1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крштевка

Дискусија во 'Бебе' започната од soncicko, 6 февруари 2011.

  1. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Ние правевме крштевка за ќерката во неделата. Еве како одеа работите. За в црква кумата си носи алишта да го облечи малото цело, од памперс, боди, чорапчиња, капче, горен комплет, крпа и свеќи. Мајката треба да даде дар во црквата крпа и сапунче. А треба кумот да носи и крштално да се види дали тој е крстен и извод од родените на бебето. Платија и кумот и мажот ми по 1500 ден. А за дарувањето, тоа е индивидуална работа, зависи од блискоста и материјалната страна од двете страни. Нас кумот ни е близок другар. За првото дете ни дадоа златно белезиче, бовчалак со алишта, со јорганче итн. а бидејќи крштевката беше рано го донесоа и главниот поклон креветчето. Ние им дадовме слика на платно од академски сликар, за кумата саат своч, и комплетче за детето. За вторава крштевка, бидејќи тие многу се отќестуваат, сакавме пак да биде некој голем поклон и им зедовме машина за садови, а за малата мантилче. Класични бовчалаци со алишта не правев, некако ми е поодминато времето за тоа. Тие на бебето му дадоа златни обетчиња и столче за хранење. Ни предложија неколку работи и бидејќи немавме столче тоа си одбравме. Кумата донесе и торта. За во кафана сами си плаќавме, бидејќи сме делени и финансиски независни па сами одлучувавме како ќе биде. А беа поканети малку души, кумот, мајка, свекрва, девер, брат и еден другар, се на се 15-20 мина. И подобро така, на сите да им посветиш внимание, отколку гужви. Мислам подобро парите да се дадат во поклонот, отколку да каниш тетки - стрини кои ги гледаш еднаш годишно. :)
     
    На crazylady, pamelche и Annath им се допаѓа ова.
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Извини ама јас навистина не го разбирам поклонот машина за садови ???? Стварно не разбирам зошто вака почнале да се комплицираат работите.Јас премногу не ги знам правилата за крштевање,ама па од она што го знам сите тие дарувања треба да бидат симболични и да се дадат на самиот чин,а не пред или отпосле(верувам дека вие машината не ја носевте во црква),значи таа размена се врши во самата црква .Искрено почнува да ме нервира ова искривување на обичаи ,адети се со цел да се покаже некој статус во општеството или народски кажано перчење.Кумовите и кумашините повеќе внимание посветуваат на поклоните отколку на примарното ЧИНОТ НА КРШТЕВАЊЕ ,мислам стварно нема логика!!!
     
    На crazylady, pharmacy, НаталиЛили и 2 други им се допаѓа ова.
  3. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Никаде не пишува правило што и каде треба да се дарува, важно е да се дарува кумот, ние сме ептен блиски пријатели со кумовите и така си одлучивме, ете ни се нашле многу пати во животот, ни помогнале и сакавме на некој начин да се заблагодариме и материјално, крштевката ја видовме како повод. Никаков статус не покажавме, баш и со тоа што никој и не знае освен домашните што им подаривме, како што пишав и на самата крштевка бевме само домашните, ако сакавме да се правиме кој сме што сме, ќе поканевме 50 - 100 души, па ќе имаше кој да раскажува леле тие и тие каква крштевка направија, рекла казала, трачарски муабети ќе имаше до стоедно и назад. Ниту сугерирав какви подароци треба да се даваат, ниту искоментирав дека што треба или не треба, малку е или многу е некој што подарил или добил. Тоа е индивидуално, кој како си замислил, како што пишав и погоре, зависи од материјалната страна, од блискоста со кумот, а и од адетите, кои се разликуваат од место до место. Ниту пишав да се фалам, па овде никој не знае која сум и од кај сум, туку пишав да го споделам моето искуство, можеби на некој ќе му помогне и ќе му даде идеја. :)
     
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Искрено доколку моите кумашини ми понудат некој скап и голем подарок за било што не само за крштевка јас не би се почувствувала убаво и најверојатно би го одбила. Она што јас го правам за нив во однос на помош и наоѓање во одредени ситуации ,го правам затоа што ги сакам и затоа што сакам да го направам тоа.За некои работи не треба одолжување.Тие доволно ми укажале чест со тоа што не одбрале за нивни сведоци односно кумови.
     
