кондурки, бањарка...). На страна тоа, спремаме поголема бовча исто со бањарка, ќебенце, панталонки, блузичка некоја, трењерчиња, јакна, бебешка колекција и некое играче.
    Торта даваме. Злато исто така.
    Покрај ова другите давачки на кумот се свеќите и плаќањето во црква (околу 1000 ден).
    Обично не даруваат и нас, ама тоа е симболично, дури и многу е на таа немаштија на кумашините.
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.400
    Ние па ептен неформално поминавме за крштевките на децата.

    Немаше ни алишта купивање, ни ништо, од кумот беше само трошокот во црква. Ние направивме еден ручек дома, и ги викнавме тие што беа во црква (лепо друштво). Се решивме да биде дома пошто домата ни е многу блиску до црквата, и плус за исти пари може да се направи многу поозбилно ѓезме.

    Кој да ти ги знае адетите, сите титови пионери, а родителите комуњари :D

    Е за мојата крштевка бевме во кафана, ама тогаш живеевме во викендица, прилично далеку, и плус немаше место за голема софра. Исто така немаше некои бовчи, ама кумата (другарка ми) ја третирав исто како старосватицата на свадба, значи кога беше свадбата - што за едната, тоа за другата. Тоа крштевка и свадба кај мене беше во рок од 2 месеци.
     
    На crazylady, AIT и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ние во скоро време ќе правиме крштевка на ќеркичката. Кажете ми на кого се се купува бовча? Едни велат само на кумовите, други и старосватови, па девер, па свекор свекрва??? Абе аман со ова бовчиве од каде излегува ова дека сите живи пак се даруваат?! Ајде кумовите крштеваат ама другиве?! Ај ве молам пишете ми :) И кажете ми одприлика што се дарува. А за ние, мислам дека нема дарување, едино мислам на бебето дека кумот треба да му земе некое парче облека да се облече во црква. За друго не знаев дека дарува? Информирајте ме :) Инаку ќе правиме во ресторан, премногу ми се гости дома. Доволно беше за младенци дома што се намачивме. Во црква кој се плаќа?
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    girl1985, јас колку што знам и колку што сум одела по крштевки сегде се даруваат само кумовите и старосвато/старосватицата.
    Тоа девер,мајка татко,свекор свекрва -НЕ!
    Точно е кумот треба да купи свеќи,пешкирче и облека за бебето, а подарок ако сака-не е задолжително, а и колку му се може.
    Инаку колку што знам во црквата за крштевката плаќаат родителите и кумот што крштева.
    Оклу 1000/1500, најубаво е да отидеш во црквата да си прашаш и таму точно ќе ти кажат.
     
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    И јас се изнервирав коа чув девер, па свекор, па свекрва? Абе аман? Па се знае кои биле сведоци и кумот нели крштева и така си планирав. Коа ми кажаа се изненадив? Епа ако е така, стар обичај е во ресторан свекорот да плати. Ќе плати? Јеа рајт :))
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^дарувај си ги сведоците, за адет, за бериќет,како што си е редот...и мува да не те лази.Ако на тебе и партнерот тоа ви одговара,ич не се замарај од тоа рекла/казала. ;)
     
  17. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Gril1985 првен да ти е жива и здрава керкичката да си дочекате и свадба да и правте :)
    Јас колку што знам се купува исклучиво на кумовите, ни старосвати не, и по логика кога ке идеш они немаат никава функција во крштавањето.
    Кумот е тој кој го има главниот и целосен чин.
    Е сега околу поклоните сегде си е идивидуално ,кој колку има и колку може, а пак ако сте блиски со комовите уште поубаво е да си ги прашаш можеби ке си имаат некоја желба за нешто за домот пример, да не ги даруваш сите посебно со облека или нешто сл.
    За кумот знам дека треба да ти го облече бебушот комлет од црква.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Се дарува само кумот, ако е женет и кумата и децата -ако има. По стари селски обичаи е да се дарува и старосват, девер... Ако сте ептен блиски договорете се, обично нешто лично за нив се зема или пак некоја работа која ќе биде заедничка за во куќата.
    Кумот го облекува детето и дарува со нешто од злато - за здравје (ако има, мада и немора), носи торта за во ресторан и свеќи.
     
  19. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81
    Јас имам 16 години и сеуште не сум крстена, не ме крстиле моите коа сум била мала од незнам кои причини блабла и работава се одолговлече. Мислам дека е редно време да се крстам бидејќи сонувам многу чудни работи цело време како да сум во некоја агонија и плус бев кај една жена да ми гледа на кафе и првин ме праша дали сонувам чудни работи и ми рече дека не е воопшто убаво и ми рече одма да идам во црква, и искрено заплашена сум и сакам побрзо да заврши таа работа. Ако има некој запознаен да ми објасни како идат овие работи бидејќи со кумовите не сме во контакт а и сето тоа сакам да се заврши без кумови ручеци и сите остали церемонии бидејќи стварно мислам дека се непотребни трошоци. Што треба да се однесе во црква, дали може 'сведок' или незнам како да наречам да ми биде роднина од најтесниот круг на семејството, колку чини 'крштеницата' и дали има некои други трошоци? Не сме во најдобра финансиска состојба и несакам да им отежнувам на моите :) ви благодарам однапред.
     
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас не сум правела крштевка за син ми ,а веројатно нема да правам ни за ќерка ми.Доколку некогаш се одлучиме за нешто такво искрено јас би ги скокнала сите овие обичаи ,затоа што мислам дека е претерување или пак би ги свела на минимум односно би се договорила со кумот подарок да биде да речеме само една блузичка затоа што ми нема логика ,а и нехумано ми е некој да треба да си ја даде цела плата затоа што јас сум решила да крстам дете. Од сите овие обичаи и вакви и онакви плаќања на оваа немаштија на луѓето веќе им е страв да прифатат кумство.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.