    На crazylady, Hellen, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Според мене е претеризам толкави подароци да се носат, и тоа дарувања злата и глупости.
    Се знае поклон колку за адет,бериќет.
    Уште малце ќе чујам може и спална соба на некога да се купи :worried:ekrsti:
     
    На crazylady, pikolino, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Баш и јас размислував и околу ова прашање т.е околу дарувањето и искрено да си кажам дека здравје Боже за наредната крштевка немам намера да се трошам толку како претходната.
    Прво ќе поканам само кум и старосват со семејствата нормално и нашите родители и сестри. Толку, никој друг, ние сме доволно.
    Што се однесува до дарувањето и тоа овојпат ќе биде скромно, ми се врткаат идеи како бањарки, пижами или пак постелнина на пр. за децата. Немам намера да се расфрлам.
    Вака ќе постапам затоа што при првата крштевка фино лепо сите ги прашавме што сакаат т.е. што им треба па да им купиме, и нормално им ги исполнивме желбите, а нас никој не не` праша дали нешто нас ни фали за малата. Секој си донесе што сака т.е колку што имал намера да се потроши, без никакви прашања.
    Е па овојпат и јас нема да прашувам.
    Битно ми е детето да се крсти, а ако нив им се битни поклоните баш ми е евентуално.
     
    На crazylady, pikolino, AIT и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Еве вчера бев кума на крштевка.
    Бидејки касно не известија(По ничија вина),ден претходно,се јавив кај мајката да ја прашам околу облекувањето на бебето во црква.Ми рече дека се си купила,најбитно е ние да отидеме и да го крстиме бебето.Да не се купува облека за џабе и така брзо ја израстуваат.Добро.И однесов злато,торта и играчка.После црквата, отидовме на ручек,само нивните најблиски,баби дедовци,браќа и сестри со семејствата и ние кумовите.

    Тие нас многу не испочитуваа,а ни подарија есцајг преубав,нешто што сите дома ќе го користиме.Ова ви го кажувам како идеја,за тие што планирате наскоро да си ги крстите децата.Е сега не е машина ,ама е убаво и пристојно ,за сите.
     
    На crazylady, AIT, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Со оглед дека треба набрзо да се породам а и бебето според обичаите од страна на сопругот треба да се крсти на 40 дена усте сега мислам што треба да купам за кумовите ,дали да биде еден заеднички поклон или секој пооделно ,јас сакам само кумот и моите и родителите на сопругот да бидат на крштевката бидејки и бебето ке биде уште мало па здравје поголема прослава да биде на неговиот роденден.
    Само не ми е јасно дали и старосватот треба да присуствува или не е задолзително ,и дали и него треба да го дарувам миљон прашања во глава ми се вртат а знам после нема да можам да излезам да шетам па затоа си викам барем со време да одлучам што треба да се земе.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    И ние конечно го завршивме ова, се организиравме за помалку од една недела. Прво планиравме со кумот за септември, ама кумовите разговарале меѓусебно и решиле кумата да дојде да го завршиме и тоа. Поминавме со плачки, саботата беше можеби најжешкиот ден во годината досега (или можеби само мене така ми се чини), детето се уби од плачење и одвај го додржав, се буташе во мене како лудо, не сакаше никој друг да го држи, а да не зборувам какви плачки имаше кога го виде попот :D
    Како и да е, помина, а за дарови, купивме симболични дарови, постелнина и големи крпи (пешкири) за кумот и кумата, бањарки за децата и голем пешкир за старата кума. Не сакавме да правиме големи фешти, беа само најблиските: моите, родителите на мојот сопруг, брат ми, снаа ми и малечките, золва ми со ќерката, и секако кумата. И толку.
    Не мислам дека треба да се расфрламе со пари, ниту ние, ниту кумовите, ако веќе некој сака да дарува нешто, може да се договорат и двете страни.
    Кумата треба да носи свеќи и да даде дел од парите за крштевката, дел да дадеме ние, а исто треба да се носи пешкир и сапун за попот, исто и шише масло. Ама малку ми е глупаво тоа што се одредува конкретна цена за крштевката како за венчавката - море општо ми е глупав ценовникот што го има црквата за црковните обреди. Не ми е за парите, ама има луѓе кои скршен денар немаат, а сакаат да си го крстат детето, и слично. Дали треба да се задолжуваат за тоа?
     
    На crazylady и DeMelo им се допаѓа ова.
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Јас сум правослаавна христијанка , мм е евангелист . Кога дојде прашање за детето се иѕјаснив да биде по мојата вера. не се бунеше пошто и така не верува многу по црквите *
    Денес се заангажирав и најдов православна македонска црква овде во Германијата :D :D :D
    Во моја близина нема maкедонска има српско . грчка руска.... :)
    Датум немаме закажано ... Попот има годишен одмор до август па ке планираме тогаш :lol: :lol:

    Неговата фамилија сакаше детето да се крсти во нивна црква ама јас упорна
    Иначе во црква ке одиме мм јас детето и сведок * и секако ако сака и неговата фамилија*

    ;)
     
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Во недела сме на крштевка во друг град. Ги купивме сите работи потребно за бебето да се облече: фустанче, боди, чорапи, кондурчиња, трака за коса, ехее како сме ја средиле како принцеза ќе биде. :)
    Имаме спремено бовча, а за во црква пешкир и простирка за да имаме каде да го облечеме.
    Ме интересира што треба да се прави во црква, како е редот? Ве прашувам зошто јас ќе го крстам, па да не се обрукам таму. :D
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ти ќе го држиш малото, и попот ќе ти кажува што треба да правиш, не се секирај ;)
    Моја препорака - ако ја облекуваш малата од глава до пети, испери ги алиштенцата... мене шубе ми беше кога в црква го облекуваше кумата, не ми текна да и кажам да ги исперевме алиштата. Одма му ги слеков, јас лично не носам неиспрани алишта, камоли малиов да го облекувам.
     
    На crazylady и Breezy им се допаѓа ова.
  13. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Испрани се, се е стокмено. :)
    Викам подобро да си прашам што треба да се прави зошто многу често знам да се сплеткам во такви ситуации, пуста јас!
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^убаво е што си си прашала,да си знаеш барем основни работи. И ти советувам да не се замараш многу што и како ќе биде дали ќе си згрешела ова,она...верувај попт се ќе ти каже како и што треба
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    мене ми треба друга помош...сестрами го крштева детето.има 3 месеци....што да му купам поклон?веќе сите му купуваат облека,,сакам нешто друго,,само не злато...ве молам за совет ако можи...
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Па прашај ја сестра ти, се надевам доволно сте блиски и ќе ти каже што и` треба. :)
    Идеи...релаксатор, транспортер ако и` треба, количка, точаче (рано е за точак ама ај како идеја), дубалче...прашај ја, сепак сестра ти е.
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Ако имаш можност купи му на бебето столче за хранење, многу ќе и се најде на сестра ти, ќе го користи со години, може релаксатор, ако не купи и некоја колекција прибор за јадење, чинивче со лажиче и чаша за пиење, колекција шишиња со различна грамажа од некоја убава марка и сл.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    hrizantema007......лулашка,релаксатор,точачињана со рачка,количка на акумулатор,коњче....
     
  19. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42

    ова со столчето ми се допаѓа,добра идеја....а знае ли некој какос е движат цените на овие столчиња?..само ова го нема,друго се си има купено со време хех


    akoја прашам ќе ми каже ништо не земај,,вака,,така,,а и нема да биде изненадување ако и кажам...хех..се си има купено таа,,затоа сега нема што да и купам..а само точаче нема,,сега и з атоа се мислев,,па ај ќе видам како им се движат цените...не верувам да се многу скапи,ама подобро прво да видам
     
  20. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    228
    за да и олесниш можеш количка за бебе или ако сакаш за коа ке потпорасне некоја кујна фризерски салон од игрцките големи гараза ако е машко или од тие точоците што се за возење ама и друг може да ги турка